MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 
Работно време:
Пон - Саб: 07:30 - 20:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

Работно време:
Пон - Пет:  07:30-19:30
Саб - Нед: не работиме

e-mail: 

web:

fb Instagram

 
Работно време:
Пон - Саб: 07:30 - 20:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

"ЗАЕДНО РАСТЕМЕ ИГРАМЕ И УЧИМЕ" е мотото на Јавната општинска установа за деца  детска градинка "Гоце Делчев" Пробиштип. ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип со работа започна во далечната 1974 година и низ своето 43 годишно постоење на децата им обезбедува стимулативна средина за рано учење , поттикнување на раниот детски развој и стекнување на здрави животни навики.
    ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип  дејноста ја обавува во три објекти и тоа:
1.  Објект Цветови со адреса на ул. "Јордан Стојанов" бр. 47/А-Пробиштип
2.   Објект Срничка  со адреса на  ул. "Гоце Делчев" бр.13-Пробиштип
3.  Објект Изворче со адресана  ул. "Јане Сандански" бр.5-Злетово

    Објектот "Цветови" започна со работа 1982 година и во него има 2 занимални за престој на деца на возраст од 08 до 24 месеци и 4 занимални за деца на возраст од 2-6 години  Во Објектот е сместена централната кујна која го опслужува и Објектот "Срничка". Овде е сместена  централна кујна , а овде работи и раководно-административната служба.  
    Оваа година 2016/17 во градинката беа запишани повеќе од 400 деца од кои престојуваат околу 386 деца а критериум врз кој се формираат групите е возраста на децата и во трите објекти "Цветови" и "Срничка" во Пробиштип и "Изворче"  во Злетово има четири  групи за деца до две години, 11 групи за деца од 2 до 6 години, една група од 6 до 10 години и една група во Центарот  за ран детски развој  во с. "Ратавица". Згрижувачко воспитната дејност се одвива во согласност со програмите  за рано учење и развој и Интеграција на еколошката едукација во Македонскио образовен систем.
    Отварањето на градинката кон семејството е основа за остварување на  современите концепти и претставува битна алка во синџирот што значи воспитување. Родителите се добредојдени учесници во работилници и активности со децата а со нивната креативност ја разубавуваат градинката.
    Мисијата на градинката е - Креираме безбедна и стимулативна средина, негување тимска работа, толеранција, ги почитуваме различностите и ги поттикнуваме индивидуалните можности и способности на децата  а ја промовираме нашата установа во пошироката заедница.
    ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип по трет пат е добитник на највисокото признание Зелено знаме заради успешната реализацијата на еко - програмата а нашата градинка е прва деска градинка  во Р Македонија која во 2014 година  доби проект во вредност од 106 000 € од ИПА програмата за прекугранична соработка и успешно го реализиравме  со која во објектот Цветови  се изгради надворешна фасада, се заменија дотраените врати и прозори со ПВЦ а се постави и кровна изолација со која се заштедува енергија и до 40 % , а минатата година успешно го реализиравме проектот заштеда на енергија при што извршивме замена на врати и прозорци во објектот " Срничка".
    Со децата работиме на проекти по програмата на МТСП и тоа:
1)    Градини во детските градинки
2)    Градот низ детските очи
3)    Бон-тон за деца
4)    Од дете за дете
5)    Моја хигиена - моја навика    
6)    Семејството и семејните вредности
7)    Рециклирање со имагинација
8)    Здрави животни навики
9)    Спорт и спортски активности
10)    Традиционални детски игри
    Визија на градинката
Ние сме установа во која интересите и потребите за правилен раст и развој на детето ќе имаат приоритет и современа установа која ќе може да се соочува со предизвиците на
 21-от- век. Децата ќе ги учиме на основните вредности на животот а играта ќе биде движечка сила за поттикнување на учењето.

 
Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 17:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

Историјат на претпријатието

Станбеното претпријатие за обавување на комунални услуги за прв пат е формирано на заедничка седница на Општинскиот одбор одржан на ден 28.02.1966 година со Решение бр.570/1.Подоцна дејноста е проширена со комунални дејности и претпријатието работи како станбено-комунално –услужно кое како такво функционира се до 1986 година, а потоа се трансформира во работна организација за комунално –градежни работи Илинден-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански суд во Штип П.Бр. 18/86. На 28.12.1989 година Собранието на Општина Пробиштип донесе решение за организирање на јавното претпријатие за општествена сопственост за комунално производни и услужни работи “Илинден”-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански Суд. После повеќе извршени трансформации на 03.04.2002 година со решение на Основен суд Штип се формира јавно претпријатие за водовод “Никола Карев”-Злетово. Со децентрализација на дејностите на ЈКП Комуналец Пробиштип се одземаат, а со тоа се превземаат дејностите од ЈКП “Никола Карев”-Злетово. Од 01.01.2006 година ЈКП”Никола Карев” продолжува да работи со седиште во Пробиштип.ЈКП “Никола Карев″ ги обавува следните дејности:

• Собирање,пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода;

• Поставување на водоводни инсталации;

• Цевководен транспорт;

• Собирање,одведување и третман на отпадни води;

• Собирање на комунален отпад;

• Погребални услуги;

 •Пазари;

•Хортикултурно и партерно уредување;

Според пописот од 2002 година во општина Пробиштип има: -број на жители:16.193 жители од кои 8248 мажи и 7945 жени, -национален состав : 15.977 македонци (98,67%) -центар на општината : градот Пробиштип со 10.816 жители -број на населени места: 37 (едно градско, две приградски, една полуградска и 33 рурални селски населби). Според површината која ја зафаќа општината Пробиштип (325,57 km2) и бројот на населението, густината на населението во општината според последниот попис изнесува50,9 жители/км2.

Комунални услуги историјат

Станбеното претпријатие за обавување на комунални услуги за прв пат е формирано на заедничка седница на Општинскиот одбор одржан на ден 28,02,1966 година со Решение бр.570/1.Подоцна дејноста е проширена со комунални дејности и претпријатието работи како станбено-комунално –услужно кое како такво функционира се до 1986 година, а потоа се трансформира во работна организација за комунално –градежни работи Илинден-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански суд во Штип П.Бр. 18/86. На 28.12.1989 година Собранието на Општина Пробиштип донесе решение за организирање на јавното претпријатие за општествена сопственост за комунално производни и услужни работи “Илинден”-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански Суд. После повеќе извршени трансформации на 03.04.2002 година со решение на Основен суд Штип се формира јавно претпријатие за водовод “Никола Карев”-Злетово. Со децентрализација на дејностите на ЈКП Комуналец Пробиштип се одземаат, а со тоа се предземаат дејностите од ЈКП “Никола Карев”-Злетово. Од 01.01.2006 година ЈКП”Никола Карев” продолжува да работи со седиште во Пробиштип. Водоснабдување и ситото ги обавува следните дејности: • Собирање пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода; • Поставување на водоводни инсталации; • Други инсталатерски работи; • Цевководен транспорт; • Собирање одведување и третман на отпадни води; • Погребални и придружни активности; • Пазари.

 

Работно време:
Пон - Нед: 00:00 - 00:00

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.jkpnikolakarev.com.mk

fb Instagram

 

 

Стрмош АД Рудници за неметали Пробиштип е формирано 1984 година.
Основната дејност на фирмата е експлоатација и преработка на неметални минерални суровини: кварцит, опалска бреча, аморфниот бел опализиран туф и зеолит (зеофит). Експлоатацијата се врши врз база на договори за концесии и дозволи за експлоатација.
Друштвото располага со производни капацитети од 200.000 тони на годишно ниво (во една смена), искористеноста на капацитетите е 64% со вкупно 36 вработени.
Стрмош АД Пробиштип е компанија која се занимава со иновативни решенија за подобро и пред се еколошки чисто земјоделско производство. Лидер е на домашниот пазар во производство на подобрувачи на структура на почва, деконтаминатори и еколошки препарати за прихрана и заштита на растенијата, кои ги задоволуваат сите стандарди за органско производство.
Во областа на екологијата произведува препарати кои се особено значајни за одржувањето на чистотата во животната средина.
Располага со сопствен развоен центар каде секојдневно се вршат испитувања и се добиваат нови производи се со цел да се заштити човековото здравје преку конзумирањето на здрави и незагадени земјоделски производи , а воедно и преку зачувување на чиста животна средина.
Е-маил:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.zeofit.com.mk

fb Instagram

 

 

 

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web

fb Instagram

 

Етно Меана Кај Чомбе

 

 

Ресторанот Етно Меана кај Чомбе се наоѓа на влезот на Пробиштип! Во нашата меана ве очекува одлична атмосфера и уникатен амбиент кој ја одсликува историјата и традицијата на нашиот народ, особено на источниот регион. Нашата кујна нуди богат избор на вкусни традиционални јадења, како јагне или јаре под вршник, прасе и кокошки на ражен, ребро во фурна, секаков вид на скара, пастрамајлии, пици и многу други. Нашите специјалитети се подготвени со највисок квалитет на состојките, со особено внимание и љубов.

 

Исто така нудиме кетеринг услуги за секакви настани, од мекици, родендени до свадби. Нашиот тим се состои од искусни мајстори но и млади енергични лица кои секогаш успеваат да не расположат! 

 

Посетете не и дозволете ни да ве воодушевиме со нашата вкусна храна, амбиент и гостопримство! Ќе ни биде задоволство!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работно време: 

 

Пон - Нед: 08:00 - 00:00

 

 

 

 

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org