MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Д-р Органџиски

Среда, 03 Јуни 2020 13:43
Rate this item
(1 Vote)

ПЗУ Др "Органџиски“ е првата приватна акушеро-гинеколошка ординација во Р. Македонија. Основана е на црковниот празник Мала Богородица, 21-ви септември 1992 година. Се наоѓа во центарот на градот Штип, кој е географски и административен центар во источна Македонија. На сите влезови од градот има патокази кон ординацијата.
Основач и сопственик на поликлиниката е прим. д-р Ванчо Органџиски. Тој е првиот приватен гинеколог во Македонија, основач на Здружението на приватни гинеколози на Македонија и организатор на редица седници за едукација и доедукација на акушеро-гинеколозите во Р. Македонија.

Во текот на овие 25 години д-р Органџиски преку своите познавања, професионализам и упорна работа, стана препознатлив и познат не само во Македонија, туку и во странство. Неговото богато искуство и знаење се темел за надградување и на неговите наследници: д-р Снежана Органџиска - Мајсторова, д-р Верица Органџиска и д-р Стојан Органџиски.
Во ПЗУ „Д-р Органџиски” се извршуваат сите дијагностички и терапевтски дејности во доменот на доболничката помош.

Во текот на нашето постоење, целосно сме посветени на проблемите со зачнувањето, при што го достигнавме врвот во областа на стерилететот со отворањето на одделот за ин витро оплодување. Ин витро лабораторијата е суштинскиот дел од биомедицинско потпомогнатото оплодување. Вашето идно бебе ќе ги помине своите први денови во грижливите раце на нашите ембриoлози.

Комплетно следење на бременост на 5D ултразвук од зачнување до породување, лекување ранички на грлото на матката со хирушки CO2 ласер, хистероскопија.

Зад ПЗУ „Д-р Органџиски“ стојат 25 години огромно искуство, упорна работа и безброј успешни и забележливи резултати.

Работно време:
Пон - Пет: 07:30 - 19:00
Сабота: 07:30 - 12:00

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
webwww.organdziski.com

fb Instagram

Read 56 times Last modified on Петок, 12 Јуни 2020 13:16
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org