Клиники

Почетна :: Клиники | Општа медицина

Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Нед: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

https://www.instagram.com/kkbravados/

https://www.facebook.com/kkbravados/

 

 

Установата во континуитет од 1954г. интензивно работи на промоција на сите облици на културни дејности со особена програмска цел, со едукативно културолошко делување врз сите старосни групи на населението, притоа негувајќи ги нивните вистинските културни потреби. Домот создава и промовира разнообразни културни и едукативни програми со кои се поттикнува и се пренесува знаење со креативно користење на слободното време на граѓаните, со задоволување на нивните потреби за сопствено творештво.

Нашето културно уметничко творештво успешно го презентираме во градот, Републиката и надвор од неа. Работиме и на унапредување на јавната свест за потребите на децата со специјални потреби со цел за подигање на квалитетот на нивниот живот. Нашата установа исто така е релевантна мултикултурна средина за промовирање и популаризација на културните вредности на различните етнички заедници.

Програмските активности Установата ги реализира по дејности : литературна, ликовна, едукативно- образовна, музичка и фолклор дејност. Организира фестивали: Меѓународен фолклорен фестивал „Играме и пееме заедно“ и Мултикултурен фолклорен фестивал.

Манифестации: Мултикултурна „Патуваме преку сказни“, ликовна „Жената симбол и инспирација“, „На Велигден на Благден“, „Од животот на Ромите“, „Ден на албанската азбука“ и „Денови“.

Литературната дејност реализира програма којашто има рамномерен пристап кон сите жанровски облици на македонската книжевност и на книжевностите на другите етнички заедници во Р.Македонија и на нивните актуелни достигнувања. Ќ Претставени се нови дела особено на домашни етаблирани автори, поети, раскажувачи, делата на наградувани автори. Промовираме и младите автори во подем. Посветуваме особено внимание на веќе починати наши современици. Промовираме поважни наслови на преведени дела, (особено на наградени автори на светската литература за деца).

Во едукативно-образовната дејност се остваруваат информативни, образовни, културни, економски, политички и научно истражувачки содржини од најразлични области секогаш внимавајќи и тргнувајќи од актуелните случувања во државата и во согласност со потребите што ги наметнува современото живеење.

На трибините, предавањата, и дебатите коишто се реализираат во циклуси учествуваат познати професори академици, политичари, новинари.

Ликовната дејност е со ангажирана тематика, од сферата на специфичните вредности и карактеристики на македонското поднебје, скопско и пошироко, од сферата на духовноста, од традицијата, од ризницата на световното и сахралното културно наследство, како и со актуелна проблематика од глобален карактер- зажтита на природата, афирмација на старите занаети, афирмација и претставување на други култури.

Установата е отворена и достапна за сите видови соработка, соработката со другите установи од областа на културата, организации, образовни институции, културни работници во градот, во Републиката и пошироко, соработка со културни центри од Европа, и европски културни центри во РМ . Соработка со издавачки куќи, поединци и со приватниот сектор.

Повеќето културни настани се реализираат во двата салона (мал и голем) во просторот на Домот, а дел од настаните и надвор од просторот на Установата.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00 
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

Работно време на галериите:
Пон - Пет: 08:30 - 20:00

Работно време во текот на програмските активности:
Пон -Пет: 14:00 -22:00

e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Kомпанија Атанасовски ДОО Илинден, е основана за приоритетна дејност – производство, дистрибуција и трговија со месо и производи од месо. Почетоците се со скромни производствени капацитети и помали количини, но од година во година производството забележува постојан подем. Малите производни капацитети и потребата за зголемено производство на свинско месо, ја предизвика компанијата да размислува за проширување и инвестирање во оваа област.

Така во 2013 година компанијата инвестира во нов капацитет – Фарма за одгледување на свињи – ВИНИ ФАРМА ДОО Илинден, со капацитет од 20.000 гоеници годишно, лоцирана во еколошки здрава животна средина во с.Пекљани, Виница.

Производите кои ги нуди Компанијата од сопствениот  асортиман, а кои содржат свинско месо, се изработени исклучиво од свежо свинско месо, од свињи кои се колат два пати седмично, и се дистрибуираат до крајните корисници секојдневно со сопствени возила специјализирани за дистрибуција на месо. Во целокупниот процес од одгледување на свињите до обработка и дистрибуција на месота строго се води сметка за исполнување на стандардите за биолошката и хемиска безбедност на месото, контрола на квалитетот, хигиена и санитација, имплементација на стандарди за квалитетна и безбедна храна, преку што се придонесува во одржување на нивото на квалитетен живот на потрошувачите. 

Покрај сопствената месарница ,,Компанија Атанасовски,, лоцирана на ул.9 бр.43 во н.Илинден, Компанијата врши дистрибуција и снабдување со свежо месо и производи од месо на голем број месарници и угостителски објекти низ целата држава.

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 20:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web

fb Instagram

11986554 136658133345856 3594842660340440108 n

- Курсеви за предшколска возраст
- Курсеви за школска возраст
- Курсеви за средношколци
- Курсеви за возрасни
- Спремање
- Оваа година ви нудиме 15% попуст за изучување на втор јазик.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Првата Приватна Монтесори градинка во Македонија
Монтесори е подготовка за живот
Монтесори е еден од најнапредните системи на едукацијата
Девизата на Монтесори е Помогни ми да го направам сам
Монтесори е солидна база за идните големи луѓе

Нашето долгогодишно искуство, релевантните професионални сертификати и акредатиции, како и целосна имплементација на Монтесори стандардите, се главниот дел од причините за оваа престижна титула.

Се гордееме со многубројните признанија кои низ годините ги добивавме од престижни институции, компании и медиуми, кои сведочат за квалитетите на нашата градинка. Сепак, најголема гордост за нас, и наши најголеми амбасадори се 27-те генерации на Изворчевци кои се пример за квалитетот на образованието кое децата кај нас го впиваат.

Божана Марковска
Основач и Главен Едукатор во Монтесори-Изворче

Пред повеќе од 27 години, тргна кон остварување на својата мисија, да овозможи квалитетно образование за деца, во периодот во кој децата најмногу ги развиваат своите капацитети. Божана Марковска е дипломиран психолог, лиценциран Гешталт психотерапевт, лиценцирана за трансакциона терапија, Монтесори едукатор за предучилишно ниво.

По завршувањето на гимназијата продолжува со своето образование на Филозофскиот факултет во Скопје како една од првата генерација дипломирани психолози. Подоцна добива диплома по Гешталт психотерапија, која меѓу другото помага во развојот на креативниот потенцијал на личноста и беше од суштинско значење за неа да ја отвори првата приватна градинка во Македонија пред 27 години.

Во 1996 година, со поддршка на OPERA NAZIONALE MONTESSORI на Италија, тие беа првите што го започнаа Монтесори во Македонија, како што беше напишано во весникот VITA DELL INFANZIA. Бројни меѓународни контакти овозможија таа да се развие во успешен Монтесори Едукатор. Во 2007 година градинката Монтесори Изворче беше прогласена за модел на предучилишна установа за Југоисточна Европа. За практична имплементација на Монтесори педагогијата таа предавала на 5 универзитети во 5 различни земји. Во моментов, Божана е целосно посветена на децата од нашата градинка.

Елена Марковска
ко-сопственик на Монтесори-Изворче

Таа е Монтесори едукатор за ниво од 3-6 и од 6-9 години. Северно-Американската Асоцијација ја потврди како Монтесори програмски координатор и едукатор за деца од предучилишно и училишно ниво. Од 2014 година e преседател на Југоисточна Европска Монтесори Асоцијација. Монтесори педагогијата ја преставуваше на Педагошките факултети во Скопје, Сандаски (Република Бугарија), Елбасан (Република Албанија). Интензивно пренесува искуства од Монтесори едукацијата и од Канада, САД и Мексико.

 

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.montessori.mk

fb   Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 07:30-8:30 - 15:30-16:30
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.uhmr.gov.mk  

fb   Instagram

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) е национално тело за стандардизација кое ги претставува националните интереси во меѓународните, европските и регионалните организации за стандардизација, ги промовира стандардизациските активности и преку здружување на јавните и приватните заинтересирани страни, ИСРСМ подготвува и усвојува доброволни национални стандарди.

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.isrsm.gov.mk

fb   Instagram

Дејности: предучилишни установи и детски градинки – приватни

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb   Instagram

Дејности: предучилишни установи и детски градинки – приватни

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb   Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org