Недвижности

Почетна :: Недвижности

ООУ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ с. Кучевиште - Чучер Сандево

Четврток, 11 Јуни 2020 13:26
Rate this item
(0 votes)

Општинско Основно Училиште „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ„ с. Кучевиште се наоѓа во село Кучевиште во општина Чучер Сандево на улица 8 број 57.

Училиштето е составено од две единици во две населени места, како централно и подрачно.

Централното училиште се наоѓа во с.Кучевиште е изградено далечната 1937 година. Истото е тврда градба со површина од 1.418 м2 и двор од 2.820м2 и отворено спортско игралиште од 390м2. На задоволство на сите, училиштето во изминативе години претрпе поголеми реконструкции. Беше извршена промена на кровната конструкција, потоа беа сменети прозорците и вратите во училиштето, беше извршена комплетна реконструкција на училишната спортска сала но секако редовно се вршат и потребни санации на делови и инвентар кадешто е потребно.

Наставата во училиштето се изведува на македноски и српски јазик.

Училиштето „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ„ во с.Кучевиште во учебната 2019/2020 година брои 215 ученици од I-IX одделение распоредени во 16 паралелки од кои 184 на настевен македонски јазик и 57 на наставен српски јазик.

Училиштето се загрева со нафта.

Подрачното училиште се наоѓа во село Побожје. Година на градба во официјалните документи е 1994 година но на местото на градбата во 1994 година настава се изведуваше во стар, помал објект. Објектот е со површина од 610м2, со дворно место од 390м2 и отворено спортско игралиште од 390м2.

Подрачното Училиште „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ„ во с.Побожје во учебната 2019/2020 година брои 28 ученици од I-IV одделение распоредени во 2 паралелки (комбинирани) од кои 25 на настевен македонски јазик и 2 на наставен српски јазик.

Овој објект на ООУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ„  се загрева со дрва.

Мисија на училиштето е „Заедно учиме полесно, побрзо и поквалитетно„.

Визијата е „ со компетентни кадри реализираме квалитетно образование според портебите и интересите на учениците.

Наставата во училиштето опфаќа наставни активности: задолжителна настава, изборна, дополнителна и додатна настава и вон-наставни активности: слободни ученички активности, ученички натпревари и сл. се согласно Годишна Програма и план.

Патрониот празник го прославува секоја година околу 24 Мај-денот на Светите просветители Кирил и Методиј.

 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
web: www.cucersandevo.gov.mk

fb   Instagram

Read 50 times Last modified on Четврток, 11 Јуни 2020 13:33
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org