MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Про Колект

Monday, 13 July 2020 13:17
Rate this item
(1 Vote)

logo

ПРО КОЛЕКТ ДООЕЛ Скопје е основан во средината на 2006 година и остварува одлични резултати на подрачјето на вонсудска наплата на долгови и побарувања како и на изработка на бонитетни извештаи на правни субјекти во земјата, а со изградената мрежа на сестрински фирми на територијата на ЈИ (Југоисточна) Европа е активно вклучен во системот на истоветни агенции во целиот свет.

Основниот ПРО КОЛЕКТ Љубљана, основан од државата во 2004 година, иницираше изградба на вистинска мрежа која денес има свои фирми под истото и препознатливо лого во Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Романија, Бугарија и го обезбеди своето присуство и делување на територијата на Косово, Црна Гора и Грција. Со тоа ПРО КОЛЕКТ Групата стана вистински експерт во својата област на територијата на цела ЈИ Европа а преку поврзувањето со меѓународните асоцијации за наплата, обезбедува свое делување и дава услуги на своите клиенти низ целиот свет.

ПРО КОЛЕКТ со својата мрежа активно се вклучува и учествува во светската мрежа на агенции за наплата на побарувања, која постојано расте, со цел на нашите клиенти да им ги обезбедиме нашите услуги кои во овој момент ги нудиме во над 120 земји од сите континенти на светот.

Основната причина за формирање на ПРО КОЛЕКТ Групата која создаде мрежа со сите свои членки, е на своите клиенти да им овозможи на најстручно можен начин специфичен пакет на услуги и тоа првенствено во посредувањето на наплата на долгови, изработка кредитни-бонитетни извештаи, менаџмент консалтинг, помош во судските процедури а истотака и помош за основање на фирми во земјите на ЈИ Европа.

 

fb Instagram

Read 274 times Last modified on Friday, 07 August 2020 12:21

Image Gallery

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org