MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Фрутема

Wednesday, 03 February 2021 13:41
Rate this item
(1 Vote)

Фрутема ДООЕЛ е компанија основана во 2009 година. Плантажите се лоцирани во повардарскиот регион на Македонија. Овој регион е под влијание на медитеранската клима која обезбедува идеални услови за произдводство на свежо овошје и трпезно грозје.

Наша мисија
Современиот начин на живот ги натера луѓето да бидат особено внимателни кога станува збор за нивната исхрана. Брзото темпо на живеење наметна и одреден начин на исхрана базиран на брза храна, но последиците од оваа исхрана многу брзо ги даваат и првите негативни последици – намален имунитет, истоштеност, зголемена тежина, така што луѓето природно чувствуваат потреба да му дадат освежување на својот организам, базирано на најголемиот извор на витамини – овошјето.

Фрутема се занимава со производство на сливи, кајсии, цреши и трпезно грозје, овошја кои претставуваат неизбежен дел од секојдневната исхрана на човекот, што дополнително ја зголемува нашата грижа и одговорност постојано да го подобруваме квалитетот на нашите производи.

Токму тоа е и мисијата на нашата компанија – преку нашите клиенти, па се до крајните потрошувачи, да пласираме свежо овошје со висок квалитет, произведено по теркот на светските стандарди.

Истовремено нудиме отворен и модерен пристап кон потребите на нашите клиенти, гарантирајќи висок кредибилитет, сигурност и брзина во реализирањето на нашите услуги.

Наша визија
Нашите визии за понатаму се насочени кон зголемување на опсегот на нашата компанија и подобрување на квалитетот во секоја област. Тоа вклучува и развој на сопствена дистрибутивна мрежа со ладилници и секојдневна достава на нашите производи до вашите маркети.

Дејности: овошје - преработка, производство и трговија на големо

Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.frutema.mk

fb Instagram

Read 892 times Last modified on Monday, 09 October 2023 11:26

Image Gallery

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org