MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Милко ХФ

Tuesday, 30 June 2020 06:26
Rate this item
(0 votes)

Милко ХФ од фамилијарна фарма стана успешен и профитабилен бизнис.Од само 56 грла крави во 1999 година, стигнува до фонд од 400 грла крупен добиток,од кои 165 се молзни грла.Како главна цел од нивното одгледување добиваме повеќе од 3000 литри млеко на ден,односно над 100 тони млеко на месечно ниво.
Во моментов располагаме со 3 штали од врзан систем во кои се сместени кравите, на вкупна површина од 2800м2 и магацински простор од околу 2500м2, а со цел да се задоволат амбициозните планови, во овој период се реализира нов проект со штала од одврзан систем на дополнителни 3000м2 со молзилиште од 280м2.
Всушност, краварската фарма Милко ХФ е една приказна со добар план на развој, менаџмент и посветеност во работата, од мал семеен бизнис станува еден од најголемите кооперанти и на најголемата млечна индустрија во Македонија, млекарницата „Бимилк“.

Работно време:

Работното време на фармата се одвива во тросменско т.е.

прва смена: 06:00 - 14:00
втора смена: 14:00 - 22:00
трета смена: 22:00 - 06:00 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Read 67 times Last modified on Wednesday, 05 August 2020 06:08
More in this category: « Кола
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org