Музеи | Театри

Почетна :: Музеи | Театри

ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНО БОГАТСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

Древниот Охрид, жив сведок на културното натпреварување на цивилизациите кои оставиле траен печат за нивното постоење и престојување во овој регион, доминира на Македонскиот брег на Охридското Езеро, горд на својата милениумска историја што го прави еден од најстарите градови на Балканот.

Неговите сегашни жители, кои имаат привилегија да живеат во оваа еколошки чиста средина богата со културни вредности, љубоморно ги чуваат и негуваат вековните традиции и од секогаш несебично го споделуваат своето огромно културно-историско наследство со бројните туристи од целиот свет.

Само во поширокиот регион на Охрид има над 250 археолошки локалитети од неолитскиот период, преку антиката па сè до доцниот среден век, потоа, повеќе од 50 цркви и манастири, од V до XIX век, тврдини со бедеми во должина од над 3.000 метри, околу 60 објекти од старата градска архитектура и повеќе од 2.500m2 средновековни фрески и околу 1.000m2 подни мозаици.

Движното културно наследство е застапено со повеќе од 2.000 икони од периодот од XI до XIX век, 119 грчки и словенски ракописи, пишувани на пергамент и хартија, 39 глаголски епиграфски споменици, околу 1.500 ретки и старопечатени книги, како и повеќе илјади други музејски предмети-археолошки, нумизматички, етнолошки, историски документи и дела од современата уметност.

Заради извонредните универзални природни, културни и историски вредности кои се огледаат во вековната синтеза на исконската природа и древното градителско наследство, одамна познато и признаено во светот, Охридското Езеро и градот Охрид со сето свое културно наследство се ставени на листата на Светското наследство на УНЕСКО.

Најпрвин, во 1979 година, Комитетот за светско наследство одлучи во листата на светско наследство, под природниот критериум (III), да влезе и Охридското Езеро, односно делот што ѝ припаѓа на Македонија (тогаш во рамките на СФРЈ).

Наредната, 1980 година, Комитетот одлучи да го прошири заштитеното подрачје на Охрид вклучувајќи ги и културните и историските вредности, според културните критериуми (I), (III) и (IV), под името "Охридскиот регион со неговите културни и историски аспекти и неговата природна околина." На барање на Република Македонија, на Триесеттата седница на Комитетот за светското наследство, во 2006 година, името на заштитеното подрачје на Охрид е изменето во: "Природното и културното наследство на Охридскиот регион".

Пон - Пeт: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.muzejohrid.mk

fb Instagram

 

 

11897132 1642079282728219 348442582 n
 
 
Историски развој на НУ Конзерваторски центар – Скопје и негови надлежностиСкопје и околината изобилува со значаен споменички фонд од разни временски периоди и култури, а неговата заштита претставува посебен интерес. Спомениците на културата се сведоштво на човечкото постоење и творење, а нивните пораки побудуваат научен, културен и се поголем туристички интерес.Со цел да се зачуваат за сегашните генерации, да се заштитат спомениците на културата и во сета своја изворност да се пренесат на идните генерации  на 19.03.1963 година, Народниот одбор на општината Кале донесува Решение за формирање на Завод за заштита на спомениците на културата “Кале”, со цел да врши заштита на спомениците на културата на подрачјето на општина Кале.На 24.11.1966 година, Градското собрание на Скопје го презема правото на основач на Заводот за заштита на спомениците на културата “Кале” со предходна согласност на Собранието на општина Кале, и Заводот се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје.Во 1978 година по усогласувањето со Законот за здружен труд истиот се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје Ц.О. Скопје.На 21.05.2004 година по донесувањето на Одлуката бр.23-5574/1 од 22.12.2003 година за утврдување на мрежата на националните установи од областа на културата од страна на Владата на Република Македонија и усогласување со Законот за култура, установата се преименува во Национална установа – Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје – Скопје.Последната промена е извршена на 16.05.2005 година кога установата е пререгистрирана согласно Законот за заштита на културното наследство и називот гласи: Република Македонија, Национална установа, Конзерваторски центар – Скопје, со седиште на ул.Макарие Фрчковски бр.8, СкопјеСогласно Законот за заштита на културното наследство установата ги врши следниве работи:
 

1. Ги проучува, истражува и со научни методи ги обработува прашањата од областа на заштитата на недвижното културно наследство;

2. Изработува стручни елаборати за валоризација и ревалоризација на недвижните добра;

3. Изработува заштитно-конзерваторски основи за потребите на просторните и урбанистичките планови;

4. Врши археолошки истражувања на објектите што се предмет на конзервација;

5. Врши конзерваторски истражувања и други истражувачки работи за заштита на недвижното културно наследство;

6. Изработува конзерваторски проекти;

7. Врши стручна контрола на конзерваторските проекти изработени од други овластени правни и физички лица;

8. Врши и организира изведувања на конзерваторско-реставраторски и други работи на непосредна заштита, уредување и презентација на заштитените недвижни добра;

9. Врши конзерваторски и друг вид стручен надзор над спроведувањето на мерките за заштита на недвижното културно наследство согласно со Законот за заштита на културното наследство;

10. Врши стручни експертизи и процена на штета на заштитените недвижни добра;

11. Ја следи состојбата на недвижното културно наследство кое се наоѓа на подрачјето на општините за кои е месно надлежен и за секоја промена на заштитено добро ја известува Управата во рок од два дена од денот на констатирањето на промената.

12. Дава стручна помош на имателите на заштитените добра;

13. Издава публикации и врши популаризација на недвижното културно наследство и негова заштита;

14. Врши непосредна заштита и на движното културно наследство кое му е доверено од надлежната јавна установа за заштита или од друг имател на такво добро;

15. Управува со недвижното културно наследство во државна сопственост, за кое му е пренесено правото на користење;

16. Врши и други стручни работи што му се ставени во надлежност со Законот за заштита на културното наследство како и со друг закон.


Конзерваторскиот центар горенаведените дејности ги врши за подрачјето на општините на градот Скопје (Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром, Чучер Сандево, Чаир, Шуто Оризари, Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани, Сопиште и Кисела Вода).

 
 
 
 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:00
Сабота и Недела: не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


web:

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org