Недвижности

Почетна :: Недвижности

Научен Институт за тутун – Прилеп

Вторник, 02 Јуни 2020 14:06
Rate this item
(1 Vote)


Институтот за тутун од Прилеп е eдиница на Универзитетот "Св. Климент Охридски"-Битола. Институтот за тутун врши научноистражувачка, едукативна, апликативна, издавачка, производна и други дејности од областа на тутунопроизводството.

Позначајни области на кои е фокусирана работата на Институтот за тутун се:
- Kреирање на нови, одржување и подобрување на веќе признатите сорти тутун
- Оптимизирање на агротехничките мерки
- Проучување на болести, штетници и плевели
- Одредување на хемискиот состав на тутунот и тутунските преработки
- Следење на процесите на побербената обработка на тутунската суровина
- Проучување на тутунското стопанство од економски аспект
- Денес, Институтот за тутун располага со:
- Управна зграда, каде што се сместени управата, лабораториите, кабинетите и останатите придружни служби.

Стопанската зграда во која се сместени магацините за семенски материјал и за произведениот тутун од опитите и од масовото производство.
Во кругот на оваа зграда постојат две ѕидани и три монтажни сушници за сушење на тутун од типот вирџинија. Во третата зграда која порано била наменета за ферментација на тутунот, денес се сместени:
- Институтот за старословенска култура и Музејот за тутун
- Опитно поле со површина од околу 31 хектар
- Библиотека со вкупен број на библиотечен фонд од повеќе од 4200 книги и 125 наслови на научни и стручни списанија
- Музеј за тутун со стална поставка од 1600 експонати.
- Уметничка збирка од 150 ликовни и скулптирни дела и две макети на стари македонски куќи.
- Метеоролошка станица

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
web: www.tip.edu.mk

fb Instagram

Read 25 times Last modified on Среда, 03 Јуни 2020 11:23
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org