MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Броми Промет ДООЕЛ е трговско, производствена и улужна компанија со 100% приватна сопственост. Основана во 1993 година од Бруно Циркоски. Низ своето долгогодишно работење постојано се специјализира и адаптира на потребите на потрошувачите.

Седиштето на фирмата е во с. Враништа, Струга, а од 2017 година ја проширува својата дејност уште во три нови погони во с. Косел, Охрид. Тука работаат 20 високостручни работници.
Објектите се опремени со нова технологија и машини со цел да ги исполнат очекувањата на потенцијалните клиенти.

Една од главните активности на оваа компанија е увоз и продажба на :
•    метални лимови и профили
•    пластифицирани лимови
•    поцинковани лимови
топловалани лимови
•    ладновалани лимови
•    алуминиумски лим
•    I, U, L, Т профили
•    HEA, HEB профили
•    квадратни,правоаголни и округли профили
•    кровни и зидни панели
•    олуци со пропратна галантерија
 
Производството како активност има поголем број на инвестиции во нови и современи машини.
Се произведува :
•    лим во форма на трапез
•    лим во форма на ќерамида
•    опшивки
•    снегобрани

 

Работно време:

Пон - Саб:  08 : 00 - 17 : 00

Нед:  Затворено

 

email : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

Еко Циркон е претпријатие за откуп и преработка на секундарни суровини (железо, алуминиум, бакар, олово, бронза, месинг, и други) од технолошки и индустриски отпад, како и ископ со тешка механизација.

Суровини:
• Алуминиум
• Бакар
• Месинг
• Акумулатори/Олово
• Железо

Еко Циркон откупува суровини од сите индустриско технолошки капацитети во Република Македонија, како и од физички и приватни лица. По откупот, материјалите се подложени на селектирање и сепарација, по што следи нивно пресување, пакување и испорака до индустриските капацитети во Македонија и странство, пропратено со сите активности и документација за транспорт и извоз.

Компанијата е регистрирана во 1997 година. Компанијата е основана со личен приватен влог и основни средства во сопственост на оснивачите. Во првите години од своето работење, целокупните приходи се реинвестирани во развојот на компанијата, во подобрување и опремување. Денес компанијата располага со сопствен складишен простор од 17.000 м2 отворен простор, како и 4 магацини, хали, гаражен простор и административен простор со вкупна површина од повеќе од 500м2, како и сета потребна машинерија за извршување на секојдневните активности. Бројот на вработени во ЕКО ЦИРКОН, континуирано се зголемува поради работните побарувања, обемот на активности како и постојаното тежнеење за повисок квалитет на услуги.

Нашата компанија работи водена од стоги технички критериуми и услови, овозможувајки максимална заштита и висококвалитетни услови за работа на своите вработени. Компанијата поседува тешка градежна механизација како и обучен способен кадар подготвен да одговори на сите барања за ископ и конструкциски работи.

Во оваа прилика, би сакале да им се заблагодариме на сите партнери и соработници кој директно или индиректно овозможија Еко Циркон да се вброи меѓу 200-те најуспешни компании во Република Македонија.
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

  Нашето друштво СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп, се занимава со услуги, производство, дизајн и машинска обработка на различни машински компоненти и производи од метал (железо, алуминиум, бакар, месинг, алатни челици и др.), материјали од пластика, бакелит, плексиглас, и други материјали.
Нашите активности и услуги поточно опфаќаат: ЦНЦ стругање и глодање на ЦНЦ Машини, Сечење (гравирање и сл.) на Хибриден ласер, општи драрски работи (стругање и глодање) на универзали дребонзи и фрези, Брусење, Гравирање, Штанцање на преса, Термичка обработка, Машино-браварски услуги, заварување и останати слични машински работи и услуги.

Значајно е да се напомене дека нашите клиенти генерално се странски инвестиции кои ги пласираат своите финални производи исклучиво за извоз и се во најрентабилните и најзначајните компаниии во Прилеп.

Друштвото за тие цели ангажира техничари, дизајнери и инжинери со соодветно искуство кои на своите комитенти покрај производство, дизајн и машинска обработка на специјалните компоненти, им нудат техничка поддршка и унапредување на сите процеси од нивното производство и работа.
Нашиот пристап и посветеноста на целокупниот тим ни обезбеди капацитет и можност постојано да развиваме и да нудиме нови производни и услужни решенија согласно барањата на сите идни потенцијални клиенти.
 
 
Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 15:00
Нед: не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.svarog.com.mk
 
 
  
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org