MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

ДООЕЛ ЛАНД - СЕРВИС е компанија предводник во поставување на стандарди за услугите од областа на професионално чистење, одржување на хигиена и дезинфекција. Првенствено создадена да ги покрие зголемените потреби на пазарот, како и да воведе иновации и конкурентност во оваа дејност, со единствена цел подобрување на квалитетот на услугите и зголемување на задоволството на клиентите.

Основана е во 2006 год од Г-дин Нектариос Николаидис. Основна дејност  на ЛАНД - СЕРВИС е давање на усуги од областа на професионално чистење и дезинфекција и тековно одржување на хигиена.

Во моментот Ланд - Сервис, вработува 280 лица (обучени и оспособени кадри) и услугите ги нуди и извршува целосно, навремено и квалитетно со мрежна распространетост/покриеност на територија на цела Македонија. Услугите ги врши со свој работен обучен кадар или со превземање на персонал.

Со основните оперативни принципи на директен надзор на квалитетот ,постојаната свесност и стремеж за нови технички и технолошки достигнувања,редовни обуки на вработените во кои се интегрирани ISO 2001:2008 (стандард за квалитет ), ISO 14001:2004 (стандард за заштита на животната средина) и OHSAS 18001:2007 (стандард за заштита и безбедност при работа), како и блиската комуникација со клиентите со цел осознавање на потребите, задоволување и надминување на очекувањата, ЛАНД - СЕРВИС цврсто чекори по патот на зголемување и воспоставување на успешни и долгорочни соработки како во приватниот така и во јавниот сектор.

Врвните, водечки во квалитет и современа технологија,  машини и опрема од препознатливиот американски бренд TENNANT, наш партнер, за чии што производи на територијата на Македонија и Косово Ланд - Сервис е ексклузивен застапник и дистрибутер, како и специјализираните детергенти за чистење и средства за дезинфекција со кои Ланд - Сервис ги извршува услугите комбинираат технологија со  одлични перформанси за чистење на секаков вид хоризонтални и вертикални достапни и недостапни површини, со економичност и почит кон животната средина.

Ланд - Сервис ДООЕЛ е ексклузивен застапник и дистрибутер на средствата со двојна формула за чистење и дезинфекција од препознатливиот француски бренд ANIOS laboratoires, кој има посветено повеке од 1 век во борба со микроби.

ХИГИЕНАТА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ, НАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ Е ВАША БЕЗБЕДНОСТ.

ЛАНД - СЕРВИС – СИНОНИМ ЗА БЕСПРЕКОРНА ХИГИЕНА.

Работно време:
Пон - Пет: 10:00 - 22:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.landservis.com.mk

fb Instagram

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org