Print this page

Хидробиолошки завод - Охрид

Sunday, 12 July 2020 19:55
Rate this item
(1 Vote)

 

Хидробиолошкиот Институт, основан во 1935 година е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес која ги покрива истражуваните субјекти на лимнологијата, како природните езера (главно) така и вештачките езера и реките. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро - најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.

Поспецифичните полиња на истражувања во Институтот се организирани во следните одделенија: физичко-хемиско, микробиолошко, фитопланктон (алги и примарна продукција), зоопланктон, макрозообентос, макрофитска вегетација, ципринидни риби, применето рибарство и аквакултура, паразитологија на риби, еко-токсокологија и молекуларна биологија. Уште од самото негово формирање Институтот располага и со мрестилиштето за пастрмски видови со капацитет од 20 милиони зрна икра, младици или подмладок на ендемските видови пастрмки од Охридското Езеро.
Во последните пет години Институтот беше опремен со високо софистицирана теренска и лабораториска опрема за потребите на истражување и Програмата за мониторинг на Охридското и Преспанското Езеро (двете најголеми езера во Р. Македонија), како и за изведување лимнолошки истражувања на други природни и вештачки езера. 2
Моментно покрај високо софистицираната лабораториска опрема, Институтот е опремен и со брод за теренска работа на Охридското Езеро (11.5 м.), опремен со кран и чекрк, радар и ехо-сондер со ГПС, профајлер (темепература, пХ, спроводливост, О2), ПАР (фото активна радијација), опрема за семплирање седименти, опрема за семплирање проби на води, планктонски мрежи итн.
34Во текот на долгогодишните истражувања на Охридското Езеро повеќе од 800 трудови се публицирани и презентирани. Традиционално, истражувањата на Хидробиолошкиот Институт биле фокусирани на фундаменталната хидробиологија. Ова ги вклучува некои нутриенти, температура (струења и миксија), проѕирноста на водата, примарна продукција, хлорофил, флора и фауна, ендемизам, специјација, а во последните три децении следењето на состојбата со загадувањето и еутрофикацијата на езерото е една од истражувачките активности.

Работно време:

Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.hio.edu.mk

fb   Instagram

Read 180 times Last modified on Sunday, 12 July 2020 20:02