MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

РЖ Техничка контрола

Среда, 03 Јуни 2020 13:34
Rate this item
(1 Vote)

За основањето...
РЖ Техничка контрола е основана во 1965 година, како дел од Рудници и Железарница "Скопје", како Централна лабораторија за хемиски и механички испитувања во областа на металургијата. Основната активност на РЖ Техничка контрола уште од почетоците била утврдување на квалитетот на металуршкото производство на челик.

Денес
Од 1997 година, РЖ Техничка контрола постои како акционерско друштво. Се состои од неколку лаборатории: лабораторија за металуршки испитувања, лабораторија за испитувања без разрушување и лабораторија за хемиска анализа.

Визија и мисија
Визија: Визијата на РЖ Техничка контрола е да стане позната лабораторија за хемиска, металуршка и механичка анализа и анализа без разрушување на метали, метални делови и конструкции.

Мисија: Мисијата на РЖ Техничка контрола е да влијае на квалитетот на металуршките производи и на безбедноста на металните конструкции вградени во овие производи со прецизна и навремена анализа.

Кадар
Во РЖ Техничка контрола вработени се 89 луѓе меѓу кои 19 инженери од областа на металургијата, технологијата, хемијата, физиката, машинството, електротехниката итн.

Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
web: www.rztk.com.mk

fb Instagram

Read 57 times Last modified on Понеделник, 15 Јуни 2020 07:26
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org