Недвижности

Почетна :: Недвижности

ЈКП Скопска Црна Гора – Чучер Сандево

Среда, 24 Јуни 2020 13:13
Rate this item
(0 votes)

 

ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПСКА ЦРНА ГОРА за територија на Општината е формирано во 2002 година.

Моментално е сместено во село Мирковци, на патот кон село Чучер Сандево. Оваа локација е привремена но е посебно погодна за пристап на жителите на сите населени места.

Основна дејност на јавното комунално претпријатие е водоснабдување, одведување на отпадни води и отстранување на комунален отпад. По започнување со работа и вршење на дејност на комуналното претпријатие значително се подобри квалитетот на животната средина.

-Собирањето на комунален отпад, се врши во 10 населени места со 3 големи викенд населби согласно претходен распоред. Собраниот комунален отпад се транспортира во депонија Дризла.

-Водоводната мрежа во населените места започнува од изворишта и резервоари, вкупно 8, сместени високо во планините, истите ЈКП редовно ги одржува се со цел обезбедување на безбедна вода за пиење.

Јавното комунално претпријатие стопанисува со 200 км водоводна мрежа, и тоа во населените места Побожје, Кучевиште, Бањани, Горњани, Чучер Сандево, Глуво и Бразда. Покрај селата, големите викенд населби се исто така опфатени со водоводната мрежа-и тоа во атарот на Мирковци-викенд населба Голиово, во атарот на Горњани т.н. Радунац.

-50 км канализациона мрежа е уште еден голем предизвик за јавното комунално претпријатие. Во населените места Глуво и Бразда како прва фаза а потоа одејќи нагоре кон селата Мирковци, Чучер Сандево, Бањани и Горњани се врши одведување на водите. Побожје е населено место во кое наредно треба да се изврши поставување на мрежа за собирање и одведување на отпадни води.

Отпадните води се одведуваат до пречистителна станица лоцирана најниско во Општина Чучер Сандево односно во село Бразда. Во истата, се врши процет на пречистување на водите.

Редовното одржување и обновување на овие мрежи како и механизацијата и алат и прибор е од голема важност за да претпријатието ја извршува дејноста за која е формирано. Опремата која е потребна за вршење на функцијата се обновува согласно финансиските можности на претпријатието.

На ЈКП му се доделува надлежност за чистење/трсење вегетација покрај  улиците во општината како и други работи согласно законски прописи.

Работно време:
Пон - Пет: 08:30 - 16:30
Саб - Нед: не работиме

e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
web: www.cucersandevo.gov.mk

fb Instagram

Read 69 times Last modified on Среда, 24 Јуни 2020 13:31
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org