MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

БРИМА ДОО

Tuesday, 14 July 2020 13:35
Rate this item
(1 Vote)

 
БРИМА е независна, приватна агенција за испитување на јавното мислење, медиумите и пазарот, основана 1992 година. Член на Taylor Nelson Sofres од 1999 и член на Gallup International Association од 2002 год.
БРИМА има потврдени записи за професионално извршени и истражувачки услуги во областа на испитување на јавното мислење, медиумските и маркетиншки истражувања. Kako Членка на ESOMAR агенцијата има формирано тим од искусни анкетари, кои што во нивната работа ги следат и запазуваат проефесионален код за однесување на оваа меѓународна асоцијација на истражувачки и маркетинг агенции (ICC/ESOMAR International Code of Marketing and Social Research Practice) до Стандардот за Квалитет на Gallup International Association.

Агенцијата располага со мрежа од преку 180 анкетари и супервизори (македонци и албанци) во сите 8 региони во Македонија добро обучени за спроведување анкети лице-в-лице, телефонски анкети со примена на PAPI, CAPI, TAPI и CATI метод.
БРИМА поседува сопствена аудио и визуелна опрема и соодветен простор за спроведување на квалитативни истражувања како фокусни групи, BTT, BPT, in-depth интервјуа и др., како и модератори за спроведување на дискусиите/интервјуата на македонски и/или албански јазик.

Од нејзиното основање  агенцијата има направено преку 980 истражувања на јавното мислење на na социолошки и политички теми, медиуми и истражување на пазарот како и бројни проекти за фокусни групи и продлабочени . Голем дел од истражувањата се одвиваат континуирано повеќе години по неколку бранови годишно како на пример за IRI, NDI, EU, TNS, Gallup International, Deutsche Telekom, Heineken. како и Аd-hoc истражувања за други домашни и меѓународни иституции, политички партии, медиуми, локални власти, разни бизнис компании, невладини организации и други заинтересирани страни.
 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работи
e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 
fb Instagram
 
Read 127 times Last modified on Friday, 17 July 2020 10:13
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org