MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Општина Василево, е една од најживописните општини во Република Македонија, мала но со огромни можности за развој.
 
Распослана е во северозападниот дел на Струмичката котлина, помеѓу општините Босилово, Струмица, Берово, Радовиш и Конче, со интересна релјефна структура: плоден низински дел и ридско планински кој го сочинуваат разграноците на планинините Огражден, Готен, Еленица, Плавуш и Смрдеш.  
 
Автопатот А4 е артеријата преку која пулсира  патната  комуникација на југ кон соседна Бугарија, и на север  преку Радовиш и Штип кон Скопје. 
 
На надморска висина, од 228 м. во рамничарскиот дел, па се до  660 м. во ридско планинскиот, вгнездени се вкупно 18 села (Ангелци, Василево, Висока Маала, Владевци, Градашорци, Добрашинци, Дукатино, Едрениково, Нова Маала, Пиперево, Радичево, Седларци, Сушево Чанаклија и четирите веќе раселени: Кушкулија, Нивичино, Варварица и Требичино) со  вкупно 11 373 жители. Заедничко за сите овие вредни луѓе е нивното гостопримството и љубезност  со кое ќе го почестат секој намерен или случаен посетител.
 
Вкупната аграрната површина е 16 091 ха. од кои 7 516 се шуми, 6 773 ха обработливо земјиште и 1 802 ха пасишта. Ваквата  структура на земјиштето, е одличен предуслови за развој  како на земјоделството и сточарството така и за стопанисувањето  со шумите. 
 
Урбанизирањето на просторот и формирањето на зони за развој на малото стопанство, како и стварњето услови за напредно земјоделие во чиста и здрава животна средина се императив за локалната самоуправа.
 
Посебно богатство е вештачката водена акумулација Турија, една од најголемите во Македонија, која акумулира 55 000 000 м3 вода, од која со вода за пиење се снабдуваат Струмица и дел од населените места во општина Василево.
 
Местополжбата и  природните  карактеристики  на овој простор се потенцијал за развој на туризмот. 
 
Уште еден фактор кој оди во прилог на ова е историското минато. Американската мисионерка мис Елен Стон, во 1902 год. во периодот на нејзиното заточеништво престојувала во една колиба во село Нивичино, кое се ноѓа на околу 11 км. северно од брана Турија. Патот до местото на нејзиното ослободување, во с. Ангелци, води токму покрај браната Турија. 
 
 
Како добри домаќини, Ве каниме на традиционалната манифестација Ден на празот  во с. Градашорци, која се  одржува секоја година во првата недела од месец ноември, каде ќе можете одблизу да ја запознаете нашата општина Василево.

 

 

 

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

 

 

 

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web:  www.saraj.gov.mk

 

 

 

Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web:

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: www.cucersandevo.gov.mk

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web:  www.merkezjupa.gov.mk

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web:  www.resen.gov.mk

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web:

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Петок: 07:30 - 15:30
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: www.petrovec.gov.mk

fb Instagram

 

 

Општината Новаци е значајна општина во Битолското поле, односно југозападниот дел на рамницата Пелагонија.  Општината е крстосница на реагионалните патишта: патот Битола-Новаци-Маково, го поврзува битолскиот дел на Мариово, исто така југоисточно од Новаци патот што води кон селата Брод и Бач, а на север кон Добрушево-Тополчани-Прилеп.  Новаци секогаш претставувало центар на управна единица.  Општината се вбројува во редот на поголемите општини во Република Македонија.

Според историските сознанија, во изминатите пет и пол векови на овој простор живеело македонско население.  И за време на Отоманската империја Новаци претставува централна населба во Битолското поле.  Општината е основана по Балканските војни, а Новаци останува централна населба и за време на спрската и бугарската окупација.  По Втората светска војна Новаци станува општински центар.  Во историјата животот на овие простори не бил лесен, населението кое живеело тука било изложено на разни притисоци и неволји – тука поминувале крстоносци, вандали, Арменци, Турци Османлии, Србите, Бугарите… но никој не успеал да го уништи духот и идентитетот на македонското население кое опстанало и ќе продолжи да опстанува на овој простор.

Во рамките на општината живеат околу 3500 жители, со густина 4,7 на 1 км2, со што е најретко населена општина во Република Македонија.  Брои 1125 домаќинства, со просечно 3,6 членови по домаќинство.

Поголеми индустриски објекти во општината се: Рударско-енергетскиот комбинат Битола, Земјоделскиот комбинат Пелагонија, Фабриката за производство на енергетски машини и турбини ФОД и други.

Основни стопански гранки се: поледелство, сточарство, пчеларство и други.  Се одгледуваат житни растенија и разни фуражни и градинарски култури, крупен и ситен добиток и живина.

Централна населба во општината е Новаци – развиено село со 1283 жители, односно 36% од вкупното население во општината. Во општината постојат полициска, здравствена и ветеринарна станица, детска игротека “Бамби”, компјутерски центар, два интернет клубови, центар за изучување странски јазици.

Општина Новаци со новиот Закон за територијална организација на единиците на локална самоуправа во Република Македонија ја сочинуваат досегашните општини Бач, Новаци и Старавина – општини кои припаѓаат на категоријата на рурални општини.

Во Новаци се наоѓа централното основно училиште “Славко Лумбарковски”, со подрачни училишта во селата Бач, Дедебалци, Живојно, Брод, Добромири, Рибарци итн.

Позначајни манифестации се:  Традиционални Пелагониски културно-научни средби, Мориовски ракувања и др.

Општината Новаци е поставена на современите законодавни европски начела и принципи, со примена на Европската повелба за локалната самоуправа, усвоена од Советот на Европа.  Се грижи за урбанистичкото планирање, уредување на просторот на градежното земјиште, заштита и унапредување на животната средина, грижа за економскиот развој и подобрување на животниот развој на населението, развивање на културата, науката, образованието и уметноста, преку негување на фолклорот, верските обичаи, заштита на природните реткости и др.

Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: www.opstinanovaci.gov.mk

fb Instagram

 

 


Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail:

web: www.negotino.gov.mk

fb Instagram

 

 

Page 1 of 3
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org