MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Би-Мек

Thursday, 30 July 2020 06:06
Rate this item
(1 Vote)

2002
Основање на компанијата како центар за дистрибуција и сервисирање на медицинска опрема
2003
Kонтинуирано збогатување на производната палета со многубројни првокласни производители на медицинска опрема со потпишување на договори за овластен претставник за Македонија
2005
Комплетирање на високо-технолошки сервисен оддел за техничка поддршка за клиентите со високо едуциран кадар обучен во производните капацитети на принципалите како и доопремување со потребни алати и резервни делови за брзо и ефикасно решавање на сервисните дефекти
2007
Потпишување на долгогодишен договор со Cryo-Save, најголемата Европска банка за матични клетки за нивно ексклузивно застапување на територијата на Македонија.
2010
Техничка поддршка, инсталација и едукација на персоналот низ поголемите јавни болници во Р. Македонија при имплементацијата на големиот проект од страна на Министерство за здравство со инсталација на 42 операциони светла и столови.
2011
Би-МЕК е покровител на првиот симпозиум со интернационално учество за регенеративна медицина и матични клетки во Р. Македонија во организација на Министерството за здравство, Националната фондација за трансплантација и Медицинскиот факултет - Скопје со присуство на повеќе од 450 лекари од РМ
2012
Добитник на признание за општествено одговорна компанија од Министерството за економија на Р. Македонија
2015
Медицинска и биотехнолошка компанија со 15 вработени, авторизиран претставник на 25 светски познати брендови, производители на најсофистицирана медицинска опрема
2015
Достигнува број на инсталирани апарати повеќе од 1500 низ Македонија и стекнување на повеќе од 3500 клиенти во своето портфолио
Во изминативе години Би-МЕК се стекна со голем број на награди и признанија за воведување на иновативна медицинска опрема на македонскиот пазар.Компанијата активно учествува на стручни конгреси, предавања, работилници, саеми со цел подобрување и унапредување на своите услуги.Би-МЕК е активен член во Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Македонско- руската стопанска комора и Македонија 2025.

Работно време:
Пон - Пет: 08:30 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.bimek.com.mk

fb Instagram

Read 390 times Last modified on Thursday, 13 August 2020 10:07
More in this category: Памак »
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org