Недвижности

Почетна :: Недвижности

Порака Неготино

Среда, 27 Мај 2020 13:07
Rate this item
(1 Vote)

 

Центар за помош на лица со ментален хендикеп "ПОРАКА НЕГОТИНО - НЕГОТИНО" е доброволна, самостојна, некомерцијална организација на родители на лица со попреченост во менталниот развој и самите лица, формирана за социјално хумани цели, за обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на територијата на Р. Македонија, како и остварување и заштита на нивните економски, социјални, културни, хуманитарни, образовни, спортски и други права во согласност со Уставот на Р. Македонија, Законот за социјална заштита и Стандардните правила за изедначување на можностите на хендикепираните лица, како и Стратегија за деинституционализација 2008-2018, Меѓународна конвенција за правата на лицата со попреченост и други документи усвоени 1993 година во Обединетите Нации.

Мисија на здружението на граѓани Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО НЕГОТИНО е: Заштита на правата и достоинството како и целосна интеграција на лицата со хендикеп и нивните семејства во сите сфери на општеството.

Целни групи
- Лицата со попреченост во менталниот развој кои живеат со своите семејства, од регионот на Неготино и Волково - Скопје;
- Лицата со попреченост во менталниот развој опфатени со процесот на деинституционализација во Р. Македонија;
- Родителите и семејствата на лицата со попреченост во менталниот развој.

Стратешки цели

- Промовирање и заштита на правата на лицата со попреченост во менталниот развој;
- Интеграција и инклузија на лицата со попреченост во менталниот развој;
- Примена на ЕУ стандарди, приближување на законодавството (за лица со попреченост во менталниот развој) на Р. Македонија кон Европското.

Ресурси материјални и човечки ресурси
Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО располага со:

- Дневен Центар во Неготино со површина од 255 m²;Дневен Центар во Волково, Скопје со површина од 150 m²;
- Два станбени објекти со површина од по 160 m², опремени со соодветна опрема за живеење на лицата со попреченост во менталниот развој;
- Центарот за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО располага со соодветни човечки ресурси.


Историјат
Здружението Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО НЕГОТИНО постои од 1963 година како членка на Републичка Порака. Од 2003 год. ПОРАКА НЕГОТИНО НЕГОТИНО делува како самостојно родителско здружение за лица со попреченост во менталниот развој. Од 01.10 2003 година отпочна со функционирање Дневен центар во Неготино. Од 2008 година започнавме со имплементирање на процесот на деинституционализација на лица со попреченост во менталниот развој од Специјалниот Завод во Демир Капија во Служба за домување со поддршка во Неготино. Во јануари 2009 год. започна со работа Работниот Центар во Неготино. Во јуни 2010 год. ПОРАКА НЕГОТИНО стана членка на Inclusion Europe. Од јануари 2012 година ПОРАКА НЕГОТИНО – Неготино започна со менаџирање и на Службата за домување со поддршка во заедницата во Скопје. Истата година започна со работа и Дневниот центар на ПОРАKА НЕГОТИНО во Волково, општина Ѓорче Петров, Скопје. ПОРАКА НЕГОТИНО – Неготино континуирано работи и на превенција од институционализација на лицата со попреченост во менталниот развој кои живеат со своите родители.

Долгорочни планови на ПОРАКА НЕГОТИНО – Неготино се:
- Продолжување со спроведување и промовирање на Процесот на деинституционализација во Р. Македонија;
- Функционирање на Службите за домување со поддршка во заедницата во Неготино и Скопје;
- Отварање на нови Служби за домување со поддршка во Вардарски регион и други региони во Р. Македонија;
- Континуитет во функционирањето на Дневните Центри на ПОРАКА НЕГОТИНО во Неготино и Волково и отварање на Дневни Центри во други градови во Р. Македонија за лица со пореченост во менталниот развој над 18 години;
- Пренесување на искуство на ПОРАКА НЕГОТИНО околу спроведување на процесот на деинституционализација во Р. Македонија на другите организации од соседни држави преку отварање на едукативни центри.

Работно време:
Пон -Пет: 08:00- 24:00   
Саб - Нед:08:00 -24:00  

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Web: www.porakanegotino.eu.mk

fb Instagram

Read 22 times Last modified on Понеделник, 15 Јуни 2020 11:04
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org