Музеи | Театри

Почетна :: Музеи | Театри

Замислата да се формира градски музеј на Скопје се појавила во триесетите години на XX век, најнапред како одделение на Градската општина во составот на т.н. Музеј на Јужна Србија во Скопје
По 1945 година, во Скопје како главен град на Народна Република Македонија, созреваат условите за формирање на градски музеј, кој ќе го собира, заштитува и проучува културното наследство на градот и неговата околина. Во 1949 година, Градскиот Народен одбор на Скопје (ГНО) го основал Народниот музеј на град Скопје. Основач било Општинското собрание на град Скопје, а прв директор била назначена Блага Алексова (1949-1950).
Музеј на Град Скопје
Официјалното отворање на Музејот било планирано за 11 октомври 1951 година, со отворањето на постојана изложбена поставка по повод десет години од антифашистичкото востание во Македонија.
Советот за народна просвета и култура при Извршниот одбор при ГНО - Скопје, формирал Стручна комисија со цел за извршување на тековни стручни работи во состав:
- Димче Коцо, декан на Филозофскиот факултет и Блага Алексова, асистент при Археолошкиот музеј - Скопје, одговорни за тематиката од областа на историјата на уметноста;
- арх. Борис Чипан, директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје, одговорен за урбанистичкиот развој на градот;
- Душанка Вучковиќ, директор на Археолошкиот музеј - Скопје, одговорна за археолошкото одделение;
- Томо Томоски, асистент на катедрата по национална историја при Филозофскиот факултет - Скопје, одговорен за историското одделение при Музејот;
- Лазар Личеноски, уметник, задолжен за уметничката страна на Музејот;
- Рада Поленаковиќ, кустос во Етнолошкиот музеј - Скопје, одговорна за етнолошкото одделение.
Воедно, во 1949 година, бил формиран и Одбор при Градскиот Музеј - Скопје, во состав Петра Гоцкова, асистент при Народен музеј на град Скопје, Загорка Дуковска, началник на Одделението за култура и уметност при ГНО - Скопје и Ацо Петровски, претседател на Филмскиот уметнички совет “Вардар Филм” - Скопје.  Одборот имал задолжение да ја подготви и реализира планираната постојана изложбена поставка и  да ги приведе кон крај подготовките за отворање на Музејот.
Во следните две децении Музејот бил соочен со проблеми за добивање на соодветна зграда што ќе одговара на музејските потреби. Од 1949-1952 година, Музејот бил сместен во просториите на тогашното Поверенство за наука и култура при ГНО - Скопје. Од 1952-1956 година, Музејот бил преселен во привремената административна зграда која се наоѓала зад Средното техничко училиште, во близина на Градскиот парк, користејќи две канцеларии и два магацина. Со тоа, Музејот бил вратен на почетните позиции без своја зграда, која била еден од условите за вршење на музејската дејност во целост. За целото тоа време, собраниот музејски материјал бил сместен во несоодветни простории во разни магацини низ градот. На почетокот на 1956 година Музејот бил вселен на првиот кат од зградата на некогашната Турска телеграфана т.е. Пошта. Во 1962 година, Музејот добил можност да се прошири и да го добие целиот втор кат од зградата за што бил изработен проект за адаптација на просторот, во кои подоцна биле реализирани четири тематски изложби: “Скопје низ ликовни творби”, “Амбиент на турска соба”, “Ликовното творештво на Нерези” и “XII Народноослободителна бригада”.

 Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.mgs.org.mk

fb Instagram

 Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Музејот на современата уметност – Скопје е симбол на солидарноста, која како трајна вредност останува врежана во колективната меморија на македонската јавност.

МСУ – Skopje, е прв музеј на современата уметност на Балканот и е најкомпетентна установа, чија дејност е откривање, негување и ширење на високите културни вредности на денешницата. Целта на Музејот е континуирано продлабочување на врската помеѓу домашната и меѓународната уметничка сцена на нашето време. Својот препознатлив авторитет, МСУ го става во функција на презентирање, разбирање и уживање во уметноста.

Покрај драгоцената колекција, која дава репрезентативен увид во модерната и современата уметност, Музејот ќе продолжи со успешното спроведување на својата мисија - откривање и приближување на уметничките вредностите на сегашноста и иднината.МСУ ќе продолжи да биде современ Музеј, кој е отворен и достапен за сите почитувачи и љубители на уметноста. Истовремено препознатлив како место за дружење и разговори, за средби со поводи и без поводи. Тој ќе комуницира соодветно со средината, поттикнувајќи љубопитност кон уметноста, за посетата на Музејот да стане дел од сечие секојдневие.

Тоа секому ќе му овозможи да излезе од сопствените рамки и да се приклучи во глобалните случувања на културата и уметноста.МСУ и понатаму ќе претставува „градско место за средба“ – влезната порта во културниот живот на градот, која ги внесува посетителите во современите уметнички збиднувања, на национално и меѓународно ниво.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: 
web

fb Instagram

Специјализиран историски музеј посветен на патот до независноста на Република Македонија

Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим е проект на Владата на Република Македонија, а реализиран од Министерството за култура на Република Македонија.
Формиран е со Одлука на Влада на РМ од 31 јули 2008 година. Изградбата на Музејот почнала во 2008 година и траела три години. Музејот е отворен на 20 годишнината од независноста на Република Македонија, на 8 Септември 2011 година. Музејот е сместен во објект од 6435 квадратни метри нето површина. Музејските изложбени простории опаќаат 2500 квадратни метри.
Музејот на македонска борба, како специјализиран музеј со историски музејски експозиции, има за цел изворно да ги презентира историските, културните и револуционерните традиции на Македонија и на македонскиот народ во нивната повеќевековна борба за создавање на своја национална држава на Балканот. Музејот претставува документирано, современо и објективно нагледно средство за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија. Преку изложбените експонати се презентирани историските премрежиња низ кои поминувал македонскиот народ во остварувањето на својата слободарска визија, на изворната идеја на македонската револуционерна борба за ослободување на Македонија, обединување и создавање на самостојна и независна македонска држава. Исто така, преку музејските експонати е прикажана голготата низ која врвеле македонските граѓани, на нивниот отпор против комунистичката диктатура, жртвувајќи го својот живот за самостојна, обединета и демократска Македонија.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.mmb.org.mk

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web

fb Instagram

Национална Установа Музеј – Гевгелија претставува музејска институција  од областа на културата која се занимава со истражување, ископување, собирање, документирање, обработка, конзервација, публикување и презентација на движното културно наследство. Институцијата по својата поставеност и организациона структура претставува општ музеј кој поседува четири збирки, и тоа, археолошка збирка со околу 5500 предмети, етнолошка збирка со 600 предмети, историска збирка со околу 200 предмети и збирка од историја на уметност со 20 предмети.
Во музејскиот изложбен салон е сместена постојаната археолошка  поставка со наслов ,,Вардарски Рид со околните наоѓалишта,, во која се претставени над 350 предмети од горенаведените локалитети застапени со следниве видови на наоди: садова керамика, накит, камена и теракотна пластика како и калапи за нивно производство, луксузна керамика, керамичка када, амбалажни садови и голем фонд на монети од сите кралеви на античка Македонија. Сите овие неповторливи сведоци на минатото се настанати во период од 4500 пред Христа (неолит) до послените децении на IV век по Христа (доцна антика) пронајдени во општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Оваа поставка претставува придонес кон вреднувањето, значењето и посебноста на Вардарски Рид, како во културниот развиток на протоисториските заедници, така и во раната антика со востанувањето на првата урабанизација и градски живот, со сите карактеристики на населбинско живеење во еден историски посведочен старомакедонски градски центар - антички град Гортинија, во непосредна близина на Гевгелија, изразувајќи го уметнички дострел на општественото, културното и религиозното живеење на Вардарски Рид.
Добиените резултати од истражувањата, музејот ги обработува во разни форми на извештаи и сепарати, ги презентира и објавува во стручни изданија, на симпозиуми, научни собири и јавни гласила. Од публикации и изданија предвидени за продажба располага со:
-    Уметноста на Вардарски Рид (каталог), Е.Сламков, НУМГ 2004
-    Водич низ постојаната археолошка поставка,
Б.Хусеновски, Е.Сламков, НУМГ 2005
-     Античките монети од Вардарски Рид, Б.Хусеновски, НУМГ 2004
-     Античките монети од В.Р (каталог), Б.Хусеновски, НУМГ 2007

Вредност на публикации: од 150 – 600 денари.

Исто така, во рамки на музејот се наоѓа  работилница за изработка на комерцијални копии на музејски предмети, нивно сертифицирање и продажба. Достапни се комерцијални копии во вредност од 150 – 2400 денари во зависност од материјалот и начинот на изработка. Истите се сместени во посебна изложбена витрина. Исто така, Музејот има и две подружници за продажба на музејски копии и сувенири сметени на граничниот премин Богородица и во Стар Дојран.

Манифестации:
- Меѓународен ден на музеите
  18 мај, влез слободен
- Европски денови на културно наследство  
   период: од 25 Септември до 05 Октомври (променлив датум)
   влез слободен

Критериуми за посета на Музејот во Гевгелија:
-    секој работен ден од 09 – 15 часот
-    слободен четврток, влез слободен
-    средношколска среда, влез слободен
-    обезбеден водич – едукатор
-    група од 20 – 25  луѓе
-    влезница – 60 ден
-    групна влезница – 30 ден
-    забрането е фотографирање и снимање

За подетални информации Ви стоиме на располагање.

Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 15:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: 
web

fb Instagram

Музеј Штип

Wednesday, 03 June 2020 12:51

 

Музејот во Штип е отворен со одлука на Народниот одбор на градот Штип на 10.5.1950 година. Првата поставка на Музејот е поставена во Хуса – Медин пашината џамија и имала етнолошки карактер. На 11.10.1956 година Музејот е преместен во ново-адаптирана зграда од староградска архитектура, позната како куќата на Арсови (браката Тошо и Љупчо, народни херои).

Во 1964 година беше отворена постојана изложбена поставка на современо македонско сликарство во уметничката галерија Безистен, која претставува дел од Музејот. Во 1972 година, на иницијатива на Коста Балабанов, во црквата од 19 век - Устание на пресвета Богородица во Ново Село е отворена постојана поставка на икони.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: 
web

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web

fb Instagram

Оваа година ја прославуваме 25 годишнината од формирањето на Музејот на град Кратово како културна институција од посебно значење, за Кратово и пошироко. Формирањето на Музејот на град Кратово датира уште од 1983 година кога се формирала музејска збирка во состав на штотуку изграден и институализиран Дом на културата ,,Лазар Софијанов,,.

Меѓутоа созреале условите за формирање на Музејот на град Кратово како самостојна институција. Во 1993 година група на културни работници вработени во музејската збирка при Домот на културата ,Лазар Софијанов,, ја формирале институцијата која имала за цел да се грижи за движното и недвижното културно наследство кое нешто кратовскиот регион го има во изобилство каде Кратово преставува град-музеј.

Во Музејот на град Кратово се формирале неколку одделениа како штосе: етнолошко, археолошко, историско а покасно и конзерваторско одделение. Во досегашното 15 годишно постоење на музејот музејските работници кои се вработени во оваа институција направија голем исчекор кон развојот на музејската дејност во Кратово и пошироко со тоа што се соберени, обработени и изложени над 1000 етнолошки, историски и археолошки музејски предмети.

Во овој период се одржани над 20 тематски повремени изложби, 100 ликовни изложби, 20 промоции на книги, 4 постојани поставки, голем број на историски и етнолошки архивски и теренски истражувања, над 100 конзерваторски интервенции врз предметите. сето оваа е плод на малиот но стручен тим кој е вработен во Музејот.

Денес се вработени 5 стручни лица и тоа: 1 д-р на филолошки науки, 1 виш кустос-етнолог, 1 виш кустос историчар, 1 виш конзерватор и 1 административно лице. Голем печат оставиле и досегашните раководни лица кои биле на чело на оваа иснтитуцијата. Така прв в.д.Директор бил Илија Митевски ( 10.05.1993 - 17.11.1993 год.), втор в.д. Директор бил Драган Георгиевски ( 17.11.1993 - 25.05.1995 год) трет Директор бил Стојмир Петров ( 25.05.1995 - 25.05.1999 год), четврт в.д.Директор е Лела Петрова( 25.05.1999 - 16.12.2002 год) пети в.д Директор Илија Митевски ( 16.12.2002 - 15.11.2006 год) шести в.д. Директор Драган Георгиевски ( 15.11.2006 - 1.10.2007 год) - Директор во моментот е Драган Георгиевски од 01.10.2007 - до денес).


Од 2005 година Музејот на град Кратово е Општинска иснтитуција која во својот состав ги опфаќа поставките водвата културно-историски псоменици Саат кулата и Симиќева кула. Во Саат кула е сместена постојаната поставка Кратово низ вековите. Автор на ова поставка е д-р Зоран Тодоровски Директор на Државниот архив на Република Мајкедонија и д-р Мирјана Нинчовска од Скопје. Во ова кула е сместена и сувенирницата во која се продааваат сувенири изработени од Кратово и кратовско како и пропаганден туристички материјал. На нагорниот кат е сместена кратовска соба во која сите гости кои доа”аат во Кратово отседнуваат на сок,чај или кафе. Во Симиќева Кула е сместена постојаната поставка Карпошевото востание од 1689 година, потоа изложбата ,,Отпретано сведоштво,, и сувенирница.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

ПОРТФОЛИО  НА  Н.У. МУЗЕЈ - КУМАНОВО ПОРТФОЛИО  НА  Н.У. МУЗЕЈ - КУМАНОВО Официјално, на 21.12.1964 година со Решение бр. 2447/1, е формирана  самостојна установа Историски музеј, која во 1979 година го менува името во Народен музеј Куманово.

Од 27 јули 2004 година, Музејот е пререгистриран како Национална установа Музеј - Куманово. Во своето повеќегодишно постоење, Музејот се афирмира како значајна научна и културно-образовна институција, чии стручни лица - кустоси се грижат за теренски истражувања, обработка, фото и техничка документација, презентација и публикација, како на материјалната, така и на духовната култура во Куманово и Кумановско, почнувајќи од праисто-ријата па се до денес, со најновите културни збиднувања.

Располага со над 8000 експонати, од сите збирки на одделенијата, што е резултат на теренските истражувања, подарок или откуп и научната обработка. Ова културно наследство, континуирано беше презентирано преку повремени тематски изложби, чија бројка изнесува над 800, а  на 30 јуни 2006 година за првпат  музејскиот материјал е изложен на Постојана поставка во музејската зграда на приземјето и катот, на површина од  250 м2.

За својата истражувачка, изложбена, издавачка и културно-просветна дејност, Музејот е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои двапати на ноемвриската награда, 1972 и 1986 година, за 4 етно-филмови има освоено прва и втора награда, а посебно за документарниот  етно - филм: “Таму некаде горе во планината” има освоено 3 златни плакети во 2004, од кои едната е надвор од Р. Македонија, од Велика Британија во 2005 година,  и во 2010 година, Музејот доби златна плакета,  од страна на ИКОМ (Македонски национален совет на музејски работници) за најдобар Музејски проект - 2009, за изложбата: “Архитектонска декоративна пластика на сакралните градби во Кумановско” и уште еднаш за музејски проект на годината за 2017, со археолошкиот проект “Кокино македонски бренд“, 2018.


Составен дел на Музејот е Уметничката галерија, Куќата - музеј  на народниот херој од Куманово, Хрис-тијан Тодоровски - Карпош, Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце, Галеријата на икони и Археолошкиот локалитет Татиќев Камен, кај с.Кокино-археоастрономска опсерваторија која Американската вселенска компанија НАСА, како опсерваторија, го рангирала Кокино на 4-то место во светот,

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.kumanovomuseum.com
        www.kokino.mk

fb Instagram

Page 1 of 2
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org