MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.fenix.com

fb Instagram

 

Хотелот Сонце е нова зграда. изградена во 2008 година. Лоциран е на граничната линија помеѓу градот и планината. Се одликува со модерна изградба, лоциран на 2.000 метри квадратни земјиште, има одлична градина, базен, фитнес центар. Со други зборови одлично место за одмор и рекреација. Нуди можност за физиотерапија од страна на врвен медицински и експертски тим.

Хотелот има 20 соби. Некои од нив се со камин. Нудиме апартмани, еднокреветни или двокреветни соби, опремени со LCD телевизор, мини бар, интернет конекција, телефон, клима уред, убави купатила. Во дворот на хотелот има скара, која можете да ја користите сами (по ваша желба). Прекрасен поглед, планински воздух, надворешен базен, услови за одмор на мирна и безбедна локација, одлични услови за бизнис во Скопје Македонија.

Локацијата на хотелот е во централниот дел на градот. Се наоѓа на еден од врвовите на планината Водно. Врвот на планината се извишува над самиот град, а хотелот се наоѓа на него како замок со прекрасен поглед на целиот град и Скопската котлина. Од другата страна, на запад има поглед на Водно, убава шума и планината Попова Шапка. Од исток првите сончеви зраци го затоплуваат хотелот. Секое место на хотелот е осветлено со светлината од прекрасното македонско пурпурно сонце, и секоја соба на хотелот е вистинска атракција.

Во хотелот СОНЦЕ ќе се чувствувате како дел од природата, како дел од феноменот каде што природата ја прави врската меѓу сонцето, водата и човекот. Воедно оваа географска положба на хотелот беше инспирација за неговото име - СОНЦЕ.

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.hotelsonce.com.mk

fb Instagram

 

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.domzastariruski.mk

fb Instagram

ХОЛИСТИЧКИ ПРИСТАП

Резиденција Дабески’’ е центар со холистички пристап за живеење и грижа на возрасни лица, чија основна дејност е сместување на возрасни лица, нудејќи им сеопфатна нега и соодветни услови за живот, основана во ноември, 2014 година

АКТИВНА ГРИЖА

Основна цел на Резиденција Дабески е постојана грижа, активно стареење и достоинствено и квалитетно живеење на возрасните лица. Од технички аспект, резиденцијата нуди луксузен екстериер и ентериер, максимално пристапен и приспособен за непречено функционирање и на корисници кои имаат физички потешкотии.

ИДЕАЛНА СРЕДИНА

Објектот е лоциран на само 8 км од центарот на Скопје, во Општина Сопиште. Уживањето во зеленилото, чистиот воздух и спокојството кое го нуди природата се дополнителни причини заради кои Резиденција Дабески е вистинскиот избор за Вашата старост

ОДДЕЛИ

Резиденција Дабески ја сочинуваат два оддели: Оддел за деменција и тешко болни корисници и оддел за активно стареење со постојана грижа и достоинствено и квалитетно живеење на возрасните лица.

 

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.dabeski.mk

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Хотел Идила-Терзиева е приватна установа за социјална заштита на стари лица, основана во 1998 година. Новиот објект е отворен во 2013 година и е лоциран на само 8 км од центарот на Скопје, во природно зелено опкружување и панорамски поглед кон градот, во кој корисниците можат да уживаат. Чистиот воздух и прекрасната градина, само ја надополнуваат оваа идила
Хотел Идила-Терзиева располага со 38 соби и 5 апартмани, сите се опремени со ТВ приемник и индивидуален тоалет со туш, СОС повикувач. Покрај современо опремените соби и апартмани, Хотел Идила-Терзиева располага и со заеднички простории распространети на приближно 200м2, вклучувајќи: комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка чајна кујна и камин, и дополнителни заеднички простории за разни друштвени игри.
Во склоп на главната зграда се наоѓаат и кујна, две канцеларии за сестри и негувателки и рецепција со приземен дел, каде посетителите ќе можат да разговараат со своите роднини и пријатели. Главната зграда е со површина од 1600 м2. Во склоп на комлексот, се наоѓа и дополнителна помала зграда, во која се сместени: перална, административни простории, фризерски салон, невладината организација Хуманост и простории за школа за лиценцирање на неговатли.

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Пон - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.idilaterzieva.mk

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Дом за нега на стари лица

Постоиме од 2012 година, пружаме медицинска и лична нега на стари и изнемоштени лица, персонал : доктор, медицински сестри, негователки, физиотерапевт, социјален работник
Капацитет од 45 легла, на 2 спрата е објектот со лифт, климатизиран, бесплатен паркинг.

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.elisaveta.com.mk

fb Instagram

Првиот лиценциран дом за згрижување и нега ,,Милица” има цел за помагање на сите стари и изнемоштени лица кои имаат потреба од нега и сместување во високостандардни услови.

Домот е поставен на околу 1000 м2 и се состои од 3 спрата и приземје.

На приземје се сместени административниот дел, аптека, 2 тоалета, перална,  главната кујната изработена според хасап стандардите и нормативите, каде се готват трите главни јадења и двете ужини за старите лица, мени подготвено во соработка со нутриционисти за згрижување на стари лица. Згрижените ќе имаат три главни оброци и две ужини.

На првиот спрат се сместени 7 двокреветни студија секоја со свој тоалет и телевизор. Заедничка трпезарија со телевизор.

На вториот спрат кој се нарекува како Вип спрат се сместени 2 големи апартмани. Во еден апартман има 3 соби, 1 големо купатило со туш-џакузи и радио, 1 тоалет, кујна, трпезарија, балкон со прекрасен поглед и дневна со телевизор.

На третиот спрат се сместени 8 соби, дневна со телевизор, трепезарија, балкон со прекрасен поглед, 2 големи купатила и 2 тоалета.

Домот ,,Милица” поседува лифт што е ретка можност во приватните домови за стари лица.
Исто така домот е целосно покриен со бежичен интернет ( wi-fi ).
Доколку заинтересираните за згрижување имаат домашно милениче домот ,,Милица” им нуди соодветен простор за нивно чување.
Нема да изостанат ни социјално-рекреативните активности,излети, кои ги планира и реализира социјален работник.Домот за згрижување и нега на стари лица ,,Милица” со својот персонал ќе се докаже во делот каде ќе владее 24 часовен надзор, нега, внимание и помош.
Целта на домот ,,Милица” е да ги задоволи сите потреби за добра нега и грижа кон старите лица. Поседуваме обучен и искусен тим од медицински сестри, негуватели, геренто-домаќинки, социјален работник, готвач, хигиеничари, стручен тим за рехабилитација како и лекар кој е достапен 24 часа.

Заштитен знак на домот е цвеќето лотус, што значи според египјаните сплотување и повторно раѓање, а според хиндуизмот убавина и вечност. Во будизмот лотосот е поврзан со чистота, духовно будење и верност. Цветот се смета за чистота бидејќи е во состојба да излезе од темните води во утринските часови и да биде совршено чист. Заедничко значење со египетската митологија на лотосот е повторното раѓање бидејќи кршењето на површината секое утро укажуваат на желба за тоа, а ова води кон тоа да биде поврзано со духовно просветлување и верност.

 

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.dommilica.com

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 00:00 - 24:00
Саб - Нед: 00:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Page 1 of 2
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org