MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Според вашите потреби агенцијата за превоз на патници РОМАН, покрај редовните линии организира тури по ваша желба...
Овој вид на организација Ви овозможува потполна слобода во организацијата на патувањето. Вие одбирате со кого сакате да патувате, поаѓате кога Вас најмногу ви одговара, паузирате каде сакате, одбирате возило по ваша мерка со мошност за патување во возила 4+1, 5+1, 12+1, 25+1, 52+1. Сите возила на агенцијата располагаат со луксузни услови за патување. Ова е можност која ги исполнува вашите потреби за патување.

РЕНТА КАР : Уште една поволност која е достапна за Вас со нашата компанија. Покрај можноста за патување со наш професионален шофер, имате можност за изнајмјување на возилата од нашиот возен парк. Цените се достапни и зависат од луксузноста на возилото.

 
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 20:00
Саб - Нед: не работиме
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

fb Instagram

Работно времe
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

Јавната општинска установа (ЈОУ) Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, со своето организирано, високостручно и професионално работење, претставува жариште на културата во нашата Општина, но и пошироко.

Денес, во современи услови на библиотечно работење, Библиотеката се стреми да прерасне во културно – информациски центар и со тоа во целост да одговори на потребите и барањата на корисниците.

Библиотеката е полноправен член на библиотечно – информацискиот систем COBISS-MK, и со тоа овозможено е автоматизирано интернет пребарување низ библиотечниот фонд, а во завршна фаза е подготовката за автоматизирано библиотечно зајмување на библиотечен материјал.

Секојдневно Библиотеката ја следи издавачката продукција, ја креира набавната политика, набавува монографски и периодични публикации и друг непечатен библиотечен материјал (аудио – визуелни и дигитални записи) и врши меѓубиблиотечна размена на библиотечен материјал, при што секогаш се следат барњата и потребите на корисниците.

Во Библиотеката функционира информативна служба преку која корисниците се запознаваат со сите информативни инструменти (каталози, библиографии, електронскиот COBISS систем, тековните, планираните настани во Библиотеката и сл.)

Исто така од 2007 година отворен е интернет клубот (Дигиталниот клуб) на Библиотеката каде што корисниците можат да работат на компјутер, да пребаруваат по електронскиот каталог на библиотеката или да работат на стручни и научни трудови користејќи го библиотечниот материјал.

Во библиотеката библиотечен материјал може да се изнајмува на два пулта, од двата оддели за зајмување и тоа оддел за возрасни и оддел за деца.

Одделот за возрасни секоја година има околу 3000 членови, на кои на располагање им се над 100 000 монографски и над 3000 периодични публикации.

Одделот за деца брои околу 2000 членови годишно на кои на располагање им се над 40 000 книги.

Во двата оддели на корисниците достапна им е секаков вид на литература: Белетристика, сртручна литература, лектирни изданија, енциклопедии, лексикони, сликовници …

Библиотеката располага со богата роднокрајна збирка на литература и ракописи од Прилеп и околината, како и со раритетна збирка.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
webwww.biblioprilep.org.mk 

fb Instagram


Институтот за тутун од Прилеп е eдиница на Универзитетот "Св. Климент Охридски"-Битола. Институтот за тутун врши научноистражувачка, едукативна, апликативна, издавачка, производна и други дејности од областа на тутунопроизводството.

Позначајни области на кои е фокусирана работата на Институтот за тутун се:
- Kреирање на нови, одржување и подобрување на веќе признатите сорти тутун
- Оптимизирање на агротехничките мерки
- Проучување на болести, штетници и плевели
- Одредување на хемискиот состав на тутунот и тутунските преработки
- Следење на процесите на побербената обработка на тутунската суровина
- Проучување на тутунското стопанство од економски аспект
- Денес, Институтот за тутун располага со:
- Управна зграда, каде што се сместени управата, лабораториите, кабинетите и останатите придружни служби.

Стопанската зграда во која се сместени магацините за семенски материјал и за произведениот тутун од опитите и од масовото производство.
Во кругот на оваа зграда постојат две ѕидани и три монтажни сушници за сушење на тутун од типот вирџинија. Во третата зграда која порано била наменета за ферментација на тутунот, денес се сместени:
- Институтот за старословенска култура и Музејот за тутун
- Опитно поле со површина од околу 31 хектар
- Библиотека со вкупен број на библиотечен фонд од повеќе од 4200 книги и 125 наслови на научни и стручни списанија
- Музеј за тутун со стална поставка од 1600 експонати.
- Уметничка збирка од 150 ликовни и скулптирни дела и две макети на стари македонски куќи.
- Метеоролошка станица

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.tip.edu.mk

fb Instagram

Page 3 of 3
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org