Термо-минералните води од природното лекувалиште бања Банско, односно комплексот Цар Самуил имаат уникатни особености и терапевтски ефекти.
Пред сѐ, тие припаѓаат во групата на натриумско – сулфурни, алкални и азотни води кои во себе содржат ретки минерали. Понатаму, ова е најтоплиот термален извор во земјава, со температура и до 73 степени, од голема длабочина и без атмосферски влијанија. Најпосле, лекувачките можности на термо-минералните води се користат уште од римско време, односно од III век.
Поради овие карактеристики, водите од Цар Самуил бања Банско може да помогнат при лекување на следниве состојби и заболувања:
Индикации
• Сите невролошки болести
• Сите ревматски состојби
• Ишијалгија и полиартрит
• Гинеколошки заболувања
• Заболувања на дишните органи
• Болести на органите за варење
• Заболувања на срцето и крвните садови
• Хормонални нарушувања и алергии
• Рехабилитација по скршеници на долгите коски
• Рехабилитација по прележан хепатит