MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 Образовниот процес во населеното место Стојаково датира многу одамна, од почетокот на 60- тите години од 19 век кога било отворено патријаршиско училиште и работело само во топлите месеци од годината, а наставата се одвивала во црковниот трем.

Во 1870 година отворено е првото народно училиште со околу 80 ученици. Во 80 – тите години од 19 век училиштето прераснало во про-гимназијално училиште во кое учеле и деца од околните населени места. Од 7 ноември 1944 година училиштето работело како третокласно про-гимназијално училиште под името „Кирил и Методиј“ и наставата се изведувала на македонски јазик, а во учебната 1952/53 година, училиштето прераснало во осумгодишно училиште.

Денеска ООУ„Кирил и Методиј“ Стојаково е модерно современо училиште кое се простира на површина од 2700м2 со одлични просторни капацитети, модерно опремени училници, училишна библиотека со фонд кој континуирано се зголемува, новоизградена спортска сала со површина од 1200 м2, хортикултурно уреден и комплетно ограден училиштен двор.

Во состав на ООУ„Кирил и Методиј“ Стојаково работи и подрачното училиште во населеното место Селемлија каде се реализира настава до петто одделение

 

 

 

 

 

 

 

 

Работно време:

Пон-Пет: 07:00 – 19:00ч.

Сабота-Недела: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.



 

 

 

Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 18:00
Недела не работиме!
 

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org