MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Нашата компанија Рек-Рубинеттерие Дооел се занимава со откуп на медицински и лековите билки,како и со откуп на шумски плодови.Се наоѓаме во село Пирок,во близина на Боговиње,тетовско.

Работно време
Пон - Саб 07:00 - 17:00

email : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web :
fbInstagram

 

 

 
 
 
Телефон: 070 740498
 
 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 

 

 

 

Основна дејност во АД „Жито Полог“ – Тетово опфаќа производство на мелнички производи. Поседува сместувачки капацитети за житни култури.

Во чекор со актуелните движења на пазарот, следејќи ги барањата и се попрефинетиот вкус на потрошувачите, АД „Жито Полог“ е исклучиво ориентирана кон финализирање на максимално квалитетни производи. Тоа се постигнува со добра техничка опременост на производните капацитети, подготвени постојано да го следат развојот на современата технологија, дополнителна едукација на професионалниот кадар како и севкупното раководење на менаџерскиот тим.

Производството и дистрибуцијата се одвиваат при имплементиран HACCP систем, согласно законските барања на РМ, кој гарантира безбеденост на нашите производи по здравјето на потрошувачите.

 

 

 

 

Библиотекарството во Тетово влече корени длабоко во историјата и има богата традиција на овие простори, но за жал, нема прецизни податоци за почетоците на работата  на Градската народна библиотека  "Кочо Рацин" . Точниот ден и месец кога библиотеката почнала да работи не се познати. Тоа се случило пред крајот на 1945 година кога Библиотеката почнала да работи во состав на Поверенството за народна просвета и првично била сместена во новоизградената конфискувана семејна куќа на познатиот тетовски трговец Мато Симовски-Ченка.

Првиот книжен фонд го сочинувале околу 2.000 книги наследени од "Читалницата на тетовската младина" која била формирана во 1922 година, збогатен со марксистичко-ленинистичка литература, но имало и голем број книги од светските класици. Сите книги биле на српско-хрватски јазик со исклучок на одреден број политички брошури кои била печатени на македонски јазик.

Во првите години во библиотеката членувале околу 500 граѓани, од кои најбројни биле учениците - гимназисти. За потребите на читателите библиотеката секојдневно била снабдувана со дневен печат како "Нова Македонија", "Борба", "Политика", "Народен фронт" и други. Веднаш по ослободувањето, истовремено со почнувањето со работа на градската библиотека во Тетово била отворена и библиотека на албански јазик, која во почетокот работела одвоено од македонската. Таа била сместена во стара куќа во строгиот центар на Тетово. Албанската библиотека броела околу 2.000 книги, а библиотекар бил учителот Иса Сабајдин од селото Порој. Во 1948 или 1949 година, по налог на градските политички структури и Поверенството за просвета, албанската библиотека била присоединета кон Градската библиотека. Во 1952 година  била донесена одлука за издвојување на библиотеката од составот на Поверенството за просвета, таа го добила називот Матична библиотека "Кочо Рацин" и ја продолжила својата работа како самостојна културно-просветна установа, a пошнала со работа во приземните простории на куќата на д-р Глигур Евчески. Во текот на своето работење библиотеката претрпела повеќе селидби. Набрзо по формирањето библиотеката била преселена во приземните простории до поранешниот ресторан "Ловец", на аголот од улиците "Илинденска" и "Тодор Циповски-Мерџан", во кои претходно бил сместен Домот на културата.

 

Во 1954 година се оформиле посебни оддели за деца и за возрасни, такашто Детскиот оддел се вратил во просториите на куќата на д-р Евчески, додека Одделот за возрасни добил нови простории во куќата на семејството Аврамовски, на улицата "Страшо Пинџур". По две децении, односно 1967 година Матичната библиотека "Кочо Рацин" - Тетово повторно била вратена во просториите каде и ја започнала својата дејност, со таа разлика што овој пат на располагање и е ставен целиот објект - куќата на Мато Ченка. На долниот кат било сместено депото за книги и одделот за возрасни, додека на кат бил сместен одделот за стручна обработка на библиотечен материјал, одделот за деца и администрацијата.  Во овој објект Матичната библиотека "Кочо Рацин" ќе работи цели три и пол децении.  Согласно Законот за денационализација, со решение на Владата на РМ во 2000 година, објектот во кој е сместена библиотеката е вратен во владение на наследниците, а библиотеката е преместена во приземните простории во Домот на културата. Во овие простории, со вкупна површина од околу 200 квадратни метри функционира и денес. Во тој простор е сместен одделот за деца, одделот за возрасни и одделот за стручна обработка на библиотечен материјал. Поради недостигот од простор голем дел од книжниот фонд на библиотеката е сместен во засебни простории и не им е достапен на корисниците.

 

 

 

 

 

 

 

 

Работно време:
Пон - Пeт: 08.00-19.00     
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.    

web: www.nubkrte.org.mk

fb Instagram

 

 

                                                                              Компанија/основање и развој

14.000 м2 производствени погони и складишни објекти опремени со врвна технологија и опрема со потекло од Европските земји.

                                                                              Пилиња

 

18 недели целосна грижа за 60.000 пилињата кои континуирано се одгледуваат.

                        Јајца 1

 

НАД 30 МИЛИОНИ ЈАЈЦА ГОДИШНО.

                                                                   Јајца 2

80% од производството е наменето за домашниот пазар, а 20% се извезува на пазарите од регионот.

 

                                                            Месо 1 (Лекер погон)

 

Беспрекорна хигиена и строго дефинирани патишта на движење на суровината и готовите производи.

                                                                                         Месо 2Германски рецептури, комбинирани со домашните традиционални –  прозизводи и подготовки од месо со врвен квалитет.

 

Живинарската фарма за производство на јајца ВЕЗЕ ШАРИ (Vezë Sharri) и фабриката за производство на производи и подготовки од живинско и говедско месо ЛЕКЕР (Lecker) се лоцирани во живописната и недопрена природа во околината на селото Требош, во една од најчистите еколошки средини во Македонија, под падините на Шар планина. Kомплексот е со вкупна површина од 35.000 м2, од кои 14.000 м2 отпаѓаат на индустриско - деловни објекти. Оваа инвестиција со германски капитал го стартуваше производството во мај 2002 година со високообразован и квалификуван кадар од 30 вработени, и со подршка од високореномирани странски експерти за ваков вид производство. Производната технологија и опрема е германска и претставува најсовремен модел во живинарското производство, што ја искачува оваа фарма на врвот на Европското производство. Имплементираниот HACCP систем гарантира беспрекорна здравствена безбедност во процесот на производство и заедно со добиениот сертификат ISO 22000:2018 обезбедуваат исполнување на стандардите за квалитет и начин на работа согласно највисоките светски стандарди за производство на храна. 

 

Современата технологија и новиот производствен пристап резултира со исклучителен квалитет на јајцата, чиј бренд ја презема лидерската позиција на пазарот. Исто така примената на новите германски рецептури во комбинација со традиционалните домашни рецептури, понуди врвен квалитет на деликатесни производи и преработки од пилешко и говедско месо, кои го збогатија пазарот со нови вкусови.

35.000 м2 ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС, 14.000 м2 ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ И СКЛАДИШНИ ОБЈЕКТИ

ВРВНА ГЕРМАНСКА ТЕХНОЛОГИЈА И ОПРЕМА

ПИЛИЊА

 Еднодневни пилиња од увоз од Европските земји

 Целосно дигитализиран и автоматизиран процес за одржување на оптимални услови за раст и развој на пилињата во несилки;

 Директен 24 часовен надзор на ветеринарниот доктор од компанијата и континуирана контрола од страна на Ветеринарните институти во Скопје и Минхен;

 Сите програми за здравствена заштита и благосостојба на пилињата до почетокот на репродуктивниот период сe  вршат под постојан надзор на доктори по ветеринарна медицина.

 

КОНТИНУИРАНО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА 60.000 ПИЛИЊА 

18 НЕДЕЛИ ЦЕЛОСНА ГРИЖА ЗА ПИЛИЊАТА

 

КОКОШКИ НЕСИЛКИ

 

 Несилките се сместени  во целосно автоматизирана хала на 10 нивоа;

 Чистата шарпланинска вода и високо квалитетната храна добиена по германска рецептура,  три пати дневно од силосите, автоматизирано и дигитализирано,  се носи до несилките;

 Автоматизирано чистење, сушење и транспорт на отпадот;

 12 анализи на крвта на несилките годишно;

 Зголемување на бројот на несилки од 30.000 во 2002 година до 120.000 несилки во 2007;

 

0Д 30000 НЕСИЛКИ ВО 2002 РАСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА 120000 ВО 2007

ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И АВТОМАТИЗАЦИЈА НА ИСХРАНАТА И АМБИЕНТАЛНИТЕ УСЛОВИ

 

ЈАЈЦА

 

 Автоматски пренос на јајцето веднаш по снесувањето, преку транспортни ленти до местото на сортирање и пакување;

 Проверка на конзумните јајца за одстранување и на најмалите недостатоци;

 Автоматско компјутеризирано сортирање на јајцата по класи, во зависност од тежината, со најсовремена сортирачка со капацитет за класирање и сортирање од 54.000 парчиња јајца на час;

 Ласерско одбележување на секое јајце (со втиснување на логото, класата и датумот на производство) и автоматско пакување;

 Имплементиран HACCP систем за безбедност во производството на храната, во рамки на воведениот стандард ИСО 22000:2018;

 

80% ОД ПРОИЗВОДСТВОТО Е НАМЕНЕТО ЗА  ДОМАШНИОТ  ПАЗАР A 20 % СЕ ИЗВЕЗУВА НА ПАЗАРИTE ОД РЕГИОНОТ (ЕУ, ЦЕФТА и НАТО)

 

НАД 30 МИЛИОНИ ЈАЈЦА ГОДИШНО

 

ЈАЈЦА 2

 Специјални амбалажи од еколошки прифатливи суровини;

 Од 4.3 милиони конзумни јајца произведени во 2002 година, постојан раст на производството и тоа над 30 милиони јајца во 2007 година;

 

ПРОИЗВОДИ И ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО

 

 Погонот за производство на производи и преработки од месо преставува најсовремена инвестиција, започнато е со изградба во 2005 година, а со производство  започнува во Јануари 2007 година;

 Капацитетот на погонот за производство е 5 тони производи и преработки од пилешко и говедско месо на ден, 

 Производи добиени од домашно пилешко и говедско месо;

 Имплементиран HACCP систем за безбедност во производството на храната, во рамки на воведениот стандард ИСО 22000:2018;

 

МЕСО 2

 

 Централен дигитализиран систем за регулација и мониторинг на процесот на производство;

 Германска линија и технолошки процес на производство;

 Климатизиран затворен систем со централна и дигитална регулација на параметрите на воздухот согласно потребите на производниот процес;

 Палета на производи и вкусови од пилешко и говедско месо и нови ексклузивни производи според Германска рецептура;

 

ПРОИЗВОДИ ОД ПИЛЕШКО МЕСО

Eкстра Салама, екстра салама со маслинки, печурки и пиперки, пилешка виршла, димен пилешки деликатес, шунка од пилешки гради, пилешка чајна, пилешки кулен.

 

ПРОИЗВОДИ ОД ГОВЕДСКО МЕСО

Димено говедско месо, димен говедски деликатес, Екстра говедска салама, говедска мортадела,  говедски суџук и Говедска чајна. 

 

ПОДГОТОВКИ ОД МЕСО

Говедски донер, Пилешко Гиро, Ќофте, Плескавица

 

КАТЕГОРИИ НА ЈАЈЦА: S (≤ 53 гр); М (53 – 63 гр);  L (63 – 73 гр); XL (73 – 83 гр); и XXL (> 83 гр).

 

 

 

 

 

 

 

Работно време:
Понеделник - Сабота: 07:00-15:00
Недела: Не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: www.vezesharri.mk

 

fb Instagram

 

 

 

 

Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 00:00
Недела: 09:00 - 00:00

e-mail: levelone@hotmail.com
web:

fb Instagram

Работно време:

Пон - Нед од 08:00 до 22:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

РЕ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

РЕ Комунална Хигиена како дел од ЈКП ТЕТОВО Тетово има главна обврска да собира, транспортира и депонира на отпадот, да одржува јавните површини и да го менаџира парк и зеленило и православни гробишта.

За вршење на обемот на работата РЕ Комунална Хигиена во свој состав како сектор има :

  • Одделение за Комунален Отпад
  • Оддел Еко патрола
  • Оддел за селекција и транспорт на отпад
  • Одделение за јавна чистота
  • Оддел Парк и Зеленило
  • Одделение за православни гробишта
  • Одделение за механизација

РЕ Водовод и Канализација

РЕ Водовод и Канализација како дел од ЈКП Тетово има обрска да управува и одржува водоводниот систем во градот Тетово, водоводниот систем во селото Сарачино, Фалише, како и да дава услуги за граѓаните за одржување на мрежата и да врши приклучоци во нова мрежа

Водовод и Канализација во свој состав како сектор има

  • Одделение Водовод со оперативата
  • Одделение за водотехничка лабораторија
  • Одделение за канализација
  • Одделение за технички работи и развој
 

УСЛУГИТЕ

Услугите што ги нуди ЈКП ТЕТОВО Тетово на граѓаните на општина Тетово се :

  • Собирање на комунален отпад на домаќинствата и на правните лица.
  • Одржување на јавните површини (чистење од отпадоци,перење и миење).
  • Депонирање на отпадот до регионална депонија .
  • Одржување ,озеленување на новите зелени површини.
  • Дистрибуција на вода за пиење и одржување на водоводна мрежа.
  • Собирање, третирање на отпадни води .
  • Одржување на фекална и атмосферска канализациона мрежа
  • Услуги за гробишта.
  • Давање на закуп на недвижен имот.
  • Одржување на пазарот со мало и големо со што подразбира одржување на комуналните објекти и објектите за давање подзакуп.

 

Работна заедница

Во рамките на ЈКП ТЕТОВО Тетово функционира и управата како единица на претпријатиет,

Управата е организирана и тоа во :

Сектор за наплата и фатурирање со

  • Одделение за домаќинство
  • Одделние за правни лица
  • Одделение за закуп и резерваци
  • Одделние за контрола

Сектор за финасиски прашања со:

  • Одделение за сметковоство
  • Одделение за јавни набавки

Сектор за правни работи, со:

  • Одделение за правни работи
  • Одделение за општи работи

Работно време:

Пон - Саб: 00:00 - 00:00
Недела: не работиме

e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.npktetova.mk

 

fb Instagram

 

 

 Ndërmarja tregëtare ndërtimore HAJRI KOM bën pjesë në grupin e ndërmarjëve me biznes të vogël. Kjo ndërmarje ndërtimore hapat e para të punës i filloj jasht shtetit, në Zvicër, gjatë periudhës në vitet 1980-1990.
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web
 
 fb Instagram
  
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org