MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица

Monday, 20 July 2020 11:00
Rate this item
(0 votes)

 

Институцијата основана на 20.10.1946 година од страна на Општина Струмица.
Советот на општина Струмица на 30.01.2004 со Одлука по потпишување на договор со Владата на РМ ги презема оснивачките права на Домот за деца и млади.
Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, како општинска установа за култура врши дејност од посебен опшествен интерес и придонесува за развојот на културата и образованието , со достапност за сите деца и млади.
Во Домот децата и младите членуваат во повеќе секции за кои покажуваат интерес како :  рецитаторска, литературна,ликовна, драмска  и ритмичка . А своите стекнати знаења и умеења,и творечките способности децата и младите ги применуваат преку разни форми на манифестации како ликовни и литературни конкурси, културно- уметнички програми , литературни читања, рецитали ,едукативни работилници од областа на литературната и ликовната дејност, ликовни изложби и хепенинзи,  драмски престави и сл.
Самата работа на Домот за деца и млади е организира преку следните сектори : Сектор за литературно и драмско творештво, Сектор за    културно уметнички и опшествен живот, ликовно творештво,музика и фолклор и Сектор за општи служби и организациско-административно одделение.
Во воспитно образовниот процес се вклучуваат и надворешни соработници, од кои голем број се вклучуваат волонтерски. Соработуваме со сите организации и асоцијации што работат со децa.
Во домот децата и младите се ангажираат во нивното слободно време на групни занимања, како и индивидуални активности за кои покажуваат интерес, како и грижа за докажување.Со разни форми на работа се овозможува средба на децата за забава, игра и слично при што се води грижа при концептирањето на содржината за работа, а се тргнува од идејните позиции на нашето опшество потпирајќи се на културно научна и хумана основа.
Се организираат и учествуваат на културни манифестации и детски средби со цел да им се овозможи на децата не само да ги покажуваат своите знаења од областа на културно забавниот и научен живот туку и ширење на другарството меѓу најмладите на нашето опшество, чувство на хуманост, пријателство, солидарност и почитување на културните вредности на својот народ.
Со организиран однос придонесуваме за севкупен развој на детската личност, среќно детство и подготовка на децата и младите за креативен живот и работна активност во иднина.

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: работното време за време на
викенд е само ако има потреба на Домот за деца и млади

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.domzadecaimladi.mk

fb Instagram

Read 128 times Last modified on Friday, 31 July 2020 09:47
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org