MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Ресана

Wednesday, 23 September 2020 13:10
Rate this item
(0 votes)

Добредојдовте во светот на слатките задоволства кои ќе направат животот да ви биде поблаг. Доколку славите, одбележувате или поклонувате, дозволете да ве засладиме и усреќиме со нашиот широк асортиман на колачи правени по оригинални рецепти.

"Ресана" претставува креативна последица од искуството, умешноста, посветеноста, истрајноста и над сето тоа оптимизмот во изминатите 60 години.

Нуди прекрасен избор на торти и слатки за сите Ваши веселби, родендени, свадби, крштевки и за сите други прилики. Ние секогаш сме подготвени да одговориме на Вашите идеи и да направиме торта од Вашите соништа. Со задоволство подготвуваме забавни и уникатни слатки на кои тешко можете да им одолеете.

Ако постои торта што можете да ја замислите, повелете кај нас да ја креираме за Вас.

Успехот се состои во оригиналните рецепти, традиционалните македонски колачи, вкусните и прекрасно украсени свадбени и роденденски торти.

За да се постигне совршенство во вкусот, нашите слаткарски мајстори користат свежи суровини како: брашно, шеќер, јајца, млеко, филтрирана вода со највисок квалитет и работат во средина опремена по HACCP стандарди.

Работно време:

Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.resana.mk

fb Instagram

 

 

Read 170 times Last modified on Wednesday, 23 September 2020 13:13
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org