MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ Битола е прва станица за технички преглед и регистрација на моторни возила во општина Битола. Станицата ги исполнува сите национални и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на моторни возила. Покрај овие услуги, станицата нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на вашето возило, а истовремено вклучувајќи и дополнителни услуги за кои можете повеќе да се информирате на оваа страница.

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние моторни возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед ќе се утврди дека се исправни. Не го оставајте вашата безбедност на случајот  оставете за неа да се грижат експертите Здружение на возачи ЕУRОТЕСТ Битола.

Редовен и вонреден технички преглед на Вашето возило можете да направите во нашите две станици за технички преглет со локација: Ул. Македонска Фаланга бр.32 | ул. Партизанска бр. 101 во Битола                         

Во станиците за технички преглед покрај проверката на вашето возило можете да ги добиете и следните услуги:
- Преглед за исполнување на техничко експлоатациони услови
- Полномошно за управување на туѓо моторно возило во странство
- Меѓународна возачка дозвола
- Полиса за осигурување од автоодговорност
- Регистрација на возилото на шалтерот на Министерството за внатрешни работи
- Надополнување на клима уред во мороеното возило


ЕДИНЕЧНО
 ОДОБРУВАЊЕ
Постапката Единечно одобрување („хомологација“) се спроведувa во следните случаи:

  • При увоз на возила (нови и половни);
  • Возила преправени пред прва регистрација во Р. Македонија


АТЕСТИ
 НА ВОЗИЛА

Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ Битола нуди одобрување на возила со дополнително вграден уреди како што се:

  • уред за погон на возилото на компримиран или течен нафтен гас (LPG)
  • заштитни фолии и затемнети стакла
  • дополнителни команди за управување од лица со посебни потреби
  • паралелни команди за возила за обука на возачи.
  • уред за спојување на влечно со приклучно возило (приклучен уред)
  • дигалка, платформа за натоварување и растоварување, влечно витло и слично.
  • промена на погонскиот мотор
  • поставен разладен уред
  • евидентирање на промена - што не значи преправка и поправка на возилото

Главен стремеж на Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ е да изгради пријателска атмосфера и блиска соработка со секој од нашите клиенти. Се надеваме дека ќе бидете комплетно задоволни од понудената услуга, и за било каква помош повторно ќе се обратите на нашиот тим.

 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 15:00
Саб: 08:00 - 13:00
Нед: не работиме
 
e-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Макотехна е фабрика за производство и трговија на средства за хигиена , дезинфекција , индустрија , санитарни течности , хартија за професионална употреба  и помошни материјали за хигиена .

Работно време:
Пон - Пет: 10:00 - 22:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://www.makotehna.mk

fb Instagram

 

Компанијата ИГО-ИМПЕКС се занимава со:
Царинско посредување и застапување
Јавни царински складишта за возила и механизација
Превоз на стоки во земјата и странство

Иницијативниот мотив на шпедиција
ИГО-ИМПЕКС може да се согледа во мотото: СО НАС НЕ ПОСТОЈАТ ГРАНИЦИ!

Со долгогодишната работа и знаењето стекнато во доменот на шпедицијата и царинењето, успеавме да создадеме квалитетен тим кој Ви го олеснува целокупниот процес при увозот и извозот на стоки и тоа максимално ефикасно и едноставно.
ИГО-ИМПЕКС веќе е препознатлово име на македонскиот пазар длабоко имплементирано меѓу македонските извозници и увозници. Нашата визија е да бидеме лидери во давањето квалитетни услуги во доменот на шпедицијата, транспортот и царинското складирање на стоки. Овие цели ги реализираме со постојано подобрување на квалитетот на нашите услуги и едуцирање на тимот, со единствена цел да придонесеме кон перманентно подобрување на работењето на нашите клиенти, грижејќи се за нивните потреби како доверлив партнер.

ИГО-ИМПЕКС ги изведува сите видови царинско работење при увоз и извоз на стоки, како и посредување пред државните и инспекциските органи. Ги организираме сите видови патен, железнички, авио и бродски транспорт на стоки за сите светски дестинации, како и транспорт на сите видови стоки во Македонија.

ИГО-ИМПЕКС има сопствено јавно царинско складиште за возила и механизација.


Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 20:00
Саб - Нед: не работиме
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram


 
 

Приказната за Капри започнува во далечната 1995 година, со отворањето на мала пицерија во старата битолска чаршија. Повеќе од две децении подоцна, брендот Капри е препознатливо име за успешност и квалитет во делот на угостителството во Битола.

Хотел Капри располага со 20 хотелски соби, ресторан за а ла карт, тераса на отворено, сала за свечености и семинарска сала.

Објектот се наоѓа на:

 

  • 3 км од центарот на Битола,
  • 7 км од прекрасната Баба Планина
  • 20 км од Грчката граница
  • 80 км од Охрид
  • 180 км од Скопје

 

Хотелот поседува паркинг со капацитет од 80 возила.
 
Работно време:
Пон - Нед: 24/7

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
webwww.kapri.com.mk

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет:  08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://igi2000.com.mk/

fb Instagram



Националниот Парк Пелистер зафаќа површина од 17.150 хектари - надморска височина од 927 до 2601 m.

Изобилува со уникатни природни богатства и претставува дом на ретки и ендемични животински и растителни видови.

За да ги видите и доживеете сите убавини на планината Баба и Пелистер, на располагање ви стојат бројни пешачки патеки: Детската, Историската, по Камењатот...

Не ви е потребна посебна физичка кондиција, туку само добра волја.

Заштитен знак на Пелистер се бистрите изворски води во кои ќе ја забележите пелистерската и пелагониската пастрмка, водопадите, и  планинските езера, неклку сезонски и двете леднички – Големо и Мало езеро, познати уште како и Пелистерски Очи.

Велат, кој еднаш бил на Пелистер, сигурно ке дојде пак...

 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb   Instagram

Работно време:
Пон - Чет: 08:00 - 24:00
Пет - Саб: 08:00 - 01:00

 

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Web:
 

fb  Instagram

Page 4 of 4
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org