MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

БАГА ФООД ДОО е фабрика специјализирана за преработка и конзервирање на производи од високо квалитетни суровини (зеленчук

и овошје), кои потекнуваат од плодните македонски краишта. Фабрика започна со работа во 2002 година и за многу кратко време успеа, со

своите висококвалитетни  прозводи, да ги освои пазарите и потрошувачите во Европа, САД и Австралија.

Синергијата од  поволни климатски услови, долгогодишна традиција во одгледување на земјоделски производи и користење на најсовремена технологија во производството  резултираше со

креирање на висококвалитетни, здрави и вкусни производи од овошје и зеленчук. Производствените процеси не вклучуваат употреба на

конзерванси, вештачки бои и адитиви што ги прави Ва- Ва производите 100% природни. Нашите производите се соодветни за вегетаријански начин на исхрана и не содржат глутен.

Она што во 2002 започна како производство на неколку производи од преработен зеленчук, денес успешно се развива во компанија која во својата производна палета има повеќе од 50-тина производи и специјалитети од преработен зеленук и овошје. Бага Фуд брендот претставува синоним за висок квалитет, традиција и грижа за потрошувачите. Во иднина остануваме посветени на нашата цел, задоволување на барањата на потрошувачите, задржувајќи го високиот квалитет на производите притоа следејќи ги новите трендови.

Фабриката го има имплементирано системот за менаџмент за безбедност на храна ISO 22000:2005, кој го гарантира квалитетот и безбедноста на производите

 
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 19:00
Нед: не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.bagafood.com.mk
 
 fb Instagram
  

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
webhttp://www.eps.eu.mk/ 
 

 

fb Instagram

Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

Овошен расадник на Опитно поле ФЗНХ е регистриран производител во УПРАВАТА ЗА СЕМЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ за семепроизводство и расадничко производство. Постојано се следи состојбата и трендот на технологијата на производство на високо квалитетен саден материјал од овошни растенија во соработка со експерти од Катедрите на ФЗНХ од Скопје чие знаење и искуство го користиме при реализацијата на нашите активности и програми.
Опитно поле е единствен репроцентар во расадничкото производство во Македонија. Најголем дел од производителите на саден овошен материјал, калем гранки и подлоги за истите ги набавуваат од нашиот овошен расадник од причина што се сигурни во квалитетот и здравствената состојба на истиот. Во последната година се повеќе се зголемува интересот за користење на наши сорти и наш посадочен материјал при што овој податок претставува поттик за се поквалитетно производство.
Имајќи ја во предвид состојбата во оваа област во Република Македонија. значењето на семе и саден материјал, неговата сортна автентичност и здравствена состојба неопходно се поставува потребата од зголемување на производство на семе и саден материјал.
Во овоштарството и поледелството садниот материјал претставува првата и можеби најважна алка за рентабилно овоштарско производство.

Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
web: www.opitnopole.mk 

fb Instagram

 

Компанијата ТИНГ-ИНОКС ДООЕЛ е лоцирана во Кочани, формирана е во 1990 година под името ТРГОИНЖЕНЕРИНГ за после 8 години од своето постоење да биде преименувана во нејзиното сегашно име ТИНГ-ИНОКС ДООЕЛ.
Нејзините почетоци се проектирање и инсталирање на термотехнички инсталации, санации на котлари, водоснабдување, челични конструкции и трговија со инсталациони материјали. Започнувањето е со 4-ица вработени кои со несебични залагања вршеја повеќе функции и ги поставија темелите на фирмата со инженерско работење, монтажерско и производствена дејност. ТИНГ-ИНОКС Дооел е една од првите фирми во РМ за производство на опрема за прехрана, земјоделие, хемија… со што допринесува во развојот на целокупната економија преку потенцирање на домашниот пазар (домашно произведена опрема а не увозна зависност).

Одличната работа и посветеноста на вработените денеска ја претвори оваа компанија во едно успешно средно претпријатие кое има широк спектар на производи и околу 100 вработени. ТИНГ-ИНОКС Дооел е меѓу првите формирани заштитни друштва во кое работат и опстојуваат, веќе 29 години, лица со посебни потреби за кои фирмата води особена грижа во поглед на нивна социјализација и еманципација. Тинг-Инокс Дооел денес успешно ги задоволува потребите на пазарот во Македонија и надвор повеќе од 29години.Претставува компанија за проектирање, изработка, инсталација и монтажа, специјализирана е за производство на Процесна Опрема во сегментите на Млечната индустрија, Кондиторската, Винарство, Фармација и Хемија, Изработка на производи со висока прецизност и други производи согласно барањата на клиентите.

Посветеноста во развивање на стратешки ориентирани решенија и достигнување на одлични резултати во сите сфери на делување овозможува задоволување на потребите и очекувањата на клиентите и крајните потрошувачи. Постојано водиме грижа се што создаваме секогаш да биде дополнителен бенефит за нашите клиенти. На тој начин градиме партнерски релации кои им овозможуваат на нашите клиенти висококвалитетнии услуги и производи како и зголемена профитабилност. Нејзиниот сензационален раст не е случајност, туку резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.

Работно време:

Пон -Саб: 08:00 - 16:00
Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.ting.com.mk

fb Instagram

Грозд Струмица е акционерско друштво во приватана сопственост со основна дејност производство и промет на алохолни и безалкохолни пијалоци со висок квалитет и богата традиција.

АД Грозд постои над 60 години и ја продолжува традицијата на печење на Струмичка Мастика позната повеќе од 300 години.

Водечки производ во палетата на АД Грозд Струмица е познатата Струмичка Мастика која е природен алкохолен пијалок произведен од исклучиво природна суровина – најквалитетен вински дестилат од македонското поднебје и природно анасоново семе кое содржи етерични масла кои ја даваат единствената арома на Мастиката.

Квалитетот и оргиналноста на Струмичката Мастика се потврдува со многубројните награди и признанија добиени на домашни и странски саеми и дегустации. Од палетата на безалкохолните пијалоци се издвојува Струмката која со специфичната крушкова арома е еден од ретките безалкохолни пијалоци кој не е сличен со другите.

Доста барани на пазарот се другите безалкохолни пијалоци: Липо, Битер и Блек Џек Кола. Високиот квалитет и убавината на безалкохолните пијалоци на АД Грозд Струмица се должи на природниот, чист и сопствен извор на вода кој го користи АД Грозд Струмица. Најнов производ е природната изворска вода Бела, газирана и негазирана која се полни од овој извор во модерна фабрика која ги задоволува сите стандарди.

Стремеж на менаџментот на АД Грозд Струмица е традиционално високиот квалитет на производите да биде најдобар со што овозможува влегување на пазарите ширум Европската Унија и надвор од неа. За тоа секако придонесуваат Сертификатите ISO 22000:2005 и ISO 14001:2004.
 
АД Грозд Струмица поголемиот дел од своето производство го пласира на странските пазари каде има континуиран извоз а домашниот пазар е во целост снабден со сите производи на АД ГРОЗД Струмица.

 

Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.grozd.mk

fb Instagram

 

Компанијата започнува со работа на 01.01.2007 година,составена од тим на искусни професионалци,докажани експерти за угостителска опрема,намештај,завршни работи во градежништво,ентериери и опремување на секаков вид јавни и приватни објекти.

Препознатливиот стил на работење кој се одсликува со 24 часовна посветеност за потребите на нашите клиенти,ne прави различни од компаниите со сличен профил и ја преставува нашата компанија на врвот во регионот.

Работно време:

Пон -Саб: 08:00 - 16:00
Нед: не работиме

e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:www.eurefi-eng.com

fb Instagram

 

logo

угостителска опрема, опрема за месарници, кафемати, пекарска опрема, винарски визби, детергенти - специјалилизирани за индустрија, хигиена - средства

Започнавме во далечната 1995 година како мала семејна фирма.

И денеска сме семејна фирма.Растеме и го развиваме работењето,постојано учиме и го применуваме наученото во практика.

Насоченост спрема потребите на клиентите и купувачите,квалитетот на производите, комплетност и компетентност на услугата се најважните вредности спрема кои нашата компанија ја мери својата севкупна успешност во  работењето.

Наша обврска е да ги следиме светските трендови,иновации и глобални текови и во склад со нив да ги едуцираме нашите клиент.

Опрема........

Инокс елементи........

Професионален  сервис.......

Перфектно кафе........

Опремуваме  хотели,ресторани,пицерии,кафе барови,слаткарници....

Опремуваме мали и големи пекари,млечни ресторани,сендвичари......

Опремуваме месарници,погони за преработка на месо......

Опремување. Тоа е нашата семејна пасија во изминатите четири децении.

И продолжуваме понатаму

За нас е голема чест и привилегија што одвоивте дел од Вашето време да не посетите.Искрено се надеваме дека тука ќе ги најдете одговорите на многу професионални прашања.

Работно време:

Пон -Саб: 08:00 - 16:00
Нед: не работиме

e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:www.gemaks.com.mk

fb Instagram

Page 1 of 4
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org