Универзитети | Средни училишта

Почетна :: Универзитети | Средни училишта

СУГС Никола Карев - Скопје

Tuesday, 07 July 2020 19:30
Rate this item
(2 votes)


За училиштето:
Број на ученици: 1138
Број на паралелки: 32
Образовни профили: гимназиско образование

 

Средното училиште на Град Скопје гимназија „Никола Карев” – Скопје, е основано со Решение на Президиумот на АСНОМ во декември 1944 година како прва Учителска школа во Народна Република Македонија. Ова е важен настан за македонскиот народ кога наставата започнува да се изведува на мајчиниот македонски јазик, дотогаш непризнаван и забрануван.

 Учителската школа борејќи се со многу тешкотии израснува во примарна воспитно-просветна установа. Нејзиното минато е светло и обележано со плодна дејност, а нејзината пeрспектива е уште посветла затоа што е под постојана грижа на нашата заедница.

 Учителската школа „Никола Карев” одиграла значајна улога во културно-просветната политика и во формирањето на просветниот кадар за основните училишта во Македонија.

 За културно издигнување и просветување во Учителската школа се формирале паралелки на албански и на турски наставен јазик. Подоцна, од учителската школа „Никола Карев”, како од матична школа се оформени Учителската школа „Зеф Љуш Марку”, Турската учителска школа, учителско-домаќинската школа „Вера Јоциќ”, Учителска школа за воспитувачи, како и многу курсеви и семинари за оформување и доквалификување на учителски кадар во републиката .

 Од 1963 година Учителската школа се преориентира во Педагошка гимназија која ги подготвува учениците за продолжување на образованието на вишите и високообразовните институции.

 Во 1970 година Педагошката гимназија станува гимназија „Никола Карев” ,

 Во учебната 1982/83 година гимназијата се трансформира во Училиште за средно образование со биотехнолошка струка, а во 1989 година во Гимназија со природно-математичка насока.

 Од 2005 година Гимназијата ,,Никола Карев”- Скопје, работи како средно училиште на Градот Скопје со гимназиско образование од природно-математичко, општествено-хуманистичко и јазично – уметничко подрачје.

Работно време:

Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
webwww.nikolakarevkp.schools.edu.mk

fb   Instagram

Read 2883 times Last modified on Tuesday, 07 July 2020 19:36
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org