MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 

Компанијата МИКИ ВЕЛ се занимава со градежништво

 

- Нискоградба

- Високоградба

- Изведба на фасади

 

Продажба на станови во Велес и во Скопје

 

Компанијата МИКИ ВЕЛ бара соинвеститор за јавно приватно партнерство за изградба на Градскиот стадион во Велес

Компанијата МИКИ ВЕЛ дооел се занимава со изведување на секаков вид работи во објекти од високоградбата и нискоградбата, изведување на јавни и индустриски објекти, проектирање, инженеринг и консалтинг. Одличната техничка опременост на компанијата, најсовремената технологија за градење и употребата на најдобрите материјали обезбедуваат висок квалитет на изведбата, со оптимални цени.

Фирмата МИКИ ВЕЛ е формирана во 2007 година. Поседуваме големо искуство во изградба на деловно станбени објекти и сите работи можеме да ги изведуваме во согласност со европските стандарди. Овие години успеавме да создадеме препознатлив бренд, што заедно со квалитетот не издвојува како градежна компанија со традиција. Нашата деловна политика е насочена кон максимално подигање на нивото на градба и задоволување на барањата на купувачите, со гаранција за високиот квалитет и целосната правна сигурност.

МИКИ ВЕЛ дооел од Велес изведува градежни и завршни работи во сите видови градежни објекти: земјени работи, бетонски работи, армирање, ѕидарски работи, тесарски работи, кровопокривачки работи, занаетчиски работи, инсталатерски работи, опремување на објекти. Изведуваме целосни градежни работи, по принципот „клуч на рака“, реконструкција, санација и адаптација на објекти во високоградба.

 

Отворени сме кон новите технологии, методите и начините на усовршување на проектирањето и изградбата. Компанијата ги има сите потребни лиценци за изградба на објекти од високо и ниско градбата. Посебно сме поносни на станбените згради што ги изградивме во Велес и во Скопје, кои ги добија највисоките оценки од жителите на овие два града.

 

 

 

 

 

 

 

Работно време:

 Понеделник- Петок:  08:00 - 18:00

Сабота: 08:00 - 18:00

Недела: Не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org