Камбанаријата е обновена во периодот 2016 - 2017 година, и осветена од Архиепископот г.г. Стефан на 8. април 2017 г. (Лазарева сабота). Во истиот период (2016-2017 г.) е обновен стариот конак, изграденa e нова крстилницa, а во трпезаријата и храмот е исликан прекрасниот фрескоживопис од зографската тајфа „Св. Наум Охридски“, која ја сочинуваат шестмината млади македонски иконописци.
Сите зданија при манастирскиот комплекс се изградени и украсени со финансиски средства на Скопската православна епархија, со усрдна помош на бројни жители на Радишани, но и со посебен придонес од отец Методиј (Петров), игумен при Валаамскиот манастир, кој штедро помогна во изградбата, фрескоживописот и украсувањето на манастирскиот храм и комплекс, за што од страна на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан е награден со одличијето „медал Архиепископ Доситеј“
Во дворот на црквата тече извор на лековита („чудотворна“) вода и тоа посветена на „Света Петка“, „Света Недела“ и на „Празникот Преполовение“.
Храмови слави се празниците посветени на свети Наум Охридски (5/23. јануари и 3/20. јули) Света Недела, Крстовден и Томина недела.
Пон - Саб: 08:00 - 16:00
Нед: Не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: