MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Mанастирска црква „Свети Наум Охридски – Чудотворец“ – Радишани

Monday, 19 October 2020 13:16
Rate this item
(1 Vote)
 Mанастирска црква „Свети Наум Охридски – Чудотворец“ – Радишани  е изграденa на местото на старата црква, во месноста наречена Жегровец, од левата страна на реката Серава. Камен темелникот е положен на 30.08.1990 година, од неговото блаженство Архиепископот г.г. Гаврил кој, по свое завештание, заедно со неговиот наследник, Архиепископот г.г. Михаил, се погребани во припратата на црквата.

Камбанаријата е обновена во периодот 2016 - 2017 година, и осветена од Архиепископот г.г. Стефан на 8. април 2017 г. (Лазарева сабота). Во истиот период (2016-2017 г.) е обновен стариот конак, изграденa e нова крстилницa, а во трпезаријата и храмот е исликан прекрасниот фрескоживопис од зографската тајфа „Св. Наум Охридски“, која ја сочинуваат шестмината  млади македонски иконописци.

Сите зданија при манастирскиот комплекс се изградени и украсени со финансиски средства на Скопската православна епархија, со усрдна помош на бројни жители на Радишани, но и со посебен придонес од отец Методиј (Петров), игумен при Валаамскиот манастир, кој штедро помогна во изградбата, фрескоживописот и украсувањето на манастирскиот храм и комплекс, за што од страна на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски                            г.г. Стефан е награден со одличијето „медал Архиепископ Доситеј“                        

Во дворот на црквата тече извор на лековита („чудотворна“) вода и тоа посветена на „Света Петка“, „Света Недела“ и на „Празникот Преполовение“.

Храмови слави се празниците посветени на свети Наум Охридски (5/23. јануари и 3/20. јули) Света Недела, Крстовден и Томина недела.

 
Работно време:
Пон - Саб:  08:00 - 16:00
Нед: Не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Read 421 times Last modified on Monday, 19 October 2020 13:29

Image Gallery

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org