"ЗАЕДНО РАСТЕМЕ ИГРАМЕ И УЧИМЕ" е мотото на Јавната општинска установа за деца детска градинка "Гоце Делчев" Пробиштип. ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип со работа започна во далечната 1974 година и низ своето 43 годишно постоење на децата им обезбедува стимулативна средина за рано учење , поттикнување на раниот детски развој и стекнување на здрави животни навики.
ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип дејноста ја обавува во три објекти и тоа:
1. Објект Цветови со адреса на ул. "Јордан Стојанов" бр. 47/А-Пробиштип
2. Објект Срничка со адреса на ул. "Гоце Делчев" бр.13-Пробиштип
3. Објект Изворче со адресана ул. "Јане Сандански" бр.5-Злетово
Објектот "Цветови" започна со работа 1982 година и во него има 2 занимални за престој на деца на возраст од 08 до 24 месеци и 4 занимални за деца на возраст од 2-6 години Во Објектот е сместена централната кујна која го опслужува и Објектот "Срничка". Овде е сместена централна кујна , а овде работи и раководно-административната служба.
Оваа година 2016/17 во градинката беа запишани повеќе од 400 деца од кои престојуваат околу 386 деца а критериум врз кој се формираат групите е возраста на децата и во трите објекти "Цветови" и "Срничка" во Пробиштип и "Изворче" во Злетово има четири групи за деца до две години, 11 групи за деца од 2 до 6 години, една група од 6 до 10 години и една група во Центарот за ран детски развој во с. "Ратавица". Згрижувачко воспитната дејност се одвива во согласност со програмите за рано учење и развој и Интеграција на еколошката едукација во Македонскио образовен систем.
Отварањето на градинката кон семејството е основа за остварување на современите концепти и претставува битна алка во синџирот што значи воспитување. Родителите се добредојдени учесници во работилници и активности со децата а со нивната креативност ја разубавуваат градинката.
Мисијата на градинката е - Креираме безбедна и стимулативна средина, негување тимска работа, толеранција, ги почитуваме различностите и ги поттикнуваме индивидуалните можности и способности на децата а ја промовираме нашата установа во пошироката заедница.
ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип по трет пат е добитник на највисокото признание Зелено знаме заради успешната реализацијата на еко - програмата а нашата градинка е прва деска градинка во Р Македонија која во 2014 година доби проект во вредност од 106 000 € од ИПА програмата за прекугранична соработка и успешно го реализиравме со која во објектот Цветови се изгради надворешна фасада, се заменија дотраените врати и прозори со ПВЦ а се постави и кровна изолација со која се заштедува енергија и до 40 % , а минатата година успешно го реализиравме проектот заштеда на енергија при што извршивме замена на врати и прозорци во објектот " Срничка".
Со децата работиме на проекти по програмата на МТСП и тоа:
1) Градини во детските градинки
2) Градот низ детските очи
3) Бон-тон за деца
4) Од дете за дете
5) Моја хигиена - моја навика
6) Семејството и семејните вредности
7) Рециклирање со имагинација
8) Здрави животни навики
9) Спорт и спортски активности
10) Традиционални детски игри
Визија на градинката
Ние сме установа во која интересите и потребите за правилен раст и развој на детето ќе имаат приоритет и современа установа која ќе може да се соочува со предизвиците на
21-от- век. Децата ќе ги учиме на основните вредности на животот а играта ќе биде движечка сила за поттикнување на учењето.
Станбеното претпријатие за обавување на комунални услуги за прв пат е формирано на заедничка седница на Општинскиот одбор одржан на ден 28.02.1966 година со Решение бр.570/1.Подоцна дејноста е проширена со комунални дејности и претпријатието работи како станбено-комунално –услужно кое како такво функционира се до 1986 година, а потоа се трансформира во работна организација за комунално –градежни работи Илинден-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански суд во Штип П.Бр. 18/86. На 28.12.1989 година Собранието на Општина Пробиштип донесе решение за организирање на јавното претпријатие за општествена сопственост за комунално производни и услужни работи “Илинден”-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански Суд. После повеќе извршени трансформации на 03.04.2002 година со решение на Основен суд Штип се формира јавно претпријатие за водовод “Никола Карев”-Злетово. Со децентрализација на дејностите на ЈКП Комуналец Пробиштип се одземаат, а со тоа се превземаат дејностите од ЈКП “Никола Карев”-Злетово. Од 01.01.2006 година ЈКП”Никола Карев” продолжува да работи со седиште во Пробиштип.ЈКП “Никола Карев″ ги обавува следните дејности:
• Собирање,пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода;
• Поставување на водоводни инсталации;
• Цевководен транспорт;
• Собирање,одведување и третман на отпадни води;
• Собирање на комунален отпад;
• Погребални услуги;
•Пазари;
•Хортикултурно и партерно уредување;
Според пописот од 2002 година во општина Пробиштип има: -број на жители:16.193 жители од кои 8248 мажи и 7945 жени, -национален состав : 15.977 македонци (98,67%) -центар на општината : градот Пробиштип со 10.816 жители -број на населени места: 37 (едно градско, две приградски, една полуградска и 33 рурални селски населби). Според површината која ја зафаќа општината Пробиштип (325,57 km2) и бројот на населението, густината на населението во општината според последниот попис изнесува50,9 жители/км2.
Станбеното претпријатие за обавување на комунални услуги за прв пат е формирано на заедничка седница на Општинскиот одбор одржан на ден 28,02,1966 година со Решение бр.570/1.Подоцна дејноста е проширена со комунални дејности и претпријатието работи како станбено-комунално –услужно кое како такво функционира се до 1986 година, а потоа се трансформира во работна организација за комунално –градежни работи Илинден-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански суд во Штип П.Бр. 18/86. На 28.12.1989 година Собранието на Општина Пробиштип донесе решение за организирање на јавното претпријатие за општествена сопственост за комунално производни и услужни работи “Илинден”-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански Суд. После повеќе извршени трансформации на 03.04.2002 година со решение на Основен суд Штип се формира јавно претпријатие за водовод “Никола Карев”-Злетово. Со децентрализација на дејностите на ЈКП Комуналец Пробиштип се одземаат, а со тоа се предземаат дејностите од ЈКП “Никола Карев”-Злетово. Од 01.01.2006 година ЈКП”Никола Карев” продолжува да работи со седиште во Пробиштип. Водоснабдување и ситото ги обавува следните дејности: • Собирање пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода; • Поставување на водоводни инсталации; • Други инсталатерски работи; • Цевководен транспорт; • Собирање одведување и третман на отпадни води; • Погребални и придружни активности; • Пазари.
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.jkpnikolakarev.com.mk
e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.zeofit.com.mk
Етно Меана Кај Чомбе
Ресторанот Етно Меана кај Чомбе се наоѓа на влезот на Пробиштип! Во нашата меана ве очекува одлична атмосфера и уникатен амбиент кој ја одсликува историјата и традицијата на нашиот народ, особено на источниот регион. Нашата кујна нуди богат избор на вкусни традиционални јадења, како јагне или јаре под вршник, прасе и кокошки на ражен, ребро во фурна, секаков вид на скара, пастрамајлии, пици и многу други. Нашите специјалитети се подготвени со највисок квалитет на состојките, со особено внимание и љубов.
Исто така нудиме кетеринг услуги за секакви настани, од мекици, родендени до свадби. Нашиот тим се состои од искусни мајстори но и млади енергични лица кои секогаш успеваат да не расположат!
Посетете не и дозволете ни да ве воодушевиме со нашата вкусна храна, амбиент и гостопримство! Ќе ни биде задоволство!
Работно време:
Пон - Нед: 08:00 - 00:00