MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

„ИВА – МОНТ“ д.о.о. – Скопје е фамилијарна компанија која е основана во 1992година и  успешно работи на македонскиот пазар и во соседството во областа на енергетиката, термотехнички инсталации греење – ладење и вентилација, производство и трговија.
Флексибилноста и умешноста да се справи со промените кои се појавуваат на пазарот, ја прави компанијата иновативна и секогаш отворена за нови предизвици.
Како компанија располагаме со стручен и образован тим кој е подготвен во секое време да понуди адекватно решение за Вашите проблеми. Го поседуваме  ISO 9001:2008 стандардот за квалитет кој секогаш се трудиме да го почитуваме и на нашите клиенти да им понудите квалитет и ефикасност, бидејќи Вашата доверба е темел на нашата иднина.

Визија                                       

Нашата визија е секојдневно подобрување на работните процеси, подобрување на ефективноста и ефикасноста во извршување на нашите услуги, со цел да излеземе во пресрет на нашите клиенти и на нивните потреби.
Се трудиме постојано да вложуваме во нашиот стручен тим и нивното знаење, преку организирање на обуки за учење и олеснување на процесот на работа, учество во организирани обуки од овластени компании и запазување на Законски пропишаните услови.
Истотака се трудиме постојано да вложуваме во  усовршување и обнова на работниот алат и инфрастурктурата.
Во иднина нашата визија е орентирана кон сертифицирање на нашата компанија со потребните стандарди на пример: ISO 14001, OHSAS 18001, EN 3834-2, EN 287-1, лиценци за градба од втора категорија и останати потребни сертификати и лиценци, кои ќе ни помогнат во нашето усовршување и подобрување на работните процеси и остварување на нашата визија за зацврстување на нашата упешност во Р. Македонија и проширување во соседството и пошироко.

 

Мисија

Мисијата на „ИВА – МОНТ“  е насочена кон:
Изградба на добри партнерски односи со инвеститорите и корисниците на нашите услуги и производи, преку разбирање на нивните потреби, со цел подобрување на нивниот работен процес.
Почитување на нашите соработници.
Почитување на законските одредби.
Почитување на нашите вработени.
Подобрување на процесите на работа.
Почитување на животната средина.

 

Работно време:

Пон - Пeт: 08:00 - 16:00

Саб - Нед: не работиме

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

 

 

Фирмата ТЕХНО АУТО е формирана во Ноември 1990 година во Скопје. Повеќе од 27 години неуморно работи во областа на греење и климатизација, имајќи богата референца и илјадници задоволни купувачи.

Основна дејност на фирмата е продажба, проектирање и изведување на сите видови системи од областа на климатизација, греење, ладење и вентилација.

ТЕХНО АУТО чекори со времето, ги прати светските трендови и иновации во полето на термотехничките инсталации како и обновливите извори на енергија и секогаш се труди на своите купувачи да им понуди најдобри производи од европски и светски реномирани производители.
Наш приоритет и мото е : ЦЕЛОСНО ЗАДОВОЛСТВО НА НАШИТЕ КУПУВАЧИ, СЕКОГАШ.
Во септември 2016 ТЕХНО АУТО доби сертификат iso-9001-2008 за управување со квалитет кој гарантира подобар квалитет на услугите што ги нуди кон своите клиенти.

Тимот на ТЕХНО АУТО е постојано спремен да Ви излезе во пресрет, да ги сослуша Вашите потреби од областа на греење, климатизација и вентилација и да Ви понуди најдобро можно решение.
Целата палета на производи со кои располага ТЕХНО АУТО поседуваат сертификати за квалитет од најпрестижните европски и светски институти за испитување и потврдување на квалитетот и исправноста на производите.

Сите производи од нашиот продажен програм се со врвен квалитет и поседуваат сертификати од реномирани  Европски и Светски Институти за потврда на квалитетот и перформансите. Целокупната наша продажна палета ќе ги задоволат и најпрефинетите вкусови.

Ви нудиме се од опрема за греење на Вашиот дом или деловен објект. Генерални увозници сме за многу водечки брендови од областа на греење и климатизација:
- Опрема за греење, ладење, климатизација и вентилација
- Проектирање и изведба на системи за греење, ладење и климатизација
- Греење на пелети, Котли и Камини на пелети со врвен квалитет
- Радијаторско греење
- Инсталации за греење на пелети
- Топлински пумпи, чилери, вентилконвектори (фенкојлери)
- Соларни системи
- Калорифери
- Редовно одржување и сервис на опрема за греење, ладење и климатизација

Сите производи од продажниот програм на ТЕХНО АУТО се со врвен квалитет и поседуваат сертификати од најпрестижните европски и светски институти за испитување и потврдување на квалитетот и исправноста на производите.

Брендови и производи од широката палета на ТЕХНО АУТО, за кои што сме генерални застапници:
THERMOFLUX –  Котли и Камини на пелети, Котли на дрва и цврсто гориво
PEKPAN – Радијатори
SISARKA, DIK FAGUS, SPARROW– Пелети со висок квалитет EN PLUS А1 и А2 Класа
RHOSS S.p.a Italy – Топлински пумпи, Чилери, Клима Комори, Вентилконвектори (Фенкојлери)
BPS - Калорифери
KOSTOPOULOS RADIALAN – Котли на нафта и гас
ECOFLAM – Горилници (бренери) на нафта, гас, комбинирани горилници
ECOMAX – Котли на нафта и гас
ALISEO GROUP / EDEN Italy – фенкојлери (парапетни, касетни, плафонски, каналски)
K-FLEX – термо изолација (цевка и ролна)
VALSIR – Алупласт цевка
ITAP – вентили, спојки, фитинг

Работно време:
Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
www.tehnoauto.com.mk

fb Instagram

 

 

Работно време:

 

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

 



e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

web:



fb Instagram

 

Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 19:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.joantim.mk

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org