Недвижности

Почетна :: Недвижности

Јавното комунално претпријатие „БРЕГАЛНИЦА” од Делчево е основано заради трајно и непрекинато вршење на комуналната дејност, која е од јавен интерес. Неговата работа е јавна, транспарентна и претставува незаменлив услов за животот и работата на граѓаните на територијата на Општина Делчево.
 
Тоа е основано со Решение на Собранието на Општина Делчево број 01-4476/1 од 10.11.1966 година, како „Установа за комунални услуги” и е запишано во судскиот регистар со Решение на Окружниот стопански суд во Штип, Ус. Бр. 122/66 од 22.12.1966 година.
Во 1973 година, со Решение на Окружниот стопански суд во Штип, ФИ Бр.395/73 од 28.12.1973 година, Установата за комунални услуги „БРЕГАЛНИЦА” е конституирана како: Комунална организација на здружен труд „БРЕГАЛНИЦА” Делчево. Во 1989 година, со Одлука на Собранието на Општина Делчево број 0101-924 од 27.11.1989 година, Установата за комунални услуги на здружен труд, е организарана во форма на: Јавно комунално претпријатие „БРЕГАЛНИЦА” Делчево, како јавно претпријатие за комунални дејности. Седиштето на јавното претпријатие се наоѓа на улица „Методи Митевски-Брицо” бр.36 во Делчево, контакт тел. 033/411 254.
 
Основна (приоритетна) дејност на јавното претпријатие е: Собирање, обработка и снабдување со вода. Покрај основната дејност, јавното претпријатие во рамките на својот делокруг на работење ги врши и следните дејности: - отстранување на отпадни води, - собирање, обработка и депонирање на безопасен отпад, - изградба на хидроградежни објекти и поставување на инсталации за водовод и канализација - одржување и користење на јавните пазари на големо и мало, - одржување на спортски и рекреативни објекти, - одржување на јавната чистота во Општина Делчево, - изградба и одржување на јавно осветлување на подрачјето на општината и други електро инсталатерски работи, - изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината, утврдени со урбанистичкиот план, - работи на изградба, реконструкција, управување и одржување на гробишта, - одржување на сообраќајната сигнализација на улици и општински патишта, - одржување и уредување на паркови, речни корита и јавни зелени површини, - крпење на ударни дупки, прекопи на улици и јавни површини и друго, - изградба на други објекти од нискоградба неспомнати на друго место (пристапни патеки, тротоари и сл.).

 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00

e-mail: 
web: www.jkpbregalnica.mk

fb Instagram

 

 

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, чиј основач е Град Скопје, е едно од најголемите претпријатија од комуналната област во Република Северна Македонија. Во своето над стогодишно постоење и делување, ЈП „Комунална хигиена“ успешно се грижи за одржување на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје.

fb Instagram

 

 

ЈП КОМУНАЛЕЦ - НЕГОТИНО
е формиран во 1957 година како "Комунална услуга на организација", која подоцна е трансформирана во "Водна Заедница". Во 1983 година од "Водна Заедница" е пререгистрирана како ЈП "Комуналец" - Неготино.

Во ЈП Комуналец се вработени 101 лице. Структурата на вработените е следна: 9 со висока, 1 со виша стручна, 69 со средно, 23 со нижа стручна опрема (основно образование).

Дејности кои ги реализира “ЈП Комуналец” - Неготино се:
одржување на зелените површини
одржување на хигиена на јавни и прометни површини
одржување на пазарите
погребални услуги
одржување на гробишта и градска капела
собирање и дистрибуција на квалитетна вода за пиење и вода за наводнување на дворни површини
одржување на систем за водоснабдување и одведување на урбани отпадни води
одржување на депонија
прибирање на смет
собирање транспорт и депонирање на комунален отпад

Работни единици:
Водовод и канализација
Комунална хигиена
РЕ Јавни и прометни површини
РЕ Гробишта и капела
РЕ Заеднички служби

 

Работно време:

Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме

e-mail:
web:

fb Instagram

 

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
web

fb Instagram

Јавно Претпријатие ВОДОВОД Куманово е основано 1956 година заради вршење на стопанска дејност од јавен интерес во областа на водоснабдувањето и канализацијата од страна на Општина Куманово. Главни активности на ЈП ВОДОВОД Куманово се водоснабдување, одведување на отпадни и атмосферски води, одржување на водоснабдителниот и канализациониот систем во исправна состојба и пречистување на отпадни води.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
webwww.vodovod-kumanovo.com.mk

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org