MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Замислата да се формира градски музеј на Скопје се појавила во триесетите години на XX век, најнапред како одделение на Градската општина во составот на т.н. Музеј на Јужна Србија во Скопје
По 1945 година, во Скопје како главен град на Народна Република Македонија, созреваат условите за формирање на градски музеј, кој ќе го собира, заштитува и проучува културното наследство на градот и неговата околина. Во 1949 година, Градскиот Народен одбор на Скопје (ГНО) го основал Народниот музеј на град Скопје. Основач било Општинското собрание на град Скопје, а прв директор била назначена Блага Алексова (1949-1950).
Музеј на Град Скопје
Официјалното отворање на Музејот било планирано за 11 октомври 1951 година, со отворањето на постојана изложбена поставка по повод десет години од антифашистичкото востание во Македонија.
Советот за народна просвета и култура при Извршниот одбор при ГНО - Скопје, формирал Стручна комисија со цел за извршување на тековни стручни работи во состав:
- Димче Коцо, декан на Филозофскиот факултет и Блага Алексова, асистент при Археолошкиот музеј - Скопје, одговорни за тематиката од областа на историјата на уметноста;
- арх. Борис Чипан, директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје, одговорен за урбанистичкиот развој на градот;
- Душанка Вучковиќ, директор на Археолошкиот музеј - Скопје, одговорна за археолошкото одделение;
- Томо Томоски, асистент на катедрата по национална историја при Филозофскиот факултет - Скопје, одговорен за историското одделение при Музејот;
- Лазар Личеноски, уметник, задолжен за уметничката страна на Музејот;
- Рада Поленаковиќ, кустос во Етнолошкиот музеј - Скопје, одговорна за етнолошкото одделение.
Воедно, во 1949 година, бил формиран и Одбор при Градскиот Музеј - Скопје, во состав Петра Гоцкова, асистент при Народен музеј на град Скопје, Загорка Дуковска, началник на Одделението за култура и уметност при ГНО - Скопје и Ацо Петровски, претседател на Филмскиот уметнички совет “Вардар Филм” - Скопје.  Одборот имал задолжение да ја подготви и реализира планираната постојана изложбена поставка и  да ги приведе кон крај подготовките за отворање на Музејот.
Во следните две децении Музејот бил соочен со проблеми за добивање на соодветна зграда што ќе одговара на музејските потреби. Од 1949-1952 година, Музејот бил сместен во просториите на тогашното Поверенство за наука и култура при ГНО - Скопје. Од 1952-1956 година, Музејот бил преселен во привремената административна зграда која се наоѓала зад Средното техничко училиште, во близина на Градскиот парк, користејќи две канцеларии и два магацина. Со тоа, Музејот бил вратен на почетните позиции без своја зграда, која била еден од условите за вршење на музејската дејност во целост. За целото тоа време, собраниот музејски материјал бил сместен во несоодветни простории во разни магацини низ градот. На почетокот на 1956 година Музејот бил вселен на првиот кат од зградата на некогашната Турска телеграфана т.е. Пошта. Во 1962 година, Музејот добил можност да се прошири и да го добие целиот втор кат од зградата за што бил изработен проект за адаптација на просторот, во кои подоцна биле реализирани четири тематски изложби: “Скопје низ ликовни творби”, “Амбиент на турска соба”, “Ликовното творештво на Нерези” и “XII Народноослободителна бригада”.

 Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.mgs.org.mk

fb Instagram

Специјализиран историски музеј посветен на патот до независноста на Република Македонија

Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим е проект на Владата на Република Македонија, а реализиран од Министерството за култура на Република Македонија.
Формиран е со Одлука на Влада на РМ од 31 јули 2008 година. Изградбата на Музејот почнала во 2008 година и траела три години. Музејот е отворен на 20 годишнината од независноста на Република Македонија, на 8 Септември 2011 година. Музејот е сместен во објект од 6435 квадратни метри нето површина. Музејските изложбени простории опаќаат 2500 квадратни метри.
Музејот на македонска борба, како специјализиран музеј со историски музејски експозиции, има за цел изворно да ги презентира историските, културните и револуционерните традиции на Македонија и на македонскиот народ во нивната повеќевековна борба за создавање на своја национална држава на Балканот. Музејот претставува документирано, современо и објективно нагледно средство за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија. Преку изложбените експонати се презентирани историските премрежиња низ кои поминувал македонскиот народ во остварувањето на својата слободарска визија, на изворната идеја на македонската револуционерна борба за ослободување на Македонија, обединување и создавање на самостојна и независна македонска држава. Исто така, преку музејските експонати е прикажана голготата низ која врвеле македонските граѓани, на нивниот отпор против комунистичката диктатура, жртвувајќи го својот живот за самостојна, обединета и демократска Македонија.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.mmb.org.mk

fb Instagram

Национална Установа Музеј – Гевгелија претставува музејска институција  од областа на културата која се занимава со истражување, ископување, собирање, документирање, обработка, конзервација, публикување и презентација на движното културно наследство. Институцијата по својата поставеност и организациона структура претставува општ музеј кој поседува четири збирки, и тоа, археолошка збирка со околу 5500 предмети, етнолошка збирка со 600 предмети, историска збирка со околу 200 предмети и збирка од историја на уметност со 20 предмети.
Во музејскиот изложбен салон е сместена постојаната археолошка  поставка со наслов ,,Вардарски Рид со околните наоѓалишта,, во која се претставени над 350 предмети од горенаведените локалитети застапени со следниве видови на наоди: садова керамика, накит, камена и теракотна пластика како и калапи за нивно производство, луксузна керамика, керамичка када, амбалажни садови и голем фонд на монети од сите кралеви на античка Македонија. Сите овие неповторливи сведоци на минатото се настанати во период од 4500 пред Христа (неолит) до послените децении на IV век по Христа (доцна антика) пронајдени во општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Оваа поставка претставува придонес кон вреднувањето, значењето и посебноста на Вардарски Рид, како во културниот развиток на протоисториските заедници, така и во раната антика со востанувањето на првата урабанизација и градски живот, со сите карактеристики на населбинско живеење во еден историски посведочен старомакедонски градски центар - антички град Гортинија, во непосредна близина на Гевгелија, изразувајќи го уметнички дострел на општественото, културното и религиозното живеење на Вардарски Рид.
Добиените резултати од истражувањата, музејот ги обработува во разни форми на извештаи и сепарати, ги презентира и објавува во стручни изданија, на симпозиуми, научни собири и јавни гласила. Од публикации и изданија предвидени за продажба располага со:
-    Уметноста на Вардарски Рид (каталог), Е.Сламков, НУМГ 2004
-    Водич низ постојаната археолошка поставка,
Б.Хусеновски, Е.Сламков, НУМГ 2005
-     Античките монети од Вардарски Рид, Б.Хусеновски, НУМГ 2004
-     Античките монети од В.Р (каталог), Б.Хусеновски, НУМГ 2007

Вредност на публикации: од 150 – 600 денари.

Исто така, во рамки на музејот се наоѓа  работилница за изработка на комерцијални копии на музејски предмети, нивно сертифицирање и продажба. Достапни се комерцијални копии во вредност од 150 – 2400 денари во зависност од материјалот и начинот на изработка. Истите се сместени во посебна изложбена витрина. Исто така, Музејот има и две подружници за продажба на музејски копии и сувенири сметени на граничниот премин Богородица и во Стар Дојран.

Манифестации:
- Меѓународен ден на музеите
  18 мај, влез слободен
- Европски денови на културно наследство  
   период: од 25 Септември до 05 Октомври (променлив датум)
   влез слободен

Критериуми за посета на Музејот во Гевгелија:
-    секој работен ден од 09 – 15 часот
-    слободен четврток, влез слободен
-    средношколска среда, влез слободен
-    обезбеден водич – едукатор
-    група од 20 – 25  луѓе
-    влезница – 60 ден
-    групна влезница – 30 ден
-    забрането е фотографирање и снимање

За подетални информации Ви стоиме на располагање.

Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 15:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: 
web

fb Instagram

Музеј Штип

Wednesday, 03 June 2020 12:51

 

Музејот во Штип е отворен со одлука на Народниот одбор на градот Штип на 10.5.1950 година. Првата поставка на Музејот е поставена во Хуса – Медин пашината џамија и имала етнолошки карактер. На 11.10.1956 година Музејот е преместен во ново-адаптирана зграда од староградска архитектура, позната како куќата на Арсови (браката Тошо и Љупчо, народни херои).

Во 1964 година беше отворена постојана изложбена поставка на современо македонско сликарство во уметничката галерија Безистен, која претставува дел од Музејот. Во 1972 година, на иницијатива на Коста Балабанов, во црквата од 19 век - Устание на пресвета Богородица во Ново Село е отворена постојана поставка на икони.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: 
web

fb Instagram

logo
Првата театарска зграда во Битола е изградена по наредба на битолскиот валија Абдул Керим-паша. Нејзината изградба трае долго, од 1897 година, кога се поставени темелите, до 1906, односно 1908/1909 година, кога најпосле е завршена и сцената. Зградата е користена за сите видови приредби, од естрадни и циркуски до театарски. Првиот професионален театарски ансамбл во неа работи од 1910 до 1912 година, кога пожарот целосно ја уништува. Потоа театарските претстави се одржуваат на повеќе локации во градот, најчесто во Гранд-хотел. Од крајот на 1913 до 1915 година во Битола функционира Градско позориште, професионална трупа составена од некогашните патувачки актери, кои претставите ги играат на српски јазик.

Воените операции околу Солунскиот фронт ја запираат активноста на оваа трупа во Битола (во текот на 1915 година трупата ќе се префрли во Солун, па во Воден). Но, тие на градот ќе му создадат една од највиталните театарски легенди: големата Сара Бернар, посетувајќи ги и забавувајќи ги француските војници стационирани околу Битола, на молба од турскиот паша (непријател!), наводно и за граѓаните одиграла една претстава. Барем засега, оваа легенда не е поткрепена од никакви театрографски факти.

Втората фаза во развитокот на институционалната/професионална театарска дејност во Битола е датирана од 1918 до 1926/1929, кога, со променлив успех, повторно функционира српското Градско позориште. На местото на изгорениот турски театар во 1926 година е подигната новата театарска зграда. Во периодот од 1926 до 1929 година театарот, постојано недоволно субвенциониран од државата, функционира како организациски дел на скопскиот театар, додека сосема не згасне.

До почетокот на Втората светска војна во Битола се активни уште неколку театарски трупи, коишто претставите ги изведуваат на српски јазик, додека скопското Народно позориште „Краљ Александар Први“ постојано и задолжително гостува со речиси сиот свој репертоар. Оттука, театарскиот живот во Битола се одвива исклучително интензивно.

За време на Втората светска војна во Битола перманентно работи бугарскиот театар (најпрвин како полупрофесионален, а од 1943 година како професионален). Истовремено, во градот функционираат и повеќе аматерски и полупрофесионални дружини, организирани по училиштата.

Веднаш по ослободувањето во Битола се организира интензивна театарска дејност. Професионалниот театар со работа официјално започнува на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески – Петтоимениот Ѓоре. Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола.

Првите членови, основачи на Битолскиот театар се: Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.

Првиот управник е Аки Павловски (1945).

Од 1980 година театарот работи во нов, исклучително функционален објект, кој на ансамблот му овозможува најдобри технолошки услови за работа.

Од 1945 до 2001 година Битолскиот театар има изведено над 350 премиери и одиграно над 7.000 претстави. Денес тој е несомнено најуспешен театарски ансамбл во Македонија, афирмиран и респектиран не само во поширокиот балкански регион, туку и подалеку.


Работн
о време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.narodenteatarbitola.com

fb Instagram

 

 

 

Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на државата уште од 1924 година, а со тоа овој музеј претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија.

 

  • Посетителите може да уживаат во артефактите изложени во одделите за: праисториска археологија, античка археологија, средовековна археологија, нумизматика, антропологија и лапидариум.
  • Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери. Постоечките закони за култура и заштита на културно наследство го регистрираат најголемиот дел на овој фонд како културно наследство од особено значење.
  • Во 2015 год. Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија се пласираше меѓу 15 те најдобри музеи во Европа, освојувајќи го високото седмо место според Европската музејска академија.
  • Првата археолошка збирка е формирана во 1920 год. во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје.
  • Во 1924 год. е организирана музејска институција, поточно, историско – археолошки музеј со лапидариум кој е сместен во Куршумли ан.
  • Во текот на Втората светска војна музејската институција, во Куршумли ан музејската институција егзистира како Народен музеј – Скопје.
  • Во овој период, поточно во 1945 год. функционира со три одделенија: археолошко, етнографско и средновековно.
  • Со реорганизација на музеите во ФНР Југославија, од Народниот музеј во Скопје се формира и Археолошкиот музеј како посебна институција од републички карактер.
  • Од 1945 – 1963 год. седиште на Археолошки музеј е старата зграда од касарната на Скопско Кале.
  • Во 1955 год. е отворена постојаната поставка на камени споменици – лапидариум, сместена во адаптирана коњушница на Куршумли ан.
  • Од 1963 – 1977 год. веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 год. Археолошкиот музеј е сместен во бараките на Куршумли ан. Во 1976 год. е пуштен во употреба новиот музејски комплекс во кој Археолошкиот музеј е сместен се’ до 2014 год.
  • Во 2012 год. е основан нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата.
  • После повеќе од три децении во 2014 год. Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија добива современ музејски простор во центарот на Скопје.

 

 

 

The Archaeological Museum of Republic of North Macedonia displays movable cultural heritage, more precisely over 7.000 valuable artefacts discovered through archaeological investigations throughout the entire territory of Macedonia. Since 1924 this Museum is the most significant and the oldest museum institution in Macedonia.

 

 The visitors can enjoy the artefacts exhibited in the departments of: Prehistoric Archaeology, Antiquity, Medieval Archaeology, Numismatics, Anthropology and the Lapidarium.

 Large number of the displayed artefacts in this institution are exclusive worldwide. The existing Culture and Cultural Heritage Laws register the largest part of this fund as a cultural heritage of particular importance.

 In 2015, the Archaeological Museum of Republic of North Macedonia was placed among the 15 best museums in Europe, winning seventh place, according to the European Museum Academy.

 The first archaeological collection was established in 1920 within the Faculty of Philosophy in Skopje.

 In 1924 a museum institution was organized, The Historical-Archaeological Museum with a Lapidarium and it was located in Kurshumli An.

 During World War II, 1941-1944, also in Kurshumli An, the institution existed as the National Museum – Skopje.

 During this period, more precisely, in 1945, the Museum was organized in three departments: archaeological, ethnographical and medieval.

 With the reorganization of the museums in FNR Yugoslavia, the Archaeological Museum was established from the National Museum in Skopje, as a separate institution on a national level.

 From 1945 to 1963 the Archaeological Museum was located in the old building of the military barracks in the Skopje Fortress. In 1955, the permanent exhibition of stone monuments – the Lapidarium was opened, and it was located in the adapted stables of Kurshumli An.

 

 From 1963-1977, i.e. immediately after the catastrophic earthquake in Skopje in 1963, the Archaeological

 

 Museum was located in the barracks of Kurshumli An. In 1976 new museum complex was launched, where the Archaeological Museum was located until 2014.

 

 In 2012 NI Archaeological Museum of Macedonia – Skopje was established as a new parent institution in the field of archeology.

 

 After more than three decades in 2014 the Archaeological Museum of Republic of North Macedonia got its modern museum space in the center of Skopje.

 

 

Работно време:

Работно време 10:00- 18:00 часот   ( 10:00АМ - 6:00 PM )

Во понеделник музејот не работи (on monday the museum is closed)



e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.amm.org.mk

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.dramskiteatar.com.mk

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org