MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Винарија Сковин

Вторник, 05 Мај 2020 12:48
Rate this item
(1 Vote)

 

Сковин е винарска визба со капацитет од 17 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на Сковин имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава Сковин се стекна и со признанието Супербренд на Македонија. Најголем дел од своето вино, Сковин го пласира во регионот и на пазарот на Европската Унија. Други знaчајни пазари на Сковин се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сe повеќе се зголемува. Вината на Сковин можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада и САД.

Винарницата Сковин е основана во далечната 1979 година, продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од Скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим. Таа за жителите на Скопје долго време важеше за место каде што може да се најде автентично домашно вино. Во 2001 винарницата Сковин беше откупена од групата Фершпед АД, по што следеше период на интензивни инвестиции и опремување на Винарницата со најсовремена опрема и технологија, со што Сковин прерасна во современа винарница и се усоврши во преработката на грозјето.


Македонија се протега на медитеранскиот појас за кој легендите, летописите и митовите велат дека е татковина на виното. Овде овој божествен напиток кој го бодрел духот и на античките божества, и на народните херои, и на поетите, се произведува повеќе од пет илјади години. Нему и сладострасниците и научниците, со право му припишуваат цела дузина не само хранливи, гозбени и лековити вредности, туку и некои таинствени својства, способности да ги развие креативните сили на човековиот дух, спремен да вдахне на даровите на природата и некои импулси на својата фантазија, култура и човечност. На територијата на Македонија се менувале кралства и империи, доминирале или се провлекувале разни религии и цивилизации, но култот спрема виното никогаш не ја губел својата постојаност, трајност и привлечност. Плодовите на таа традиција живеат и денес.

Работно време:
Пон - Петок: 08:00 - 24:00
Саб - Нед: 08:00 - 24:00

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.http://www.skovin.mk/

fb Instagram

Read 65 times Last modified on Среда, 06 Мај 2020 12:07

Image Gallery

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org