MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

КАНЕТ АГРО ДООЕЛ СКОПЈЕ

Wednesday, 20 January 2021 14:28
Rate this item
(0 votes)
  • Локација: Скопје
  • Адреса: ул. Јордан Хаџи Константинов Џинот бр. 20
  • Контакт: 023 222 787 | 070 306 753

 
Компанијата КАНЕТ-АГРО дооел Скопје е основана во 2006 година, како последно од 5-те друштва во Групацијата КАНЕТ, која егзистираат од 1990 година, а делуваат во областа на консултанството, сметководството, хотелиерството, градежништвото, недвижностите, оранжериското производство...Компанијата КАНЕТ-АГРО дооел Скопје е основана во 2006 година, како последно од 5-те друштва во Групацијата КАНЕТ, која егзистираат од 1990 година, а делуваат во областа на консултанството, сметководството, хотелиерството, градежништвото, недвижностите, оранжериското производство.
Примарна дејност на КАНЕТ-АГРО е оранжериско производство на раноградинарски зеленчуци. Започнавме во 2006. со купување на оранжеријата во Чашка, со 12 ха под стакленици, потoа во 2007. ја купивме оранжеријата во Негорци со 22,5 ха под стакленици и во 2011. оранжеријата во Богданци, со 18 ха под стакленици. Во текот на сезоната КАНЕТ-АГРО вработувал 500-600 работници. Денес ја имаме само оранжеријата во Негорци, која е една од најголемите во Македонија и има извор на гео-термална вода.
Лоцирана е во атарот на селата Негорци и Прдејци, оддалечена околу 4 км од Гевгелија, на надморската височина од 64 м, во поволните климатски фактори, до самиот автопат Е-75.Оранжеријата се простира на вкупна површина од 65 ха, од кои 22,5 ха се под стакленици, а остатокот е отворено поле. Во склоп на овој комплекс се наоѓаат административни згради, магацини, современа разладна комора, 4 котлари, мазутара, механичка работилница.
Стаклениците се опремени со систем за наводнување капка по капка, имаме 4 бунари со природна вода и две бушотини со гео-термална вода. Со оранжериите работи стручна и професионална екипа составена од агрономи, инжењери, техничари... а зеленчукот по бербата во самиот комплекст веднаш се калибрира, сортира, пакува и испорачува, главно во извоз. Производство е според европскиот стандард (Еурогап) и 90% е наменето за извоз во Европа. Во оранжериите во Негорци произведуваме: се произведуваат следниве главни производи во наведените периоди и можни количини: домати, корнишони, краставици, зимска зелка, пролетна зелка, кинеска зелка. Покрај овие најчесто застапени производи, се: марула, карфиол, брокула, компир...
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.kanet-agro.com

 

 

 

 

Read 515 times Last modified on Wednesday, 17 May 2023 13:44

Image Gallery

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org