MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 Компанијата ТЕРМО ГРУП од село НЕГОТИНО - Полошко се занимава со продажба на:

- Опрема за системи за греење
- Санитарии и опрема за бањи
- Керамички плочки
- Водовод, канализација

Компанијата ТЕРМО ГРУП од полошкото село Неготино се занимава со продажба на: материјали и опрема за системи за греење и ладење, санитарии и опрема за бањи, керамички плочки, градежни лепила, материјали за хидро изолација, материјали за водоводна и канализациона инсталација, чешми, системи за соларна енергија...

Нудиме висококвалитетни санитарии, со модерен дизајн од познати производители: повеќе модели на кади, со и без системи за масажа, туш кабини, лавабоа, кујнски лавабоа, wc шољи, бидеа, како и цела гама на славини со впечатлив дизајн за сите овие санитарии. Располагаме и со широка палета на керамички плочки кои заедно со нашата понуда на санитарии, на секоја бања, без разлика на нејзината големина, ќе и дадат посебна димензија и ќе ја направат дел од соништата.

За да ја заокружи понудата кога се санитарните простории во пеашање, во ТЕРМО ГРУП ви ги нудиме и сите материјали и опрема потребни за изведување на системите за водоснабдување и канализација, со врвен квалитет и пристапни цени.

Вториот сегмент во кој е присутна компанијата ТЕРМО ГРУП е продажбата на опрема и материјали за системи за греење и ладење. Во овој дел нудиме опрема за изведување на систем за централно греење и ладење со топлински пумпи, првенствено од брендот PANASONIC и фенкојлери, кој е поврзан и со системот за топла вода, како и систем за централно греење со печка на пелети и радијатори, кој, исто така, е поврзан со системот за топла вода. За изведување на двата система располагаме со сите потребни материјали и опрема, без разлика дали ќе се одлучите за централен систем за греење со фенкојлери, радијатори или за подно греење.

Дојдете во ТЕРМО ГРУП, нашиот стручен тим ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор за вашиот објект, а воедно ќе ви препорачаме и тим кој може најквалитетно да го изведе вградувањето на материјалите и опремата што ќе ги купите кај нас.

 

Работно време:

Пон - Саб:     08 : 00 - 18 : 00

Нед:             Затворено

 email : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web : www.termogrup.clubeconomy.mk

 

fbInstagram

 



 

 

 

 

„ИВА – МОНТ“ д.о.о. – Скопје е фамилијарна компанија која е основана во 1992година и  успешно работи на македонскиот пазар и во соседството во областа на енергетиката, термотехнички инсталации греење – ладење и вентилација, производство и трговија.
Флексибилноста и умешноста да се справи со промените кои се појавуваат на пазарот, ја прави компанијата иновативна и секогаш отворена за нови предизвици.
Како компанија располагаме со стручен и образован тим кој е подготвен во секое време да понуди адекватно решение за Вашите проблеми. Го поседуваме  ISO 9001:2008 стандардот за квалитет кој секогаш се трудиме да го почитуваме и на нашите клиенти да им понудите квалитет и ефикасност, бидејќи Вашата доверба е темел на нашата иднина.

Визија                                       

Нашата визија е секојдневно подобрување на работните процеси, подобрување на ефективноста и ефикасноста во извршување на нашите услуги, со цел да излеземе во пресрет на нашите клиенти и на нивните потреби.
Се трудиме постојано да вложуваме во нашиот стручен тим и нивното знаење, преку организирање на обуки за учење и олеснување на процесот на работа, учество во организирани обуки од овластени компании и запазување на Законски пропишаните услови.
Истотака се трудиме постојано да вложуваме во  усовршување и обнова на работниот алат и инфрастурктурата.
Во иднина нашата визија е орентирана кон сертифицирање на нашата компанија со потребните стандарди на пример: ISO 14001, OHSAS 18001, EN 3834-2, EN 287-1, лиценци за градба од втора категорија и останати потребни сертификати и лиценци, кои ќе ни помогнат во нашето усовршување и подобрување на работните процеси и остварување на нашата визија за зацврстување на нашата упешност во Р. Македонија и проширување во соседството и пошироко.

 

Мисија

Мисијата на „ИВА – МОНТ“  е насочена кон:
Изградба на добри партнерски односи со инвеститорите и корисниците на нашите услуги и производи, преку разбирање на нивните потреби, со цел подобрување на нивниот работен процес.
Почитување на нашите соработници.
Почитување на законските одредби.
Почитување на нашите вработени.
Подобрување на процесите на работа.
Почитување на животната средина.

 

Работно време:

Пон - Пeт: 08:00 - 16:00

Саб - Нед: не работиме

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

 

 

Компанијата ДАТЕ КОМЕРЦ е формирана во 1989 година, како претпријатие за трговија на големо и мало. Во текот на свотето работење фирмата се специјализира во сегментот на материјали и опрема за изведување водоводни инсталации, инсталации за греење и климатизација, материјали и опрема за електрични инсталации, алати и железариски стоки. ДАТЕ КОМЕРЦ воедно се јавува и како дистрибутер на овие производи за повеќе трговци на големо и мало.
Гаранција за квалитетот на производите што на македонскиот пазар ги пласира ДАТЕ КОМЕРЦ е во тоа што самата компанија се јавува како увозник на поголем дел од застапената програма, при што е направен вистински избор и строга селекција на производителите кои имаат долга пазарна традиција и кои поседуваат релевантни сертификати за квалитет.
Долгогодишното искуство и воспоставената широка мрежа бизнис партнери, се гаранција дека ДАТЕ КОМЕРЦ е подготвен да Ви излезе во пресрет на сите Ваши барања и да најде квалитетни решенија и за најсложените предизвици.
 
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 16:30
Нед: не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web
 
 fb Instagram
  

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме


e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web

fb Instagram

 

Нашето претпријатие Сервис ГАГИ ДООЕЛ Скопје е основано во 2003 год. со локација во Скопје. Друштвото се занимава со климатизација, изведба и проектирање на вентилација, како и продажба, монтажа и сервисирање на клима уреди.

Во областа за изведба на вентилација, продажба на климатизација и сервисирање на иститите, со сигурност можеме да потенцираме дека сме специјализирани за сервис и монтажа на клима уреди за сите типови, како и топлотни пумпи, еко системи, со што нашите клиенти се секогаш сигурни од купениот производ за што сме должни во рок од 24 часа нашите сервисери со сигурност да го отстранат дефектот.
Нашите почетоци бележат задоволни корисници на уредите и услугите, со што го изградивме патот до квалитетот, навремените изведби и брзите сервисни интервенции кои се одлика и ден денес на нашето претпријатие. 

Факс: + 389 2 6161 162

Работно време:

Пон - Чет: 08:00 - 20:00
Пет - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.: www.arisun.com.mk

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org