MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Музеј на современа уметност

Friday, 12 June 2020 13:33
Rate this item
(1 Vote)

Музејот на современата уметност – Скопје е симбол на солидарноста, која како трајна вредност останува врежана во колективната меморија на македонската јавност.

МСУ – Skopje, е прв музеј на современата уметност на Балканот и е најкомпетентна установа, чија дејност е откривање, негување и ширење на високите културни вредности на денешницата. Целта на Музејот е континуирано продлабочување на врската помеѓу домашната и меѓународната уметничка сцена на нашето време. Својот препознатлив авторитет, МСУ го става во функција на презентирање, разбирање и уживање во уметноста.

Покрај драгоцената колекција, која дава репрезентативен увид во модерната и современата уметност, Музејот ќе продолжи со успешното спроведување на својата мисија - откривање и приближување на уметничките вредностите на сегашноста и иднината.МСУ ќе продолжи да биде современ Музеј, кој е отворен и достапен за сите почитувачи и љубители на уметноста. Истовремено препознатлив како место за дружење и разговори, за средби со поводи и без поводи. Тој ќе комуницира соодветно со средината, поттикнувајќи љубопитност кон уметноста, за посетата на Музејот да стане дел од сечие секојдневие.

Тоа секому ќе му овозможи да излезе од сопствените рамки и да се приклучи во глобалните случувања на културата и уметноста.МСУ и понатаму ќе претставува „градско место за средба“ – влезната порта во културниот живот на градот, која ги внесува посетителите во современите уметнички збиднувања, на национално и меѓународно ниво.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

e-mail: 
web

fb Instagram

Read 68 times Last modified on Monday, 15 June 2020 10:28
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org