MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Атомик е динамичен и современ теренски сервис за поправка на електро вилушкари кој нуди квалитетна и сигурна услуга во најкраток временски период.
Палетата на услуги кои ги нуди Атомик содржи сервис и премотување(винклување) на секаков вид на едносмерни и асинхрони електромототри и трансформатори.
Нудиме секаков вид на сервис и обновување на исправувачи за акомулаторски батерии.
Асортиманот на услуги на Атомик е проширен и со услуги од индустриската електроника.
Вршиме сервис и поправка на сите видови на електро виљушкари. Во зависност од состојбата на виљушкарот, вршиме мали корекции, поправки или целосен ремонт на електронскиот управувачки дел.
Дел од корекциите вклучуваат вградување на целосно нови елекронски управувачки блокови за регулирање на погонскиот, хидрауличниот и серво моторот.
Вршиме сервис на сите типови на вилушкари, било да се со транзисторска, тиристорска или регулација со склопки.
Располагаме со резервни делови за повеќе типови на електровиљушкари.
Вршиме поправка или ремонт на полначите за тракциони и стационарни акумулаторски батерии.
Нудиме и модернизација на постојните стари исправувачи, со вградување на примарна или секундарна регулација за автоматско полнење на акумулаторските батерии.
Со помош на ваквата регулација се овозможува максимално полнење на батериите а воедно и продолжување на векот за експлоатација на истите.
Произведуваме и уреди за следење и испитвање на акумулаторските батерии.
Премотување на статорските и роторските намотки кај едносмерни и асинхрони електромотори
Сервисирање и ремонт на едносмерни и асинхрони електромотори.
Премотување на трансформатори.
Производство на уреди за испитување на тракциони и стационарни акумулаторски батерии. Со овие уреди се испитува капацитетот на акомулаторските батерии. Со нив може да се врши циклусирање (регулирано празнење) на акумулаторските батерии.
Произведуваме уреди за следење на состојбата на наполнетост на акумулаторските батерии. Овие уреди служат и за поднапонска заштита на батериите (при достигнување до даден напон автоматско исклучување на батеријата), и заштита од препразнување на истите.
Произведуваме уреди за мерење и регулација на температура и влага.

Работно времe
Пон - Саб: 07:30 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.atomik.mk

fb Instagram

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org