Културни центри | Уметнички галерии

Почетна :: Културни центри | Уметнички галерии

НУ КОНЗЕРВАТОРСКИ

Wednesday, 22 September 2021 13:45
Rate this item
(0 votes)
  • Локација: Скопје
  • Адреса: Ул. Макарије Фрчковски 8, п.фах 328, Скопје
  • Контакт: 02 3163812 | 02 3109401

11897132 1642079282728219 348442582 n
 
 
Историски развој на НУ Конзерваторски центар – Скопје и негови надлежностиСкопје и околината изобилува со значаен споменички фонд од разни временски периоди и култури, а неговата заштита претставува посебен интерес. Спомениците на културата се сведоштво на човечкото постоење и творење, а нивните пораки побудуваат научен, културен и се поголем туристички интерес.Со цел да се зачуваат за сегашните генерации, да се заштитат спомениците на културата и во сета своја изворност да се пренесат на идните генерации  на 19.03.1963 година, Народниот одбор на општината Кале донесува Решение за формирање на Завод за заштита на спомениците на културата “Кале”, со цел да врши заштита на спомениците на културата на подрачјето на општина Кале.На 24.11.1966 година, Градското собрание на Скопје го презема правото на основач на Заводот за заштита на спомениците на културата “Кале” со предходна согласност на Собранието на општина Кале, и Заводот се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје.Во 1978 година по усогласувањето со Законот за здружен труд истиот се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје Ц.О. Скопје.На 21.05.2004 година по донесувањето на Одлуката бр.23-5574/1 од 22.12.2003 година за утврдување на мрежата на националните установи од областа на културата од страна на Владата на Република Македонија и усогласување со Законот за култура, установата се преименува во Национална установа – Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје – Скопје.Последната промена е извршена на 16.05.2005 година кога установата е пререгистрирана согласно Законот за заштита на културното наследство и називот гласи: Република Македонија, Национална установа, Конзерваторски центар – Скопје, со седиште на ул.Макарие Фрчковски бр.8, СкопјеСогласно Законот за заштита на културното наследство установата ги врши следниве работи:
 

1. Ги проучува, истражува и со научни методи ги обработува прашањата од областа на заштитата на недвижното културно наследство;

2. Изработува стручни елаборати за валоризација и ревалоризација на недвижните добра;

3. Изработува заштитно-конзерваторски основи за потребите на просторните и урбанистичките планови;

4. Врши археолошки истражувања на објектите што се предмет на конзервација;

5. Врши конзерваторски истражувања и други истражувачки работи за заштита на недвижното културно наследство;

6. Изработува конзерваторски проекти;

7. Врши стручна контрола на конзерваторските проекти изработени од други овластени правни и физички лица;

8. Врши и организира изведувања на конзерваторско-реставраторски и други работи на непосредна заштита, уредување и презентација на заштитените недвижни добра;

9. Врши конзерваторски и друг вид стручен надзор над спроведувањето на мерките за заштита на недвижното културно наследство согласно со Законот за заштита на културното наследство;

10. Врши стручни експертизи и процена на штета на заштитените недвижни добра;

11. Ја следи состојбата на недвижното културно наследство кое се наоѓа на подрачјето на општините за кои е месно надлежен и за секоја промена на заштитено добро ја известува Управата во рок од два дена од денот на констатирањето на промената.

12. Дава стручна помош на имателите на заштитените добра;

13. Издава публикации и врши популаризација на недвижното културно наследство и негова заштита;

14. Врши непосредна заштита и на движното културно наследство кое му е доверено од надлежната јавна установа за заштита или од друг имател на такво добро;

15. Управува со недвижното културно наследство во државна сопственост, за кое му е пренесено правото на користење;

16. Врши и други стручни работи што му се ставени во надлежност со Законот за заштита на културното наследство како и со друг закон.


Конзерваторскиот центар горенаведените дејности ги врши за подрачјето на општините на градот Скопје (Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром, Чучер Сандево, Чаир, Шуто Оризари, Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани, Сопиште и Кисела Вода).

 
 
 
 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:00
Сабота и Недела: не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


web:

fb Instagram

 

 

Read 1057 times Last modified on Wednesday, 04 September 2024 13:09
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org