Културни центри | Библиотеки

Почетна :: Културни центри | Библиотеки

 

22049832 1681691098519496 8896358183602176024 n

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.centarzakulturaohrid.com.mk

fb Instagram

Национална установа центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино

Центарот за култура е изграден 1938 год.  под името „Народен дом“. По Втората светска војна 1948 год. со работна акција се направени целосни измени и реконструкции на внатрешниот  и надворешниот дел. Центарот за  култура во тоа време располагал со 1400м2 површина од кои на  сценскиот простор отпаѓа 156м2 и имал две сали (една поголема и една помала со 400 седишта) и тераса како отворено летно кино. Во тој период Домот бил опремен со основните предмети за извршување за културните збиднувања. Во педесетите години големата сала на Центарот за култура била оспособена за киноприкажувачката дејност, во неа редовно се прикажувани филмови од различен жанр и киното како такво било едно од најпосетуваните места во Неготино се до 1991 год. со излегувањето на видео-касетите од кога ова дејност замира.

Во 1964 год. во склоп на тогашниот Дом на култура е отворена првата  Радио станица од локален карактер која успешно работела во тоа време и секогаш се усовршувала со нова технологија. Во тој период населението  сите информации кои биле во врска со земјоделието, културата, спортот и сите локални настани ги добивале од оваа радио станица. Исто така преку оваа радио станица биле исполнувани сите таканаречени „поздрави желби  и честитки“ на граѓаните, а секојдневно се објавувале  соопштенија и мали  огласи.

Во 1986 год. е извршена целосна реконструкција и надградба на објектот, се реконструира големата сала и на место на дрвените седишта се поставуваат помодерни тапацирани фотељи, се затвара летното кино кое било на терасата и на негово место се надградува Работничкиот универзитет. Со изградбата на Работничкиот универзитет во склоп  на тогашниот Дом  на култура се регистрира уште една дејност. Основата на оваа  дејност е изучување на странски јазици и одржување на различни курсеви за обука на населението како што се диктилографски курсеви, курсеви од областа на занаетчиството, и угостителството. Исто така граѓаните кои не биле во можност да го завршат основното образование овде можеле да го завршат истото. 

Во 1987 год. се прави  поделба на три субјекти кои самостојно   ќе продолжат да делуваат и тоа на: Дом на култура, каде основни дејности биле аматерскиот театар, киноприкажувачката дејност, одржување на концерти и сите културни манифестации, Работнички универзитет со својата образовна дејност и Радио Неготино како Центар за радио печат и издавачка дејност.

Од  1996 год. е извршена промена на името на тогашниот Дом на култура Неготино, во  Дом на култура „Ацо Ѓорчев“-Неготино со што постхумано му се оддава голема чест на нашиот најпознат во Македонија, а со потекло од Неготино актер  Ацо Ѓорчев.

Во 2004 год. тогашната влада  носи одлука со која еден дел од Домовите на култура се пререгистрираат  во Центри за култура така да нашиот Дом на култура преоѓа во Центар за култура со што делувањето и работењето веќе не е од локален туку има и регионален карактер. Со тоа повторно доаѓа до промена на целосното име од  Дом на култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино во Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино.

Во 2009 год. се направени повеќе внатрешни реконструкции и тоа реновирани се: санитарниот јазол, фоајето кое  што е пренаменет во галериски простор, , се направи пренамена на неискористена просторија во ликовна галерија „АРТ М“ во соработка со ликовни уметници од нашиот град, а во неа излагаа најпознатите уметници од Македонија.  Се  реновира бината во големата сала, сменет е и подот во канцелариите, а во подготовка е и планот за целосна реконструкција на покривот и надворешниот изглед на зградата, конечно по 40 години се направи набавка на  стерео појачало  со миксета и звучници, а во тек е и  набавка на високо квалитетен LCD проектор со кој ќе се прожектираат филмови.

Овој период на културен план е направено многу, направени се неколку театарски претстави како и повеќе културни манифестации кои што прераснаа во традиционални како што се:  Велигден, Манастирски фолклорни средби, формирано е културно уметничкото друштво „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, формирано е литературно друштво „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Со фолклорното друштво се остварени повеќе меѓународни соработки и тоа со: Србија, Бугарија, Република Српска и  Република Турција.

Се оствари проектот „Балкански културни средби“ кој опфати повеќе ликовни уметници од Р.Турција и Р.Македонија кои заедно твореа на ликовен хепенинг прво во град Неготино, а потоа во главниот град Скопје каде што во  Музејот на град Скопје се одржа и ликовна изложба, а  со тоа доби и голем публицитет на државно ниво.

Основни дејности кои се одржуваат  во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино се: музичко сценска, фолклорна, ликовно галеријска, драмска, литературна, киноприкажувачка дејност , фографијата и модерен балет.

Раководители:

Прв Директор на нашата институција бил Лазар Манчев, по него следуваат: Панајот Стојчев, Мишко Мишев, Ацо Ѓорчев, Миле Ангелов, Ристо Стојанов до 1979 год. од 1979 год. па се до  1992 год. како раководител е Владо Солаков. Од 1992 год.  до 1999 год. како раководител на оваа институција бил поставен Ристо Атанасов. Од 1999 год. до 2003год. раководител односно за Директор е поставен Павле Трпков. Од 2003 год. до 2006 год. Директор е  Љупчо Лазов. Од 2007 год. до 2008 год. Весела Честоева. Од 2008 год. до 2009 год. Горан Димов, а од 2009 год. па се до денешен ден 2017 год. Директор на Установата е Мирјана Јованова.

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.centarzakulturanegotino.mk

fb Instagram

 

 Работно време:

Пон - Петок: 07:00 - 15:30 
Саб - Нед: 07:00 - 15:30

e-mail:
web

 

fb Instagram

Јавната Општинска Установа Домот на културата „25-ти Мај„,е формирана во 1980 година.Претставува центар на културното живеење во општината Валандово.  
Дејноста на нашата културна установа е програмско и функционално поттикнување и развој на културата, двигател на културниот израз на севкупната популација во регионот,особено во творештвото на децата и младината,објавување на културно уметничките дела, како и вршење на повеќе дејности од областа на културата меѓу кои:
   
- Музичко-сценска дејност и фолклор
    - Ликовна дејност
    - Издавачко-литературна и драмска дејност
    - Библиотетска дејност
    - Музејска и кинотетска дејност

Секогаш достапен, со отворени врати за сите млади креативци и аниматори на нови творечки идеи.
Цел и интерес е збогатување на културните содржини, и опфатеност на културните содржини и опфатеност на што поголема популација, во сите полиња на работењето.
Домот располага со административна зграда во која се сместени канцеларии, камерна сала,библиотека,музејска збирка,кино сала и фестивалска сала.

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:30 
Саб - Нед: 07:00 - 15:30

e-mail:
web:

fb Instagram

 

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:30 
Саб - Нед: 07:00 - 15:30

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:30 
Саб - Нед: 07:00 - 15:30

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” - Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.
Составена е од стар дел изграден на КП бр.7769/1, која зграда е одредена за споменик на култура со Решение бр. 266 од 30.03.1978 година од Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и музеј Битола и влегува во состав на зона „А” од заштитеното градско јадро, како и во состав на амбиенталната целина на улица Ленинова. За новиот дел од зградата, со Спогодба за давање на корис-тење градежно земјиште бр.12-5996 од 18.11.1981 година, Општина Битола на Матичната библиотека и дава на користење земјиште што претставува дел од КП.бр.7769/1 со површина од 2105 м2 КО Битола, за доградување на библиотека.
Со добивањето на целата потребна документација за градба на новиот објект и по одобрениот проект од 02.09.1983 година, се изгради новиот дел на Библиотеката кои денес заедно со стариот објект претставуваат неразделна целина.
Библиотеката е основана на 25.03.1945 година со решение на Градскиот народен одбор со името: Градска народна библиотека во Битола.

Библиотеката промени повеќе простории. Беше сместувана по овој ред:
во просториите на поранешниот хотел „Турист”, наспроти денешниот Центар за култура;во зградата на О.У „Климент Охридски”, денешно ОУ „Гоце Делчев”;во просториите на поранешниот ресторан „Ројал”, на улица Маршал Тито бр. 80;во зградата на поранешниот Пионерски дом (до 1954);во зградата на ул. Маршал Тито бр. 89 (1954 - 1974);од 1974 година во зградата на адаптираното хирушко одделение на старата битолска болница иод 1982 Библиотеката се проширува во новоизградениот современо обликуван простор кој се наоѓа на ул. Ленинова бр. 39.Од своето основање па до денес Библиотеката претрпе повеќе статусни промени во своето работење и промена на името под кое таа функционирала:
Градска народна библиотека - Битола (1945 - 1947);Дом на културата (1947 - 1952);Градска библиотека (1952 - 1960);Матична библиотека (1960 - 1964);Матична библиотека „Климент Охридски” - Битола (1964 - 1980);Матична и универзитетска библиотека „Климент Охридски” - Битола (1980 - 1995);Матична и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” - Битола (1995 - 2004) иНационална установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” - Битола (од 2004 г. до денес).Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” -

Битола е современа културна институција со книжен фонд од околу 600.000 книги и бројни списанија, со тенденција за перманентно зголемување.
Денес Библиотеката се стреми да стане вистинска виртуелна библиотека, да навлезе во сè повисокиот степен на задоволување на научно-истражувачките и образовните потреби на крајниот корисник, без тој да се грижи од каде и како пристигнала бараната информација, што е возможно само со натамошен развој на современото автоматизирано библиотечно работење.
Програмата на Националната установа - Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ - Битола се темели на реални и остварливи параметри.

Работно време:
Пон - Петок: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: 
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: www.nubsk.edu.mk 

fb Instagram

 

 

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:30 
Саб - Нед: 07:00 - 15:30

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 08:30 - 16:30
Сабота: 10:00 - 14:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web 

fb Instagram

Работно време:
Пон - Петок: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. www.nubsk.edu.mk

fb Instagram

Page 1 of 3
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org