Print this page

Музеј на Македонската борба Featured

Friday, 12 June 2020 13:18
Rate this item
(1 Vote)

Специјализиран историски музеј посветен на патот до независноста на Република Македонија

Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим е проект на Владата на Република Македонија, а реализиран од Министерството за култура на Република Македонија.
Формиран е со Одлука на Влада на РМ од 31 јули 2008 година. Изградбата на Музејот почнала во 2008 година и траела три години. Музејот е отворен на 20 годишнината од независноста на Република Македонија, на 8 Септември 2011 година. Музејот е сместен во објект од 6435 квадратни метри нето површина. Музејските изложбени простории опаќаат 2500 квадратни метри.
Музејот на македонска борба, како специјализиран музеј со историски музејски експозиции, има за цел изворно да ги презентира историските, културните и револуционерните традиции на Македонија и на македонскиот народ во нивната повеќевековна борба за создавање на своја национална држава на Балканот. Музејот претставува документирано, современо и објективно нагледно средство за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија. Преку изложбените експонати се презентирани историските премрежиња низ кои поминувал македонскиот народ во остварувањето на својата слободарска визија, на изворната идеја на македонската револуционерна борба за ослободување на Македонија, обединување и создавање на самостојна и независна македонска држава. Исто така, преку музејските експонати е прикажана голготата низ која врвеле македонските граѓани, на нивниот отпор против комунистичката диктатура, жртвувајќи го својот живот за самостојна, обединета и демократска Македонија.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.mmb.org.mk

fb Instagram

Read 3163 times Last modified on Sunday, 05 December 2021 09:32