Повеќе од 60 години ВВ МИЛЕВ ужива репутација како една од најзначајните компании за модерно лозарство во Македонија.
Денес, компанијата е предводена од следната генерација со јасна и прогресивна визија за успех.
ВВ МИЛЕВ е гордото минато и возбудливата иднина на македонското вино. Заедно со нашата следна генерација, ја продолжуваме традицијата и создаваме нови вински приказни.
Повеќе од 850 ха сопствени лозови насади стратегиски распространети на четири под-региони низ исконскиот Тиквешки регион.
Изложен на Медитеранска клима од југ и континентална од север Тиквешкиот регион претставува динамично поле за работа и производство на вина од различен карактер.
Нашите вина се вкусни и совршени партнери за храна, или специјални пригоди.
Вина со текстура, комплексност и специфична уникатност, кои со секоја испиена чаша ве заведуваат кон нови уживања.
Квалитетното грозје прави извонредно квалитетно вино.
Растено во уникатните почви на регионот Тиквеш , нашето вино потекнува повеќе одсрцето на земјата отколку од вештината на енологот.
Концептот за производство на високо квалитетно грозје во голем дел зависи од нашето разбирање на лозата и долгата историја на одгледување овошје во тиквешкиот регион. Истовремено нашите одржливи природни практики и современиот метод на одгледување придонесуваат дополнително за производство на грозје кое што интензивно зборува за тероарот...
Во винаријата управуваме со внимателна рамнотежа од традиција и иновација, користиме традиционални техники поддржани со современа технологија.
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:00
Саб - Нед: Затворено
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.: milevwinery.com