Недвижности

Почетна :: Недвижности

ООУ. Александар Урдаревски - Чучер Сандево

Четврток, 11 Јуни 2020 12:55
Rate this item
(0 votes)

Училиштето беше составено од две единици во две населени места, како централно и подрачно но во текот на 2019 година се изврши издвојување на подрачното училиште од училиштето Александар Урдаревски и истото се спои со ООУ Михаљ Грамено с. Брест општина Чучер Сандево.

Училиште „АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ„ се наоѓа во с. Чучер Сандево е изградено 1963 година. Истото е тврда градба со површина од 2.901 м2 и двор од 16.000м2. Училиштето во изминативе години доби поголеми реконструкции. Беше извршена промена на кровната конструкција, потоа беа сменети прозорците и вратите во училиштето, беше извршена комплетна реконструкција на училишната спортска сала, потоа, за уште подобра енергетска ефикасност беше изведена фасадата  но секако редовно се вршат и потребни санации на делови и инвентар кадешто е потребно.

Наставата во училиштето се изведува на македноски наставен јазик.

Училиштето „АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ„ с. Сандево во учебната 2019/2020 година брои 250 ученици од I-IX одделение распоредени во 14 паралелки.

Училиштето се загрева со нафта.

Мисија на училиштето е „да го поттикнеме и обезбедиме индивидуалниот развој на учениците и наставниците, да ја развиваме свеста за правата и одгопворностите, да го негуваме меѓусебносто разбирање и почитување, да работиме според повисоки стандарди„.

Визијата е „ училиштето ке се стреми да биде безбедна и стимулативна средина која ке обезбеди изведување на квалитетна, современа, ефикасна настава и прилагодена на потребите и интересите на учениците, наставниците и родителите. Училиштето да претставува пријатно катче за учење, да промовира партнерство меѓу училиштето и семејството„.

Наставата во училиштето опфаќа наставни активности: задолжителна настава, изборна, дополнителна и додатна настава и вон-наставни активности: слободни ученички активности, ученички натпревари и сл. се согласно Годишна Програма и план.

Училиштето „АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ„, патрониот празник го прославува во месец Април секоја година со пригодна приредба.

 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
web: www.cucersandevo.gov.mk

fb   Instagram

Read 52 times Last modified on Четврток, 11 Јуни 2020 13:00
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org