Компанијата ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО Кавадарци е основано во 1991 година. Нашата основна дејност е изградба на објекти од високо и ниско градба, станбени и индустриски објекти, потоа комунални и хидротехнички објекти и изградба на улици и патишта. Располагаме со сопствена бетонска база, сепарација на песок и каменолом, а се занимаваме и со производство на бетонска галантерија.
Во текот на овие повеќе од 20 години работна активности, ГРАДБА ПРОМЕТ израсна во модерна градежна компанија со комплетна градежна оператива, со околу 200 спецјализирани вработени, меѓу кои има и градежни инженери, архитекти и економисти.
Факс:
+389 43/411 725
+389 43/410 815
ГОЛДЕН АРТ - 10 ГОДИНИ ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ ДОМОВИ ОД СОНИШТАТА
Со повеќе од 55 реализирани проекти зад себе, Голден Арт ги надминува очекувањата на нашите клиенти и овозможуваме луксузно и квалитетно живеење достапно за секое семејство.
Градиме квалитетно за да трае. Секоја зграда на Голден Арт ја има престижната класа А во рамките на нововоспоставената класификација на станбените објекти според нивната потрошувачка на енергија. Голден Арт се вбројува меѓу првите градежни компании во Македонија кои го промовираат овој начин на градење, од кој најважно е дека на крајот најголема корист имаат самите станари кои живеат во објектот.
Изградбата на енергетско ефикасен објект во моментов продолжува со изградбата на два нови деловно станбени објекти во населбата Кисела Вода и Карпош. Поставивме целосно нови критериуми во овој сектор на недвижности во Македонија. Изведбата на вакви градителски проекти бара нови вештини и знаења на професионалниот кадар на компанијата, но и на самите градежни работници на градилиштето. Истовремено користиме градежни материјали што пред Голден Арт делумно или целосно претставуваа новина во градежништвото на овие простори и тоа од термо блоковите, енергетско ефикасните прозорци и дебелината на нивното стакло, термичката фасада на зградата до енергетско ефикасните врати со кои целосно се заокружува процесот на обезбедување минимална потрошувачка на топлинска енергија во идните станови како и заштита на животната средина.
Доколку сте во потрага по Вашиот идеален дом закажете состанок со агентите на Голден Aрт и направете го вашиот сон, реалност.
ДППГ "ГИПСАР" е формирана на 25.05.1990 година.
Нашата мисија е квалитетно снабдување на територијата на Р. Македонија со градежни материјали и градежни системи.
Стратегијата на Гипсар се базира на постојано подобрување на услугата и програмата што ја нуди, градејќи сигурен однос со своите коминтенти. Гипсар, постојано работи на проширување на палетата на производи за да им овозможи покомплетна понуда на купувачите. Тоа значи дека купувачот може да најде се на едно место.
Истовремено, Гипсар, сето свое искуство и знаење го става на располагање на купувачите, проследено со пријателскиот и љубезен однос на вработените.
За нас една од најважните работи е навремена испорака на материјалите, потоа, управување со залихите и магцинска екипираност што овозможува брз утовар на материјалите.