MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ТИНГ-ИНОКС

Monday, 27 July 2020 12:44
Rate this item
(1 Vote)

 

Компанијата ТИНГ-ИНОКС ДООЕЛ е лоцирана во Кочани, формирана е во 1990 година под името ТРГОИНЖЕНЕРИНГ за после 8 години од своето постоење да биде преименувана во нејзиното сегашно име ТИНГ-ИНОКС ДООЕЛ.
Нејзините почетоци се проектирање и инсталирање на термотехнички инсталации, санации на котлари, водоснабдување, челични конструкции и трговија со инсталациони материјали. Започнувањето е со 4-ица вработени кои со несебични залагања вршеја повеќе функции и ги поставија темелите на фирмата со инженерско работење, монтажерско и производствена дејност. ТИНГ-ИНОКС Дооел е една од првите фирми во РМ за производство на опрема за прехрана, земјоделие, хемија… со што допринесува во развојот на целокупната економија преку потенцирање на домашниот пазар (домашно произведена опрема а не увозна зависност).

Одличната работа и посветеноста на вработените денеска ја претвори оваа компанија во едно успешно средно претпријатие кое има широк спектар на производи и околу 100 вработени. ТИНГ-ИНОКС Дооел е меѓу првите формирани заштитни друштва во кое работат и опстојуваат, веќе 29 години, лица со посебни потреби за кои фирмата води особена грижа во поглед на нивна социјализација и еманципација. Тинг-Инокс Дооел денес успешно ги задоволува потребите на пазарот во Македонија и надвор повеќе од 29години.Претставува компанија за проектирање, изработка, инсталација и монтажа, специјализирана е за производство на Процесна Опрема во сегментите на Млечната индустрија, Кондиторската, Винарство, Фармација и Хемија, Изработка на производи со висока прецизност и други производи согласно барањата на клиентите.

Посветеноста во развивање на стратешки ориентирани решенија и достигнување на одлични резултати во сите сфери на делување овозможува задоволување на потребите и очекувањата на клиентите и крајните потрошувачи. Постојано водиме грижа се што создаваме секогаш да биде дополнителен бенефит за нашите клиенти. На тој начин градиме партнерски релации кои им овозможуваат на нашите клиенти висококвалитетнии услуги и производи како и зголемена профитабилност. Нејзиниот сензационален раст не е случајност, туку резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.

Работно време:

Пон -Саб: 08:00 - 16:00
Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.ting.com.mk

fb Instagram

Read 106 times Last modified on Thursday, 13 August 2020 10:49
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org