Универзитети | Средни училишта

Почетна :: Универзитети | Средни училишта

СУГС Кочо Рацин - Скопје

Tuesday, 07 July 2020 19:18
Rate this item
(2 votes)


Гимназија со паралелки на економско училиште ,,Кочо Рацин" е формирано во далечната 1963г. во монтажна барака од англиски тип која е изградена како временски објект со помош на странските земји кои помогнале на изградбата на Скопје по катастрофалниот земјотрес и е лоцирано во општината Ѓорче Петров.Со реализација на мрежата за насочено образование во 1982/83г. паралелките се од текстилна и кожарска струка.Во 1994/95г. повторно се воведуваат гимназиски паралелки па до денес бројат 19 гимназиски и 12 од текстилна струка.

Планирањето за работата на училиштето е комплексно исто како и самото училиште кое претставува комплексна институција со специфичен карактер и разновидност на активностите. Затоа многу е важно навремено планирање на задолженијата, дејностите и ангажманите за да се овозможи што поквалитетна и поуспешна реализација на планираните цели и задачи. Планирање и остварување на воспитно-образовниот процес според законските одредби и прописи на МОН и БРО на Република Македонија;
- Реално поставување на задачите во согласност со севкупните капацитети на училиштето: материјални услови и човечки ресурси;
- Конкретизација на задачите и обврските на наставниците и учениците;
- Континуирана анализа на наставниот процес, преку активна соработка на стручните активи, педагошко – психолошката служба, училишниот одбор и Директорот на Училиштето.

Работно време:

Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.sugskocoracin.edu.mk

fb   Instagram

Read 2381 times Last modified on Tuesday, 07 July 2020 19:29
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org