MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Во текот на своето постоење Градината игра значајна улога во едукативно-воспитниот, културниот и рекреативниот живот не само на Градот туку и пошироко, и е една од најпосетените институции во Градот и пошироко во Републиката. Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман, тогаш е предложена и денешната локација која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година. Во тоа време Градината располагала со скромен број животни. Со текот на годините Градината се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни. Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 495 животни од 96 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, едукативен центар.

Во Градината има 50 вработени и 7 волонтери. Од 1926 до 1991 година Зоолошката е под надлежност на Градот Скопје. Од 1991 до 2005 преминува под надлежност на министерство за култура на Р.М, а со децентрализацијата од 01.09.2005 е под Град Скопје. Има воспоставено соработка со други зоолошки градини како: Битола, Загреб, Белград, Нирнберг, Палиќ, Љубљана, Келн, Москва, Виена. Од 2006 година Зоолошката започна соработка со ЕАЗА (Европска Асоцијација за Зоолошки и Акварии), а од Mај 2009 година Градината се здоби со статус Кандидат за член на ЕАЗА. Во Зоолошката градина се одржуваат практични настави на ученици од средните и основните училишта како и научни истражувања. Зоолошката е отворена за посетители 365 дена во годината. Моментално Градината е во фаза на реконструкција.


Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 18:00
Саб - Нед: 09:00 - 18:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.zooskopje.com.mk

fb   Instagram

Зоолошката Градина во Битола е основана во 1951 година од страна на група ентузијасти и љубители на животинскиот и растителниот свет. Неколку години по нејзиното формирање, заради специфичноста и важноста на нејзината мисија, Зоолошката Градина преминува под директна надлежност на органите на тогашната државна управа.
Сместена во прекрасна природа на падините на Тумбе Кафе, Зоолошката Градина има оригинален и нетипичен “ридско – планински” изглед.

На вкупна површина од околу 2 хектари квадратни, Зоо Битола има матично стадо составено од повеќе од 30 различни видови на животни, со повеќе од 400 нивни претставници. Во Зоолошката Градина работат вкупно 14 вработени кои се задолжени за секојдневна грижа, одгледување, нега односно севкупно подобрување на “престојот” на животните-резиденти.

Зоолошката Градина работи под надлежност на Советот на Општината Битола.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.zoobitola.eu.mk

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org